Црнилата од минатото ја укинаа веронауката

  • Креатор на темата Креатор на темата pravoveren
  • Време на започнување Време на започнување
велиш делење како математичка операција им е целосно непозната ?

за одземање више да не збориме ....непознат поим

:pos2::pos2: Не смеам понатаму повеќе да пишам за ова......да не му отварам работа на Маркус:vozbud:
 
Абе, пријателу, дали знаеш дека нашите православни македончиња во Австрија, Австралија... учат веронаука римо-католичка? занеш зошто, затоа што државата не организира поинаква настава, затоа што таму е доминантна римо-католичката вероисповед.

Не е точно. Во Австралија веронауката не е задолжителна, но сепак ја има во сите училишта, и изборот на конфесии е доста голем и вообичаено соодветен на составот на учениците. Мојот син учи православна веронаука, на англиски, учителката му е Гркинка. Нашите попови и владици се зафатени со адвокати и судови па немаат време да се занимаваат со деца.
 
Мојот син учи православна веронаука, на англиски, учителката му е Гркинка. Нашите попови и владици се зафатени со адвокати и судови па немаат време да се занимаваат со деца.
Тоа е тоа, дивиде ет импера, на секој можен начин да се уништи се на што стои македонско, македонски, македонска...
 
Кои клетви и смешки ме сопнаа на темава, тоа е чудо....да не помислиш воопшто дека може денес, во 2009, сеуште да постои brainfreeze од тој тип. Најлошиот. Религиски. Неверојатно е дека сеуште има луѓе кои мафтаат наоколу со коските на Исус и трозабецот на кутриот Ѓавол.

Доколку почитуваните попови се толку уверени дека младината е заинтересирана да истражува во областа веронаука, тогаш тие воопшто немаат потреба да буцкаат прачки за да се протестира во нивно име, као народот се бунел и ронел солзи по укинатите часеви. Штом сметаат дека толку многу сакаме да научиме, а проклетата држава ни го одзема тоа право во училиштата, слободно можат самите да си организираат настава, каде сакаат.
Добредојдени се да го направат тоа и од Уставот, и од народот, море и од ЕУУУуу.
Е има еден проблем...таквата настава ќе треба сами да ја финансираат.
Упс.
:kesa:
Но, многу е пофино кога одмараш на туѓ грб, нели?
Ем имаш работни места за кадрите кои излегуваат од теолошките училишта а немаш веќе слободни села кај би ги пикнал; ем не мора да се секираш дали ќе се заинтересира некој да дојде на твојот час, зашто ете ти децата, во училиште си, кај ќе бегаат; ем, најдобро од се, све ти плаќа државата!

Аирлија за укинувањето на веронауката.
Се надевам нема да се смени таа одлука, па дури тогаш за бонус да се уназадиме уште пар стотина години.
 
Тоа е тоа, дивиде ет импера, на секој можен начин да се уништи се на што стои македонско, македонски, македонска...
Не ја тупи.
Шо е битно оти наставничката му е Гркинка?
Кажа човекот,наставата се одвива на англиски јазик,значи тука нема никаква асимилација.
А македонската и грчката вера,како што знам е иста-православна.
Не постои светски заговор против македонците:):).
Онтопик:
Алелуја за укинувањето на веронауката.
Тешко дека една религија ќе ги научи децата на потребниот морал и етика.
Многу е поверојатно дека само ќе предизвика диференцијација и делење.
За разлика од тоа,социологијата и етиката,според мене се многу поприкладни за изучуваање,бидејќи не ги делат лугето на вакви и такви-муслимани и христијани,туку едноставно,секоја индивидуа е прифатена како еднаква.
На тоа треба да се научат децата,не на некоја бајка која е веќе оддамна побиена.
 
Не ја тупи.
Шо е битно оти наставничката му е Гркинка?
Што е битно? Негова работа, факт, не може ништо да направи, кажа дека немало наши наставници оти се спореле по судови. А што велиш што е битно?
Зошто тогаш носеле грчки и бугарски (а после 2 св војна и српски даскали) учители, попови и службеници на времето? За да не просветат и да ни помогнат?
бидејќи не ги делат лугето на вакви и такви-муслимани и христијани,туку едноставно,секоја индивидуа е прифатена како еднаква.
Ако живееш во делови на градот (или друг град од западна Македонија) каде сме пола пола со муслиманите ќе видиш дека веќе сме поделени. Секако ова од центар или аеродром тешко е да се види.
 
Што е битно? Негова работа, факт, не може ништо да направи, кажа дека немало наши наставници оти се спореле по судови. А што велиш што е битно?
Зошто тогаш носеле грчки и бугарски (а после 2 св војна и српски даскали) учители, попови и службеници на времето? За да не просветат и да ни помогнат?
Точно е тоа шо го зборуваш,ама го промаши фактот дека дечкото зборуваше за Австралија и 21 век.
Излези од минатото.
Ако живееш во делови на градот (или друг град од западна Македонија) каде сме пола пола со муслиманите ќе видиш дека веќе сме поделени. Секако ова од центар или аеродром тешко е да се види.
Јасно е дека сте поделени.
Проблемот е што го прифаќате тоа здраво за готово,наместо да се прашате кој ве поделил.
Го знаеш тоа,divide et impera?
 
