Serpico
Сковинистратор / I'm Batman
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 11.166
- Поени од реакции
- 691
Месец мај, месец на прославување на завршените циклуси (не такви циклуси, за тоа има посебен подфорум ). Завршено средно школо, завршен факултет. Муабетот може да го водиме во повеќе насоки, сите инспирирани од моментот на одлука кој треба да го донесеме при или на крајот на еден ваков циклус.
1. Завршено средно образование. По кои мерила го направивте изборот дали и како ќе го продолжите образовниот процес? Океј, изборот е факс (на пример). Дали имаме соодветно образование кое не подготвило за студирање? Дали сте ја имале среќата во процесот на средношколствување (ќе го патентирам зборов) да налетате на професор или некој човек од страна кој ќе ви помогне да ги пронајдете најдобрите опции за реализација на вашите желби и потенцијали? Дали самите сте се обиделе од себе да го извлечете или препознаете она што е најдобро? Дали при изборот на факлутет сте се воделе чисто по срце, или секогаш во предвид се земал и материјалниот момент, односно исплатливоста на вашата професија во иднина? Дали сте зажалиле за направениот избор?
2. Завршен факлутет. Задоволни? Од каде ќе почнете денот кога ќе излезете од факс за последен пат, со диплома во рака? Сте почнале со пракса уште пред дипломирањето? Ќе започнете свој сопствен бизнис? Сакате да работите за себе или за некој друг? Или сакате сиве одлуки да ги одложите на некоја година со запишување на магистериум?
Крстосници до кои секој доаѓа. Еден пат мора да се одбере. Кој е вистинскиот, за вас?