Демократската унија за интеграции ќе испрати писмо до Ватикан за ја спречи владата во намерата да гради паровослана црква на главниот плоштад во Скопје. Според нив, изградбата на црквата ќе предизвикала верски тензии.
Во писмото, ДУИ наведува дека на локацијата која е предвидена за изградба на црквата се наоѓа “местото каде е поставен меморијалот на куќата на Мајка Тереза, основачката на Мисионерите на љубовта во Калкута, која е родена во Скопје“. Изборот на оваа локација ќе ја осквернавело и католичката традиција во Македонија, оти мајка тереза била бетификувана од страна на покојниот папа Јован Павле ΙΙ.
“Преку ова писмо Ве информираме и бараме од Вас сугестии и поддршка да не дозволиме да се злоупотребуваат културните и верските вредности и да го спречиме оштетувањето на светото место- местото каде што се наоѓал домот на Мајка Тереза. Како претставници на Албанскиот народ, познат за верската толеранција, и имајќи во предвид дека Македонија е мултиконфесионална држава, разочарани сме и ја изразуваме нашата загриженост заедно со сите граѓани на Македонија поради ваквиот чин на Владата кој се заканува да предизвика конфликт со религиозен карактер“ се вели во писмото.
Пратениците од ДУИ денеска во парламентот побараа да му се изгласа недоверба на министерот за култура Арифхикме Џемаили поради планот за изградба на црквата. “
На ова место е предвидена изградба на меморијален центар за светицта мајка Тереза. Ние не сме против изградба на црква, но сме против да се гради на тоа место“ рече Сафет Незири од ДУИ.
извор Нет Прес
Првин и е за да не се создаваат верски тензи ама и за спомен куќата на Мајка Тереза се многу загрижени тие