Црна Хроника

  • Креатор на темата Креатор на темата Macka12345
  • Време на започнување Време на започнување
@Ingvar во која смисла мислиш ќе скокнат скала погоре? Мене ми оди накај секој еден да си превзема одговорност за неделата шо ќе ги напрај како реперкусија на „делата“ некој што му ги направил нему.
Не гледам ова на арно да оди никако, завзема сè повеќе и повеќе на интензитет во реакциите без разлика дали на насилници или на оние врз кои се прави насилство. Кога системот не ти функционира или е дел од проблемот, шо е следно, анархија?
Воопшто не ми се свиѓа, оттаму и коментарот шо се дешава со народот.

@PloTwist не мислев на кликбајт вести или дека профилите/фирмите/новинарството во целина филтрираат вести како фаворит од овој тип. Да, црна хроника ни е државичето и да тренд е некој си ова сега со објавувањата и вадењето на ствари од под тепих ама воопшто премногу се вакви настани и не ги поврзувам со постковид т.е. како директна причина од ковидот и локдауни и слично иако си влечи и тоа некои последици, имаш право.
Ме зачудува едноставно од кај толку сила земање и кај насилниците и кај тие врз кои се извршило насилство (како таткото на чупето од охрид или мајката на детето од бт) да одиш со изјави ќе видиш што јас ќе им направам и ова и ова ќе ги снајди.
Тоа говори дека системот во целост не функционира, ама и говори дека луѓето (иако засега на збор само) се спремни да преминат на следната фаза. Како игрица некоја да е, ај во следното ниво ќе тепаме и убиваме и ќе го отепаме шерифот.
Не ми се свиѓа воопшто.

@Rothmans ретко пратам вести на дневна основа ама ајде ете да речиме последните 6 месеци до година дена, колку шо сум во тек мислам дека никогаш немало толкава ескалација.

Порано и ќе се скараш со некого и ќе се степаш, па ќе се начекате кај Кумот на куќна слава, ќе се направите магариња од алкохол и ќе си подадете рака на крај.
Денешно време, кавга за паркинг место излегува пресметка со најмалку ладно оружје, ако не и огнено и тоа како по правило. Карикирам, но истото е ова со насилството врз жени и воопшто насилството како насилство. Се редат само екстреми, а институциите се рушени добри 10 години наназад, едноставно нема кој да седни да реши еден случај, една ситуација и да тргниме оттука па натаму. Немам впечаток дека одат работите на подобро, како шо вика Дамби, дај Боже да грешам и барем институционално да се потсреди нешто. Ако полиција во никој случај не те штити или не делува за што е платена тогаш следно е анархија (тука сите губат, комплет).
Vo Noemvri, koj uste trae, tipot ja zapalil devojka mu u Bogdanci i se obesi, onoj u Ohrid ja pretepa i malku falelo da ja ubie, ovoj sega isto ja pretepal, onoj kaj Smilkovsko zastrelan...
 
Добро бе шо се дешава со народот?
Ова се премногу вести со вакви лоши епилози на насилство за прекраток период.
Комбинација на будење на поголемо чувство за себе кај жените, комплексирано машко его чија машкост е константно ставена на тест од општеството и полициски службеници кои се наоѓаат во позиција да постапуваат на вакви повици, а немаат соодветен knowledge transfer од нивните старешини бидејќи не било доволно сериозно за замарање.
И секако, многу кокаин и други супстанци.
 
Последно уредено:
@Ingvar во која смисла мислиш ќе скокнат скала погоре? Мене ми оди накај секој еден да си превзема одговорност за неделата шо ќе ги напрај како реперкусија на „делата“ некој што му ги направил нему.
Не гледам ова на арно да оди никако, завзема сè повеќе и повеќе на интензитет во реакциите без разлика дали на насилници или на оние врз кои се прави насилство. Кога системот не ти функционира или е дел од проблемот, шо е следно, анархија?
Воопшто не ми се свиѓа, оттаму и коментарот шо се дешава со народот.
Па нема да дозволат да ги малтретира никој со самото тоа што ќе избегнуваат брак а вон брак многу помали се шансите за насилство. Скалата погоре е е у тоа што ќе станат посвесни за опасноста со која се соочени. Од друга страна ефектот ќе биде тренд у надолна насока во бракови.
Кај е замката у ова движење у кое се уплеткани институции кои ќе го искористат за неолиберални агенди.....таа е у тоа да нема да се адресира проблемот суштински во целина. Проблемот е 2/3 у изборот што го прават жените а 1/3 у институциите и у семејствата од каде потекнуваат.
Колку и да има систем кој што ке заштити, колку и да има родители кои се спремни у оган да се фрлат за нивните деца пак најбитно е да се отворат очи. Изборот се знае кој го прави и ако девојките имаат тенденција да се фрлат у прегратки на насилници ништо не може да ја опраи ситуацијата.
 
Па овие последните случаи на претепување се на жени кои што не биле во брак.
Не може да вадиме статистички податоци од последните неколку случаи. У принцип би требало да е така како што зборев затоа што обично лицето си го покажуваат психопати, социопати, нарциси и т.н. покасно, кога жртвата ќе загриза.
 
Комбинација на будење на поголемо чувство за себе кај жените, комплексирано машко его чија машкост е константно ставена на тест од општеството и полициски службеници кои се наоѓаат во позиција да постапуваат на вакви повици, а немаат соодветен knowledge transfer од нивните старешини бидејќи не било доволно сериозно за замарање.
И секако, многу кокаин и други супстанци.
Последното-кокаин и други супстанции. Поано пред да влезиш во врска со некоја/некого прво добро се информираш,па роднини и пријатели те информираат за фамилијата од прадедо па наваму. Сега не е битно дали е криминалец, наркоман или насилник битно да е фаца, добро ситуиран и да имаа добри позиции во партија можда ќе ти се најт за нешто.
Е па во животот се си има своја цена.
 
Епа не се запознаваат како порано луѓето, преку познаници или некој вид препорака. Сега доволно е да имаш 5 добри AI генерирани фотки на фб и инста. А и да бидеме искрени од тоа што сум го видел и некои жени и ми го имаат кажано, изреката nice guy finish last е точна и добар процент преферираат криминалец, тепач, брз кеш момак. Оттаму произлегува:
- ја претепал
- ја забременил и ја оставил
- отишол друга забременил
- не ги зима децата ни за викенд
- и се заканува ако најде друг иако не се заедно

Мислам дека и натаму ќе гледаме вакви претепувања, се помалку дејтање, бракови и деца. Пет шоп дуќаниве империја направија која тек ќе расте
 
Back
На врв Bottom