Институциите имаат кабает и неможат да бидат амнестирани од одговорност. Од друга страна треба и државата да го зголеми капацитетот на тие институции со ресурси, луѓе, закони, овластувања....
Но колку и да се ефикасни институциите мора да разбереме дека насилството се случува дома и моментално и институциите ке стигнат откако насилството ке се случи, нема пандур во спалната или во фрижидерот. Затоа најефикасно и најдобро решение е секогаш превентивата, да се гледа со кого се фаќа работа, да се сечат работите во старт....
И еве од пракса можам да кажам дека голем кабает има и кај самите жртви. Во 90 посто од случаите кои допреле до суд немало завршница од причина што жртвата го менува исказот и несака насилникот да оди во затвор и обвинителот, судијата.... остануваат со прстот во уста... и не, не ја менува изјавата под присила, реално без никаква присила или закана, само да биде пак со него.... Денес ја тепаат како магарица, пријавува насилство, па полиции, социјална, па обвинители, па судови, па мерки изрекување, забрани за приближување..... за што? За да по една недела самата да му се врати и целата среќна и окезена се шета за рака фатена низ градот а овој има мерка да и се приближува на 100 метри и така до наредниот ќотек и пак истото.... И еве, жално и трагично е тоа што се случи во Богданци, но неможе да не се постави и прашањето како девојчето се нашло кај насилникот дома кога овој веќе бил под мерки? Како се нашла во неговата кола? Дали тоа било под присила?
И еве еден сосема бизарен случај кој е чиста вистина. Имам клиентка која е редовно тепана како магарица. Ако речам 20 пати сигурно се многу повеќе. Два пати го пријавувавме насилството, со лекарско вадење со се ... и двата пати на судот ја менуваше изјавата и типот не е осуден.
Типот си има некоја друга и не ја замара клиенткава, оваа упорно седи таму и не сака да си замине, му трие сол на главата и овој ја тепа. Има кај да си замине, има подршка од родителите и братот... ама не сака. Типот не е ниту нешто богат па да речеш атер за парите не сака да си оди, ниту пак е некој убав или фраерчина... Секогаш си го поставував тоа прашање, зошто го трпи ќотекот и упорно останува со него во ситуација кога овој не и прави проблем да си замине и кога има и каде да си замине.
Случајно се најдов во друштво со две нејзини другарки и падна муабет за ,,жртвата,, па им кажав дека не ми е јасно зошто упорно трпи ќотек а несака да си замине.... Одговорот беше за рубрика верувале или не. Им се доверила на другарките, дека типот имал огромна куретина и дека само на неговиот свршувала и неможела да замисли да се ебе со некој со помал.... И шо да и прават институциите?