Cryptocurrency е новата кул работа во светот.

Член од
28 мај 2010
Мислења
2
Поени од реакции
0
Последните 2 месеци беа луди за crypto-currencies бидејќи некои од нив ја зголемија својата вредноста и до 10 пати. Тоа е причината зошто решив да купам мала сума на Bitcoins ѕа 30 долари и да ги инвестира во нешто што не е толку безбедно, но е доста профитабилно. Тука го најдов и ги ставив моите биткоини да работат. До сега има само една недела поминато а си вратив 21 долар што е скоро 70%. Се што ке земам повекје е чисти Пробајте го и вие ако сте храбри.

Поздрав.
 
Член од
27 март 2009
Мислења
10
Поени од реакции
3
Можда звучи како да се правам многу паметен ама еве што мислам.

Се додека не ти легнат парите на сметка, немаш никаков реален профит брат. Се ти е тоа само на хартија.
Јас лично не би му дај на некој друг да си игра со моите BTC, па макар да била таа некоја берза или mining pool. Се случува да ги хакнат и да ти одат парите, или пак воопшто да не е реална берзата. На линкот што го гледам, пишува дека тој mining pool е основан у 2017 шо не ми дава многу доверба во него.
Плус викаат 7% interest daily - forever.
Тоа ми изгледа сомнително.

Според мене лично најпаметно е да си купиш BTC, да си го ставиш на приватна адреса и да заборавиш на него. Па после некое време продај си го ако ти обезбедил доволен профит.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.618
Поени од реакции
10.876
Ако си храбар, ќе работиш и ќе створиш бизнис.
На пример.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Последните 2 месеци беа луди за crypto-currencies бидејќи некои од нив ја зголемија својата вредноста и до 10 пати. Тоа е причината зошто решив да купам мала сума на Bitcoins ѕа 30 долари и да ги инвестира во нешто што не е толку безбедно, но е доста профитабилно. Тука го најдов и ги ставив моите биткоини да работат. До сега има само една недела поминато а си вратив 21 долар што е скоро 70%. Се што ке земам повекје е чисти Пробајте го и вие ако сте храбри.

Поздрав.
Кул да, ама нова не баш. Има потенцијал ама јас не би инвестирал во нешто што не го разбирам. Денес може да е 300 долари утре 0, ако си спремен на таков ризик тогаш ок.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
25
Поени од реакции
6
Ако си храбар, ќе работиш и ќе створиш бизнис.
На пример.
Хахах, во државава треба да работиш 30-40 години поштено за да можеш бизнис да створиш.
Со среќа.
 
Член од
27 март 2009
Мислења
10
Поени од реакции
3
Кул да, ама нова не баш. Има потенцијал ама јас не би инвестирал во нешто што не го разбирам. Денес може да е 300 долари утре 0, ако си спремен на таков ризик тогаш ок.
Не може одма на 0 да падне, не е тоа кладилница. За Bitcoin да падне од $3000 на $0, треба да помине време и нешто катастрофално да се случи. Од $3000 да падне до $500, не би рекол не.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Не може одма на 0 да падне, не е тоа кладилница. За Bitcoin да падне од $3000 на $0, треба да помине време и нешто катастрофално да се случи. Од $3000 да падне до $500, не би рекол не.
Па се деси такво нешто 2013 ако не се лажам. Повеќе ми беше муабетот дека луѓево се затрчуваат за некои работи, а не ги разбираат.

Реално мислам дека биткоинот е ок инвестиција ако имаш екстра кеш. Проблемот е што тешко е да се одреди интристичната вредност, а воедно треба уште време и неколку големи инвеститори за да се стабилизира.

Друга работа е што ако нешто брзо се качува може и брзо да падне. Така да ако рипнала цената од 1000 на 2000 долари за два месеци исто толку брзо може и да падне.

Во идеален случај сакаш предвидлива инвестиција со стабилен раст, а не меур кој може да пукне пошто брзо се надул.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Ризокот во уложување во битокоин, е осетно помал од уложување во скоро било кој друг бизнис. Кој седнал да размисли и израчуна добро ќе разбере што зборам, кој не ќе се теши дека не се исплати, и ќе се жали како работи за 200 евра.
 
Последно уредено:
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
http://www.slobodenpecat.mk/drustvo/nbrm-vlozhuvaneto-vo-virtuelni-valuti-e-nedozvoleno/
НБРМ: Вложувањето во виртуелни валути е недозволено
Како реакција за бесплатниот онлајн курс за биткоин, НБРМ известува дека вложувањето во вакви валути е незаконско.
– Народната банка укажува дека според важечката регулатива во Република Македонија вложувањето од страна на правните и физичките лица резиденти на РМ во виртуелни или крипто валути не е дозволено, исто како што не е дозволено ниту отворање сметки и купување хартии од вредност и деривативни финансиски инструменти во странство, освен при пропишани исклучоци, се вели во соопштението од НБРМ.
 
B

Bafra

Гостин
Виртуелните валути се рачунаат и како еден вид на вадење пари надвор од државата а во многу случаеви и избегнување на данок. А кога се работи за данок државите тоа најмногу ги интересира.

Затоа внимателно, светот иде кон виртуелни/елеткронски пари но се додека не се договорат на глобално ниво која ќе биде официјална и како ќе се оданочува народот, има големи шанси власта да ви ги заплени досегашните валути а и да бидете казнети. Значи инвестирајте ама памет во глава :D

Јас повеќе би бил за етереум па ако има некој позапознаен со тоа нека сподели.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
Ќе биде интересно ако вака на хартија добиеш и 3000 за твоите 30 ама да не можеш да си ги повлечеш односно да ти ги земат во банка затоа што ти се од нелегална трговија со биткоити. Башка на ова и да одговараш по сила на закон... Не си играјте со ова ако сте во Македонија... ако си странство со среќа...
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.926
Поени од реакции
7.855
Ќе биде интересно ако вака на хартија добиеш и 3000 за твоите 30 ама да не можеш да си ги повлечеш односно да ти ги земат во банка затоа што ти се од нелегална трговија со биткоити. Башка на ова и да одговараш по сила на закон... Не си играјте со ова ако сте во Македонија... ако си странство со среќа...
јас не би се мислел како ќе ги извади тие 3000, за тоа се наоѓа решение, овде поголем проблем гледам што оваа шема што е преставена нема да издржи долго, каде бе го има тоа 7% дневно, чиста превара.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
јас не би се мислел како ќе ги извади тие 3000, за тоа се наоѓа решение, овде поголем проблем гледам што оваа шема што е преставена нема да издржи долго, каде бе го има тоа 7% дневно, чиста превара.
знам, тоа е друг муабет, јас зборував за чисто законски мерки, колку и да е легален сајтот и да можи да ти префрли пари интересното е да ги имаш да државата да ти ги земи оти ти се од нелегална компјутерска трговија заработени
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.618
Поени од реакции
10.876
Хахах, во државава треба да работиш 30-40 години поштено за да можеш бизнис да створиш.
Со среќа.
Не си се ни обидел а одма се откажуваш.
Ќе пораснеш ќе научиш, не ти замерувам.
Со ум.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.220
Поени од реакции
35.824
ItemID=9F3AB7AEDBFD6F4085AE5066528F9B29

Побитните работи се болдирани, да знае тој што купува крипто валута во што се впушта.

Скопје, 31.05.2017 година

СООПШТЕНИЕ НА НБРМ

во врска со тргувањето со дигиталните валути


Народната банка на Република Македонија неколку пати досега ѝ укажа на јавноста да биде внимателна во однос на понудите кои доаѓаат преку електронските медиуми за купување и тргување со дигиталните (крипто) валути. Директен повод за денешното соопштение на Народната банка е објавата за бесплатен онлајн курс за биткоин и начинот на тргување со оваа дигитална (крипто) валута. Во оваа прилика, Народната банка укажува дека според важечката регулатива во Република Македонија вложувањето од страна на правните и физичките лица резиденти на РМ во виртуелни или крипто валути не е дозволено, исто како што не е дозволено ниту отворање сметки и купување хартии од вредност и деривативни финансиски инструменти во странство, освен при пропишани исклучоци.

Дигиталните валути земаат сѐ поширок замав во светски рамки и интересот за нив сѐ повеќе расте, водено од високите и растечки приноси, без да се има јасна слика што значат точно вложувањата во крипто валутите и кои се ризиците коишто ги носат тие. Некои дигитални валути имаат елементи на пирамидални шеми, како што е случајот со Уанкоин (OneCoin), при што во неколку земји од Европа беа објавени предупредувања или беа започнати истраги во однос на вложувањата во Уанкоин. Од друга страна, некои криптовалути, како на пример биткоинот, се прифатени и се во примена во одредени земји.

Со ова соопштение, Народната банка повторно укажува на ризиците кои произлегуваат од ваквите вложувања, бидејќи средството кое овозможува многу високи приноси, вообичаено носи и големи ризици за загуба. Поради рапидното зголемување на интересот за инвестирање во виртуелните (крипто) валути, нивната цена многу брзо расте, а финансиско средство чија вредност многу брзо се зголемува станува шпекулативно, односно меур кој порано или подоцна ќе пукне. Според информациите од интернет, на почетокот на 2010 година цената на еден биткоин изнесувала 0,003 долари, додека денес цената изнесува преку 2.500 долари за еден биткоин. Или само за неколку месеци од 2017 година, цената на еден биткоин се зголемила за близу 300%. Вредноста на крипто валутите се менува главно врз основа на побарувачката за нив, така што и пазарот за нив е нестабилен. Доколку опадне популарноста на крипто валутата, соодветно ќе се намали и нејзината вредност.

Постојат и други ризици во трансакциите поврзани со купувањето, чувањето и разменувањето на крипто валутите, на кои Народната банка веќе посочи пред десетина месеци, преку соопштение до јавноста. Тргувањето со дигиталните валути се врши преку платформи кои најчесто не се регулирани и чиишто правила за работење се предмет на чести измени, па дури и запирање со работа без најава ниту објаснување. Не постои никаква правна заштита за средствата кои се вложени преку овие софтверски платформи, ниту пак постои механизам за обесштетување на клиентите, како што е тоа случај со депозитите вложени во банка која има дозвола за основање и работење издадена од гувернерот на Народната банка. Купените крипто валути се чуваат на виртуелна сметка или т.н. дигитален паричник, кој е и најчеста мета на хакерските напади, што може да предизвика директна загуба за вложувачите. Учесниците во трансакциите со виртуeлните валути најчесто се анонимни и самите трансакции не може да се следат, што вообичаено создава сомнеж дека трансакциите може да бидат поврзани со криминални активности, перење пари, финансирање тероризам итн. Доколку се појават вакви сомневања, надлежните органи според своите законски овластувања, можат да ја блокираат платформата и да ги замрзнат средствата, што покрај финансиската загуба, може да влијае и врз интегритетот на вложувачите.

Кабинет на гувернерот
 

Kajgana Shop

На врв Bottom