Јас верувам дека секој татко или брат би постапил така како што пишуваш ти. Но, ајде да бидеме реални дали ваквата реакција базирана на емоции е рационално решение? Башка, ако сите татковци и браќа превземаа така ситуација во свои раце, ќе владееше хаос и безредие во општеството. Мислам, ние сите се учиме дека општеството треба да функционира на принципи за правда и човекот кој што во ваква ситуација се воздржува да постапи апропо емоции, искрено покажува неверојатна морална зрелост и самоконтрола. Мене тоа ми е одлика на храбар човек, а не на слабак. Бог да го прости човекот, он си знаел како му е, ама сигурна сум дека многу пати се преиспитувал себе си, како да постапи, а да не ја доведе ќерка си во уште понеповолна положба.