Kulta ili sekta? Malce imate zabegano so klasifikaciive.
Za da sledis, ili da obvinis cela grupa na lugje, berazlika dali se ljubiteli na vergini, macki ili dildo igracki, treba da imas korelacija megju deloto i nivnata grupacija i ideologija. Ovde takvo nesto nema. Ubil covek poradi random pricina.
Идејата е иста: слепо верување на лидер, сами против сите идеологија, ние сме чисти другите се предавници, и дехуманизирање на секој што размислува поинаку од групата. Се сложувам дека причината овде не е идеологија, ниту во случајот со Десна, но и во двата случаи следбеништвото застанува во одбрана на своите лидери, без разлика на делото. Убиството е еден проблем, втор е реакцијата на членството - наместо оградување, осуда, даваат подршка на своите лидери. Заклучок: секташките практики на членови во вакви организации треба да се стават под лупа.
Кажи ајде тогаш како соодносот на еврото со денарот да биде 1 со 30 или 1 со 40?
Треба ова, треба она..
Дај да видиме ти што знаеш кога за нешто конкретно би се дискутирало?
Се разбира:
1. Независно и де-партизирано судство и полиција. Ова е основа за да нема злоупотреба на моќ, местење тендери на кумови, вработување тетки на јавни позиции, намалување на криминал. Основа за економски раст и создавање на амбиент каде што луѓето се комфорни да преземаат бизнис ризик е да има праведен систем и механизми на правна заштита што функционираат. Овие две се основа на се.
2. Департизација на државата и намалување на јавната администрација - за приватниот сектор да функционира, му требаат луѓе. Неможе пола држава кај нас да работи во јавна администрација под закрила на партиите - не е потребно, пола не се продуктивни, пола не одат на работа. Овде би ослободил многу луѓе од работни позиции и би ги оставил на приватниот сектор, да имаат поттик да вложуваат труд, време и развиваат талент за да движат напред, во администрација се бескорисни.
3. Инвестирање во образование и безбедност. Основа на секој државно правен апарат е здрав пазар, а здравиот пазар е производ на добар човечки капитал (таленти или луѓе) и безбедност што може да те заштити од рекет, или други непријатности. Без добро образование, немаш добри информатичари, доктори, бизнисмени, економисти, и следствено на тоа кога се натпреваруваш со Словенија или Естонија, или Грција, да имаш со што да конкурираш како пазар.
За крај 4. Менталитет - од племенски (за моите пријатели се, за непријателите законот) кон законски (законот над се). Најтешката работа во промени е како еден сопартиец има најдобар другар со кој бил во ров, да е фатен со раката во медот. Како ќе одреагира? Дали ќе го покрие, ќе му помогне да избега одговорност пошто се блиски, ради лојалност? Или дали ќе работи по закон и ќе ја стави државата над другарството? Ова е клучно - закон над другарство, партија, етникум, религија.
Ли Кван Ју - таткото на Сингапур има многу добра книга напишано за како Сингапур како држава ја градел од нула со неколку етникуми, јазици и религии, тоа би било некоја матрица за пристап на промена. Закон изнад се, гаење таленти и 0 толеранција за криминал и корупција.
Соросоидиве збеснаа задње време на форумов
Од кога Сорос фондовите се исушија, имаме повеќе време за куцање (и крадеме интернет од комшии со пасворд 123456).