Траба да веруваш во Бога безусловно на тоа никој неможе да те научи, преку воспитувањето, социјализацијата и културализацијата процеси кои се одвиваат во семејството- родителите ке го поттикнат и подучат детето на верба во Бога независно на која религија припаѓаат.Родителиве што се бунтуват ако се толку големи верници, па можат со своето семејство да одат во своите верски храмови таму се одржуваат предавања и толкувања, обработувања на Библијата. Верувам дека тоа ке го збогати повеке нивниот духовен живот и истовремено ке ја облагородат љубовта во секој поглед. А дека детето нешто го интересира за Бога како и за другите предмети чисто се сомневам детето го интересира само игра и нека си го живее детството не ги замарајте децата. Читајте ја книгата "Слободните деца во Самерхил" училиштето се наога во Англија
 
Го знаеш тоа,divide et impera?
Тоа ми беше за состојбата таму во Австралија, според медиумите. А зошто и чија цел е тоа не знам. Но сигурно не е случајно. Која е намерата на вакви случувања кои долги години се наметнуваат во тие земји кај нашата дијаспора и во која се вмешани грци или гркомани (како тој бизнисмен спомнат во друга тема) или некои како Вранишковски пратени од спц... тоа е за тоа што го напишав за дивиде ет импера. http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2489236&postcount=1

А за тоа што сме поделени, тоа е одамна од кога памтам седумдесеттите, во Социјалистичка Република Македонија кога немаше ниту муабет за вера не па за веронаука. Кога моравме за секој празник да станеме и пееме химна и кога го тажевме денешниот ден кога почина Јосип Броз. Поделеноста значи не е ради тоа школување, порано немаше такви предмети за верата. Поделеноста е ради луѓето. Минатото исто имало атеисти и верници како и сега, значи ако е човек атеист не значи дека живее во иднина, ниту пак ако човек сака да запали свеќа или да оди во црква не значи дека е од минатото.

Родителиве што се бунтуват ако се толку големи верници, па можат со своето семејство да одат во своите верски храмови таму се одржуваат предавања и толкувања, обработувања на Библијата.
Јас бев еден од оние што заокружија за да моето дете учи ваков предмет. Но (реков и во друга тема), против сум промени на Уставни одредби заради тоа, затоа што една промена носи и друга па и трета, секој бара по нешто и се создава лавина, а лавината е опасна работа.
И уште една промена на постов. Не е ништо лошо ако ова успееше, секое дополнително образование е добредојдено, дали ќе е марксистичка филозофија или наука за вера, шпански или германски... Но не успеа... и то.
 
Јас бев еден од оние што заокружија за да моето дете учи ваков предмет. Но (реков и во друга тема), против сум промени на Уставни одредби заради тоа, затоа што една промена носи и друга па и трета, секој бара по нешто и се создава лавина, а лавината е опасна работа.
:smir:

Замислете си нас кај ни летал паметот у школски двор да се изнаиграш, у парк а не сега децава ги замараме религии,политики глупости колку им ги оптеретуваме мозочињата има време кога ке се замара со религија патоа е нормален процес во адолесценција да си поставува прашања за Бог а не уште од мали нозе ке полемизирам со детето за Господ. Јас незнам да си објаснам некои работи а не па на детето ке му објаснувам.
 
А од другата страна дали може да погледнеме? Зошто ги замараме децата со балет, часови по манекенство и слични утопистички уки? Но за тоа воопшто нема збор, тоа е модерно. Мислам дека не треба да се вага дали е ова или она модерно, секој си има одреден став што му е потребно на детето и што смета за исправно. Така и со ова, не можам никого да убедам (ниту тој мене) во моето мислење, може само да се испокараме и пак нигде да не стигнеме.

Не дека има врска балет и веронаука, но сакав да ти споредам дека детето можда учи премногу и нема време за нормално детство. Но можда сите овие (веронаука, балет...дрн) се само наши (на родителите) желби.
 
А да си ми жив и здрав
 
А за тоа што сме поделени, тоа е одамна од кога памтам седумдесеттите, во Социјалистичка Република Македонија кога немаше ниту муабет за вера не па за веронаука. Кога моравме за секој празник да станеме и пееме химна и кога го тажевме денешниот ден кога почина Јосип Броз. Поделеноста значи не е ради тоа школување, порано немаше такви предмети за верата. Поделеноста е ради луѓето. Минатото исто имало атеисти и верници како и сега, значи ако е човек атеист не значи дека живее во иднина, ниту пак ако човек сака да запали свеќа или да оди во црква не значи дека е од минатото.

Malku kontradiktorno? Kako imalo vernici, ako za vera ne se zboruvalo?
 
Оставете ги децата:vozbud: да си детствуваат а ние да си пишуваме по форуми.
 
А од другата страна дали може да погледнеме? Зошто ги замараме децата со балет, часови по манекенство и слични утопистички уки? Но за тоа воопшто нема збор, тоа е модерно. Мислам дека не треба да се вага дали е ова или она модерно, секој си има одреден став што му е потребно на детето и што смета за исправно. Така и со ова, не можам никого да убедам (ниту тој мене) во моето мислење, може само да се испокараме и пак нигде да не стигнеме.

Не дека има врска балет и веронаука, но сакав да ти споредам дека детето можда учи премногу и нема време за нормално детство. Но можда сите овие (веронаука, балет...дрн) се само наши (на родителите) желби.

Ne ucat balet i manekenstvo vo skolo, toa se vonskolski aktivnosti. Ne plaka drzavata za casovi po manekenstvo i balet.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom