Црнилата од минатото ја укинаа веронауката

  • Креатор на темата Креатор на темата pravoveren
  • Време на започнување Време на започнување
пишано од атеистот
за писменост во тогашна грчка византија следувала смртна казна

Создадена азбука,писмо од Св.Кирил и Методиј, Нивните ученици продолжиле со големите дела. Св.Климент основал прв универзитет на Балканот во нашиот Охрид,преку кој се здобиле со образование 3500души. Тоа е писмо(Кирилица) со кое се служат можеби повеќе од пола миљарда население на земјината топка.
Тоа е писмото на Толстој,Пушкин, Достоевски,.....
Црквата била против писменоста????

Господ да не исчува од полошо!
 
Добро де конкуренција :), тоа си е твое мислење и го почитувам. Иако малку ми личи како да имаат распишано тендер за писмо и освен црковните лица друг не смеел да се пријави :).
Ама факт е дека Свети Климент не просветли со кирилското писмо. А друг муабет од каде е основата на тоа писмо дали црти и решки или од нешто друго.
 
некој ќе бил ,дали Блаже Конески дали Климент Наум или некој друг

кога се сака се се може

битното е дека НАРОДОТ немал желба да биде асимилиран

па во такви услови секогаш се наоѓа и јунак кој ќе ја заврши работата

несакам да му намалам заслуги на Климент или било кој

ДЕЛАТА се ценат и мора да се ценат , и тоа нее спорно

но тие дела се НАРОДНИ таквите Личности се Народни Јунаци и затоа никој нема право да си припишува на себе па нека е и институција Црква

Словенската АЗБУКА прв пат била масовно ширена преку Библијата од проста причина што друга книга освен таа во тој мрачен период во цела Европа и непостоела

па се знае дека и самата Библија со векови била забранета да ја поседуваат луѓето освен црковни лица
 
Па и на мене ми беше некако кеиф што ја укинаа веронауката.

И не зборам политички. Не мислам дека некој е сатанист што се дрзнал да го укине предметот.
Само НЕ! Црквата сакала уставот да се смени. Да го следат Константин. Инквизиција бе!!! Сите што се против црква и веронаука на клади!!!
 
Веронауката не е укината се уште се учи ама не во државни школи. Има специјализирани школи, а има и цркви и се организраат предавања па кој сака може да оди и да учи.
 
Веронауката не е укината се уште се учи ама не во државни школи. Има специјализирани школи, а има и цркви и се организраат предавања па кој сака може да оди и да учи.

Па тоа е финтата. Кој сака нека учи веронаука во црква или во верската заедница на која и припаѓа. Јас лично не сакам децата да ми учат веронаука во школо. и така имаат доволно предмети.

Муабетот ми беше дека црквата бара да се смени уставот. Ако се смени тоа е некој вид на современа инквизиција,а јас сум против тоа.
 
Муабетот ми беше дека црквата бара да се смени уставот.
Е ова веќе е многу. Може да почекаат малку, ќе се најде уште некој за да смени уште нешто па нека направат нов устав, составен од 2-3 реченици. Секое додавање на нов член да иде со референдум. За ова секако не сум сериозен, пошто несериозно е постојано додавање дополни на уставот. Ако сменат нешто ради верска настава, утре противниците на таа настава ќе издејствуваат промена на промената на членовите за верските институции и така во недоглед...
Излегува дека на многу (ни внатре ни надвор) не им одговара сегашниот устав. Зарем и ова. Не бев против факултативната настава, но ако се коси со некои членови да сакаат да се менува устав...е тоа секако не е на добро. Не навлегувам во црнилата од минатото, оправданост или неоправданост од ваква настава, примерите од ЕУ земјите и позадината на одлуката, има одлука и тоа е. Но менување на само 1 член секогаш повелкува лавина од прилагодување на други членови или закони.
Нашиот устав испадна жељотека, а не устав.
 
Ќе бидам малку груб..но црквата кај нас е длабоко навлечена на политиката и политиканството...оној попот нек си ги гледа божјите закони и црковните канони и нека не се меша кај што не му е место.

