@Ingvar во која смисла мислиш ќе скокнат скала погоре? Мене ми оди накај секој еден да си превзема одговорност за неделата шо ќе ги напрај како реперкусија на „делата“ некој што му ги направил нему.
Не гледам ова на арно да оди никако, завзема сè повеќе и повеќе на интензитет во реакциите без разлика дали на насилници или на оние врз кои се прави насилство. Кога системот не ти функционира или е дел од проблемот, шо е следно, анархија?
Воопшто не ми се свиѓа, оттаму и коментарот шо се дешава со народот.
@PloTwist не мислев на кликбајт вести или дека профилите/фирмите/новинарството во целина филтрираат вести како фаворит од овој тип. Да, црна хроника ни е државичето и да тренд е некој си ова сега со објавувањата и вадењето на ствари од под тепих ама воопшто премногу се вакви настани и не ги поврзувам со постковид т.е. како директна причина од ковидот и локдауни и слично иако си влечи и тоа некои последици, имаш право.
Ме зачудува едноставно од кај толку сила земање и кај насилниците и кај тие врз кои се извршило насилство (како таткото на чупето од охрид или мајката на детето од бт) да одиш со изјави ќе видиш што јас ќе им направам и ова и ова ќе ги снајди.
Тоа говори дека системот во целост не функционира, ама и говори дека луѓето (иако засега на збор само) се спремни да преминат на следната фаза. Како игрица некоја да е, ај во следното ниво ќе тепаме и убиваме и ќе го отепаме шерифот.
Не ми се свиѓа воопшто.
@Rothmans ретко пратам вести на дневна основа ама ајде ете да речиме последните 6 месеци до година дена, колку шо сум во тек мислам дека никогаш немало толкава ескалација.
Порано и ќе се скараш со некого и ќе се степаш, па ќе се начекате кај Кумот на куќна слава, ќе се направите магариња од алкохол и ќе си подадете рака на крај.
Денешно време, кавга за паркинг место излегува пресметка со најмалку ладно оружје, ако не и огнено и тоа како по правило. Карикирам, но истото е ова со насилството врз жени и воопшто насилството како насилство. Се редат само екстреми, а институциите се рушени добри 10 години наназад, едноставно нема кој да седни да реши еден случај, една ситуација и да тргниме оттука па натаму. Немам впечаток дека одат работите на подобро, како шо вика Дамби, дај Боже да грешам и барем институционално да се потсреди нешто. Ако полиција во никој случај не те штити или не делува за што е платена тогаш следно е анархија (тука сите губат, комплет).