Можно е тоа да биде тврдењето на обвинителството. Сигурно чекаат резултати од обдукција.
Познато е дека континуиран потрес на мозок (на пример кај боксери, хокеари, војници) го менува начинот на кој мозокот функционира. Луѓе што поминале низ сериозни удари во глава, имаат зголемен ризик и на самоубиство, и на извршување убиство. Има доста случаи на убиства и самоубиства извршени од спортисти што имале ЦТЕ (или CTE на англиски). Значи удари во глава можат да го оштетат мозокот до тој степен, да човек може да изврши и самоубиство, и убиство. НФЛ легендата Арон Хернандез ги има направено и двете, и убиство и самоубиство (после обдукција се потврдило дека имал серизно ЦТЕ мозочно оштетување, и дека тоа е веројатно причината за истото):
https://www.center4research.org/football-brain-injuries-need-know/
Ако знаеме дека може повреда на мозокот да доведе некого во стадиум да или изврши самоубиство и убиство, обвинителството треба да утврди дали ударите на Стојанчо дента на настанот (бидејќи ја тепал Ивана до степен на бесознание, и дали сите удари што и ги нанел пред тоа (бидејќи тоа тепање било со години) и го оштетиле мозокот до тој степен да ја довеле во ситуација да изврши убиство-самоубиство. Тоа треба да го утврдат/докажат. Ако нејзиниот стадиум е поради Стојанчо (удари и закани по живот), тогаш Стојанчо ќе си полежи.