P
Princ
Гостин
Прилогов го прочитав на сајтот на А1 а и го видов на вестите.
----------
Ѓорѓиевска Јулијана има атрофија на мозокот. Последните 4 години таа е врзана за креветот. Првите симптоми на болеста се јавиле на новогодишната ноќ пред 12 години, кога Јулијана добила епилептичен напад.
Оттогаш болеста напредува, сега таа на 37 години не може да се движи ниту да зборува.
Во куќата од 30 метри квадратни во скопската населба Кисела Јабука за неа сама се грижи нејзината мајка Виолета.
„Сама се грижам за неа, сама за леб, сама за лекарства, сама за матичен доктор. Гледа на телевизија Коледе ќе се прави, Нова година, празници се ближат, и само си кажува, мамо празници се ближат. Кај мене никој не сака да дојде да ме види“, изјави, Виолета, мајка на Јулија.
На температури под нулата греење имаат доколку соседите им донесат дрва. Целата пензија од 10 илјади денари ја трошат за лекови пелени и превоз за до лекар. Виолета сама ја крева својата ќерка.
Како последица на тоа има здравствени проблеми. Треба веднаш да оди на операција но на тоа не се осмелува бидејќи нема каде да ја остави Јулијана.
„Кој ќе се нафати со ваква дијагноза да чува дете. Јас сум родител па многу ми е страв кога ќе дојдат тие моменти, верувајте“, вели Виолета.
Јулијана не прима помош за туѓа нега. Побарале и инвалидска пензија но веќе една година чекаат одговор од комисијата.
На божиќ во нивниот дом владее тага и надеж дека еден ден празничната среќа ке дојде и во нивното семејство.
----------
Ова мислам дека е од ужасно поужасно. 37 годишна жена е дојдена на таа мака. Во овој случај и сите останати слични случаеви државата е онаа која треба да помогне со основните работи, но ете, како и во се друго и тука попуштила. Ама затоа ние сме овде, нели?
Сакам да ве замолам да и помогнеме како што можеме и колку што можеме на Јулијана. Според она што го видов во прилогот, имајќи ја во предвид нејзината здравствена состојба и околностите во кои живее, знаејќи дека и требаат дрва, лекови, пелени... дојдов до идеја да собереме некоја пара па да и ги однесеме. За таа цел спремен сум уште утре да отворам посебна жиро сметка во банка специјално за оваа намена па да почнеме да префрламе кој колку што може, и 100 денари се доволно.
Се надевам овој мој повик ќе допре до сите вас и ќе придонесете барем трошка да и го олесниме животот на Јулијана.
Се согласувате со мене, можам да сметам на вас?