Ctrl + v (paste)

G

GoddessOfRock

Гостин

Првата светска војна, режимот на Кралството на СХС, српската окупација, бугарската окупација, Втората светска војна... Разнебитувањето на македонскиот дух продолжува, но исто така се конституира и свеста за спецификите на (славо)македонскиот ентитет, што се рефлектира врз сè поорганизираното движење за национално, државно, јазично и културно (книжевно) осамостојување на Македонците.
Во првата половина на ХХ век продолжува практиката на дводомно и двојазично, па и тројазично авторство (Никола Јонков Вапцаров, 1909-1942, Стојан Христов, 1897-1995, А. Попов, 1915-1942, А. Крстиќ, 1871-1952, Кочо Рацин). Во овој период се изделува една група автори кои се препознаваат како „поети на Илинден“: Атанас Раздолов (1872-1931), Лазар Поп Трајков (1878-1903), Никола Киров Мајски (1880-1962) и поетите кои го обележуваат „периодот меѓу двете војни“ (Коле Неделковски (1912-1941), Венко Марковски (1915-1988), Антон Попов, Михаил Сматракалев, Мите Богоевски (1919-1942) и Ацо Караманов (1927-1944). До 1945 се профилираат три културни и книжевни контексти кои се рефлектираат врз поетското творештво: илинденскиот контекст, периодот меѓу двете светски војни и контекстот на самата Втора светска војна. Со творештвото на Венко Марковски и Кочо Рацин се прави радикален пресврт кон македонската современа книжевност. Рацин се смета за нејзин основоположник, иако неговиот опус е заокружен до 1943 год. Низ премрежјата на духовната схизма поминува и Рацин. Потребата да кореспондира со македонската орална традиција како со свој автентичен извор, недостатокот од (официјално) кодифициран македонски идиом, доминацијата на српската култура и револуционерното комунистичко и социјално движење оставаат траги врз неговата поезија и поетскиот корпус на новосоздадената Република Македонија во рамки на југословенската федерација. Индикативно е сознанието дека во македонската книжевност циклично се обновува интенцијата кон „фолклоризација“ (Г. Старделов), како порив да се биде во дослух со исконот, со архаичната традиција и со колективната меморија. Во македонската поезија на ХХ век е неспорно присуството на оралната и митската матрица (интертекст), структурирана врз различни стилистичко-поетички стратегии, зависно од културните и поетските конвенции. Потоа доаѓаат нови времиња на стабилизирање на националниот и јазичниот кодекс на македонскиот народ. Тоа позитивно се одразува врз конституирањето и подемот на македонската современа поезија.
 
Член од
17 јуни 2009
Мислења
84
Поени од реакции
3
Орбитите на сите планети се елипси со Сонцето во едниот од фокусите. Кај сите планети елипсите речиси се кружници, освен Меркур и Плутон кои имаат многу издолжени елипси. Кога би погледнале од над северниот пол на Сонцето, планетите орбитираат во насока обратна од движењето на часовникот. Планетите орбитираат речиси на иста рамнина наречена еклиптика, рамнина дефинирана од орбитата на Земјата. Еклиптиката е наклоната за околу 7 степени од рамнината на Сончевиот екватор. Плутон единствено е исклучок. Рамнината на која што тој орбитита е наведена 18 степени во однос на еклиптиката. Заради тоа, во дел од својата орбита Плутон е поблизу до Сонцето од Нептун.


Наклонетоста на оските на сите планети во однос на рамнината на која орбитираат околу Сонцето.

Оската на ротација кај повеќето планети е речиси нормална на еклиптиката, но исклучоци се Уран и Плутон, чии оски се речиси паралелни со еклиптиката. Затоа кога се движат околу Сонцето изгледаат дека се тркалаат како буриња. Според конвенцијата пропишана од Меѓународната Астрономска Унија, северниот пол на планетата лежи над еклиптиката. Според тоа, Венера, Уран и Плутон имаат ретроградна ротација, односно ротација спротивна од онаа на другите планети.


Однос на големините на планетите.

За да ја добиеме вистинската слика на димензионалниот изглед на Соцето и планетите ќе ја направиме следната аналогија (вистинските димензии ќе ги поделиме со милијарда): така, Сонцето би било топка со дијаметар од 1,5m, а Земјата со пречник од 1,3cm и би орбитирала околу Сонцето на растојание од 150m. Месечината би била на 30тина сантиметри од Земјата, а Јупитер со своите 15cm би орбитирал на 780m од Сонцето. Сатурн, со големина на портокал, би орбитирал на двојно поголемо растојание, односно на 1,5km, а Уран и Нептун (со големина на лимони) на 3, односно 4,5 киломери. Во оваа аналогија човекот би бил со големина на атом, а најблиската ѕвезда, Проксима Кентаур, би била оддалечена 40000km.

Според составот:

Планети од Земјин тип (или карпести планети): Меркур, Венера, Земја и Марс. Наречени се така бидејќи имаат цврста, карпеста површина како и Земјата. Сите тие, освен Меркур, имаат значителна атмосфера.
Планети од Јупитеров тип (или гасни џинови): Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун. Гасните планети воглавно се составени од водород и хелиум и имаат мала густина, брза ротација, дебела атмосфера, прстени и многу сателити. Иако се наречени гасни планети, имаат мало цврсто јадро.
Плутон, кој не спаѓа во ниту една од двете категории.
Според големината:

Мали планети: Меркур, Венера, Земја, Марс и Плутон. Овие планети имаат дијаметар помал од 13000 km.
Џиновски планети: Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун. Сите тие имаат дијаметри поголеми од 48000 km.
Според оддалеченоста од Сонцето:


Однос на орбитите на блиските планети плус Јупитер и Сатурн.

Блиски планети: Меркур, Венера, Земја и Марс.
Далечни планети: Јупитер, Сатурн, Уран, Нептун и Плутон. Границата помеѓу овие два дела е астероидниот појас помеѓу Марс и Јупитер.
Според позицијата во однос на Земјата:

Внатрешни планети: Меркур и Венера. Тие се наоѓаат поблизу до Сонцето отколку Земјата. Потади тоа, гледани од Земјата пројавуваат мени, исто како и Месечината.
Надворешни планети: Марс, Јупитер, Сатурн, Уран, Нептун, Плутон.
Земја (не спаѓа во ниту една категорија бидејќи таа ја претставува границата).

Според историјата:

Класични планети: Меркур, Венера, Марс, Јупитер и Сатурн. Тоа се планетите кои биле познати уште од праисториското време бидејќи се видливи со голо око.
Современи планети: Уран, Непрун и Плутон. Сите тие се откриени по пронаоѓањето на телескопот бидејќи се невидливи со голо око (Уран може да се забележи со голо око, но само при добри услови и ако претходно се знае неговата точна позиција).


:pos2: :pos2:
ова е нешто шо сум печатела географија :pos2:
 
Член од
6 јули 2009
Мислења
491
Поени од реакции
16
Ljubov moja neostvarena,
nivo moja neorana,
te ljubam strasno strasno
sakam da te kolvam krasno,
ako nekjes milom ondak silom
ali moram da ti ga uguram do kraja
da osetis sto su jaja.
:toe:
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
Придружи се во хуманата акција и прати порака на ретардирано другарче, како што јас ти пратив тебе! =] ♥
:pos::pos:
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384
you have failed to receive file "b-fm1010.r00" from GORAN
 

Kajgana Shop

На врв Bottom