Секој здраво разумен човек знае да прави разлика помеѓу телесна повреда и тешка телесна повреда. Знаеш кој не знае да ја направи разликата? Правните стаорци и тие кои што сакаат да ловат во матно. Ако пак се оди со целосна дефиниција за се после ќе се оди на техничкиот факт. "Тука пишува ако му се скршени ребра, ама на него не му се целосно скршени се држат на малку", еве имам изјави од 5 доктори кои го потврдуваат истото.
Тоа е кога ќе дојдеш до последните стадиуми на распад, и повеќе ништо нема смисла. сите гледаат да се провлечат. се мора да биде дефинирано до последен збор а и тогаш не важи. Имаше една многу убава мисла на оваа тема. "Порано двајца ќе се ракувале во чаршија и знаеле дека работата е завршена само со даден збор. Денеска имаш 5 заверени договори на нотар, три пресуди и пак ништо не ти е сигурно и може во секој момент да те зафркнат."
Секој нормален судија кој ќе види што направил овој , би му ги дал горните граници на казната. Ќе го стави некој минимум 6-10 години во затвор без можност за намалување на казна малку да олади главата и да и плати прилично висока оштета на девојката. Родителите ќе му добијат по 2-3 години години за соучесништво при кривично дел. Директорот од болницата ќе добие отказ, ќе му биде одземена лиценцата за работа и ќе лежи 2 години затвор за злоупотреба на службена должност за да прикрие дело. Обвинителот отпуштен, затвор минимум 4 години за злоупотреба на службена позиција да прикрие кривично дело. Ама тоа е кога целото општество не е во распад.