Ctrl + V

  • Креатор на темата Креатор на темата \m/arko
  • Време на започнување Време на започнување
552218_508879772456341_1517396110_n.jpg
 
Еден од најпознатите актери во Македонија, Владимир Ангеловски – Дади почина на 66-годишна возраст.

dadi.jpg


По кратко боледување, популарниот актер почина денеска во Скопје.
Тој е роден на 22 мај 1946 година во Скопје. Неговиот постар брат Коле Ангеловски е познат режисер со кој Дади има соработувано многупати.

Владимир Ангеловски Дади има бројни улоги во најзначајните македонски филмови, серии и детски емисии, а нема кој не го почитуваше и сакаше.

Неговиот придонес во македонската сцена ќе остане запаметен засекогаш, а тој и понатаму ќе живее преку остварените улоги.

Во неговата матична куќа, Драмскиот театар, утре ќе се одржи комеморација во 10:30 часот, а погребот ќе биде извршен на градските гробишта Бутел во 12 часот.


Почивај во рајот! За мене ќе бидеш запамтен за твоите прекрасни детски емисии и ќе останеш запаметен засекогаш!



Кајгана
http://kajgana.com/pochina-akterot-dadi-angelovski
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom