realen_07
Опозиционер
- Член од
- 12 април 2008
- Мислења
- 3.636
- Поени од реакции
- 134
Ти се правиш слеп при очи!
Тоа самото сведочи за тебе повеќе отколку моите зборови за тебе, кои само описно те потврдуваат. Ама јасно ни е дека мора да бидеш гласноговорникот на Бранко.
Тебе ти требаше цела вечер и ден за да изгуглаш и составиш нешто кое всушност не претставува твое мислење, туку е текст на гласноговорници “експерти“ кои се залагаа за смена на името пред Букурешт, аргументите нема потреба да ги коментирам..бидејќи ги нема.
А неможам да се дочекам на твоето толкување на секоја точка поодлено, за твоја несреќа имаме правници на форумов и луѓе кои работат во ООН.
Моето мислење околу предлогот, го напишав уште вчера, мислам дека некаде позади 15-та страна.
На тоа мое напишано мислење, ти ги приложи точките од предлогот, и се повика како релевантен фактор за да ги толкуваш.
Јас не сум релевантен фактор , па затоа пренесувам мислења од порелевантни фактори од мене.
Еве што МАНУ кажа за истиот тој предлог.
Предлогот во основа прифатлив
Претседателството на МАНУ, во проширен состав со поранешните претседатели на МАНУ, го поддржа последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц за името.
"Предлогот претставува прифатлива основа за постигнување согласност со Република Грција затоа што го поддржува уставното име на Република Македонија и ја афирмира македонската национална самобитност", се вели во соопштението на МАНУ. Академиците тврдат дека предлогот е компромис на македонската страна, но истовремено не ја преминува црвената линија.
"Прифаќањето на овој Предлог не налага промени на Уставот на Република Македонија за уставното име на државата и на македонскиот национален идентитет", смета МАНУ.
Според нив, важно е што е предвидено слободно и неексклузивно користење на атрибутот "македонски", во национална, етничка, јазична, културна и друга смисла. Новопредложеното меѓународно име "Република Македонија (Скопје)", за меѓународна службена употреба, не е негација на уставното име", тврдат академиците.
"Со прифаќање на ова меѓународно име, ќе се надмине апсурдноста на досегашната привремена референца (ПЈРМ). Отфрлањето на овој предлог може да има крајно негативни консеквенции за Македонија", велат тие. Во МАНУ се зажгрижени дека земјата нема да може да ја користи самостојно скратено име Македонија, но сугерираат македонија да ги предолжи преговиоте до Самитот на НАТО во Букурешт. "Надлежните органи треба што побрзо да ги усогласат ставовите на нашата преговарачка страна и со нив да го запознаат медијаторот на овие преговори", препорачуваат академиците
Ќе се сложи нели дека ставот и мислењето на академците од МАНУ, е барем за нијанса по релевантно од твоето толкување.