За веронауката во школите......па добро бе мајкуму, зар вие верниците до толку не знаете и не наоѓате време да дома во секое време и секоја прилика им го пренесете божјиот збор на децата, нели ви е тоа и обврска............е јаки верници имаме, нема што!
 
Сосема се согласувам ..верата не се учи во училиште..Познавањата и едукацијата на народот за споствената вера(според она во што веруваат) се сведува на две-три посети годишно на црква(зборам кака христијанин..не знам како е кај муслиманите и другите вери) исполнети со традиции и ритуали ...ставајќи го настрана настанот заради кои и воопшто ја посетиле црквата..и разните филмчиња со библиска тематика кои можат да ги гледаат како на пример сега за Велигден...сето останато време никој не ни помислува на Бог и црквата ,ама кога тоа ќе се спои со македонштината тогаш сите се чукаат по гради..Тоа се вика патетика..
Сакате вашите деца да го познаваат Господ..учете ги дома..водете ги во црква..училиштето не е мегдан за развивање на државни религии..уште помалку за буткање на нечиј кадар...
 
На секој начин, со сите средства некој упорно се труди да и наштети на Македонија.

Некој скапо ќе плати.

Не е срамно за таквите да се рече дека и до седмо колено зло ќе ги прати !!!

Повеќето на кајганава се атеисти итн., и ништо не ме чуди што ќе се напиши овде, иако реално народот е згрозен од ваквата одлука.

„Убав“ поклон пред Велигден - се испланирано .

Богохуљи низаедни :vozbud::vozbud::vozbud:

Амин.
 
Во наше време учевме само марксистичка филозофија
тоа беше во времето на ткн едноумие
сега пак ли ново едноумие врз религиозна основа?
ќе се изучува само православна теологија или филозофија
овие другите нивна и така
може но во верски објекти
може црквите да си организираат школи
да бидат активни
да помагаат на сиромаси
како што си има верска поука по црквите
но во јавните училишта учењето мора да биде објективно, критичко и непристрасно
се друго е верска пропаганда
а времето на едноумие помина
и затоа или нека се учи запознавање на религиите
или ништо друго
башка има предмет етика
кој ги изучува етичките учења на сите религии
и филозофии
кои се општочовечки вредности
и православието нема монопол на нив
религиите се разликуваат само по догмите и ритуалите
но тоа е она што ги разделува луѓето
она што ги зближува се нивните етички учења
кои се општочовечки вредности!
 
Во јавните училишта учењето мора да биде објективно, критичко и непристрасно се друго е верска пропаганда а времето на едноумие помина...

Убаво кажано, нема што! Да си жив ти и твојот пријател Дарвин.

Разбуди се, пријателу! Во јавните училишта мора да се учи дека заеднички „родоначалник“ ни е мајмунот, и затоа денес многумина личат на тоа невиновно и неразумно животно. Но, зошто треба моето и твоето дете да учат такви гнасни лаги. Зарем сме полуделе!?

Можно ли е до толку државата да ни заболела штом судиите (ѓаволољупци) од Уставниот суд носат луди одлуки.

Зошто се уплашивме од помислата дека може нешто добро да им се случи на нашите деца, а преку нив и на сите нас!?

Каде ни е здравиот разум!?

Како е можно веронауката да е опасна за општеството!?
 
Целосно си во право. Следниот пат кога детето твое ќе се разболе не го носи во болница бидејќи тоа дарвинистите кој знае што ќе му дадат. Земи носи го во црква поповите со молитва ќе ти го излечат.
 
Големо искушение за верните чеда на Црквата Христова, токму во очи на најголемиот христијански празник - Воскресението Христово.

Ѓаволот посака да не повреди, ама си најде и верни слуги.

Денес над Македонија се надвисија аветите од минатото. Сатанистите од, таканаречениот, Уставен (сатански) суд, ја исполнија желбата на својот ментор - ѓаволот.

А мислевме дека сме раскрстиле со црнилата од мрачното минато!

:ojea::ojea::ojea::ojea::ojea::ojea::ojea::ojea::ojea::ojea::ojea::ojea::ojea::ojea:
 
Некаде прочитав: „Се роди нова Коалиција: Сојуз на безбожници и еретици!“

Прашање:

Што мислите: Кој е основачот?

p.s. Среќно - во неповрат!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom