Covid 19 - post efekti

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.618
Поени од реакции
34.807
Кај мене нема никакви пост-Ковид симптоми ( барен не сум забележал ) . Пред дваесетина дена ми заврши изолацијата од 10 дена . Иначе лесно го поминав вирусов (имав 3 дена температура која максимум одеше до 38 со 3,4 и бев неколку дена прилично малаксан , и плус имав мал бронхитис кој се излечи со само 3 апчиња Сумамед и никакво друго лекарство не земав ) . Како и да е кога го правев тестот на кој излегов позитивен , веќе бев скоро без никаков здравствен проблем . Ни за време на болеста ни потоа немав/немам проблеми со вкус и мирис .
... позитивен тест на вирусна инфекција, а се дава антибиотик, мене не ми е јасно како се лечи вирусна инфекција со антибиотик (сумамед), ако не се докаже бактериска инфекција со антибиограм или ЦПР лабораториски тест за диференцирање на вирусните од бактериските инфекции ? :toe:
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.755
Поени од реакции
9.558

Аман де Бјонс душо, па две години тоа е редовна терапија за ковид.
На сите заболени едно те исто..две кутии сумамед, па Панцеф, а на крај како мене и кортико терапија.
Не убија, а никој не одговара.
Сите доктори велите дека не треба така, дека е погрешно и штетно по здравјето на пациентот, но истава терапија си продолжува исто цело време.
 
...тоа не е терапија за ковид, а најмалку треба да биде редовна, антибиотик се дава само ако се развие бактериска инфекција како можна последица од таа вирусна, а никако порано и никако ,,за секој случај,, , и наместо телото да се бори со својот имун систем против навлезениот вирус, ние ќе го дотолчиме со антибиотикот, па кога ќе се додаде и психолошкиот фактор од страв за хоспитализација, отиде силината на нашиот имунитет и вирусот ќе преовладува и тогаш настануваат компликации при што лесно на таков паднат имунитет да се накалеми и бактериска инфекција,
 
Dr. Wish

Outstanding Сasual Dating Authentic Maidens
Член од
23 септември 2013
Мислења
2.393
Поени од реакции
2.794
7ми Март 2021, цел ден немав никаков симптом, вечерта за време на работа треска, и се испитав со рапид тест и испаднав позитивен, утредента направен ПЦР и на тој позитивен. Првите 3 дена од кревет неможев да станам од болки во зглобовите и мускулите, кои и предходни трески кога сум имал не биле со тој интезитет. Температура до 37,7 степени, омалаксаност и тремор. 4-9 ден никаков симптом буквално, 10 ден почнав да губам вкус и мирис полека. Тоа траеше 7 дена. 15 ден намалена сатурација од 90-91 SpO2, тензија благо накачена. РТГ Наод уреден, Д-Димер висок, железо во пад, леукоцити во пад. Од терапија Витамини и минерали, Сумамед 3 таблетки, Инвермектин и антикоагуланти Аспирин и Clexane 5 дози 2 x 40 мг. Ми се јави во тој период и алергија на Селен, иако предходно не сум имал ,сум користел Вегета најнормално но, праз и други продукти со висока концентрација на селен не сум конзумирал.

Да се вратам на темата, после инфекцијата со Ковид, како пост ковид симптом ми е намален мирисот и вкусот, намалено ми е чувството во нозете на допир, и осеќам повеќе студ кој претходно не ми пречел. Циркулацијата во рацете и нозете ми е намалена, Гликозата во крвта почна драстично да има фази на Хипер и Хипо. (Дијабетичар сум 14 години). Тензијата ми е благо покачена, пулсот забрзан од 90 нормални во континуитет претходно, на 100-110 откуцаи во минута. Концентрацијата и Меморијата ми се исто во пад. Блага болка која ми се јавува навечер во пределот на простатата ( Имам 24 години) и Ноктурија. Многу и од работиве си ги поврзувам со дијабетот, пошто и многу од нив имаат заедничка точка.
 
Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.693
Поени од реакции
883
... позитивен тест на вирусна инфекција, а се дава антибиотик, мене не ми е јасно како се лечи вирусна инфекција со антибиотик (сумамед), ако не се докаже бактериска инфекција со антибиограм или ЦПР лабораториски тест за диференцирање на вирусните од бактериските инфекции ? :toe:
bijons , Sumamed ми дадоа заради бронхитисот , а тест направив на денот кога го испив третото апче Сумамед (на крајот од терапијата со Сумамед ) . Што значи дека не ни знаев дека имам Корона кога почнав да пијам Сумамед :) . Како и да е прилично лесно поминав со Ковидов ( да не се повторувам од предходниот пост ) . Иначе не сум баш млад но ете ништо посебно не беше вирусов шо го фатив ( роден сум истата година кога е издаден The dark side of the moon од Pink Floyd , така да пресметај колку имам :)).
P.S. Не сум вакциниран , и мило ми е што го прележав и сега имам поголема заштита отколку да се боцнев ( што не ни планирав да го направам ).
 
Vargo _online

プレイステーション3
Член од
1 мај 2010
Мислења
490
Поени од реакции
59
Јас се вратив од болница пред два дена, мускулите на нозеве ми се чудни како и колената, особено левиот мускул над коленото константно ми е здрвен ко да сум заспал на вц шоља ахахаха. Лесно се заморувам, мирисот и вкусот ми се вратија по 2-3 дена, но ко да не е 100%. Реално никој нема конкретни одговори, жена ми многу полесно мина а сеуште не и е вратен мирисот и вкусот. Двајцата сме вакцинирани и плус јас веќе имав прележано крај на август.
 
Извини, но ме интересира точно кога си прележал, кога си вакциниран...оти некако многу брзо повторно си си се заразил, неполни два месеци...или па после вакцинирањето си се заразил...ама пак по втор пат!?
 
Vargo _online

プレイステーション3
Член од
1 мај 2010
Мислења
490
Поени од реакции
59
Извини, но ме интересира точно кога си прележал, кога си вакциниран...оти некако многу брзо повторно си си се заразил, неполни два месеци...или па после вакцинирањето си се заразил...ама пак по втор пат!?
Една недела по втората доза се тестирав по барање на матичната, нешто крвната слика и била сомнителна и испаднав позитивен. Вториот пат од нигде и никаде, почна со течење на носот, по ден продолжи со кашлање и веќе четвртиот ден со насилно кашлање и искачување на крв. Купив брз тест од аптека и испадна позитивен. Преку матичната закажав пцр тест но завршив во болница пред да го направам (ми направија во болница).
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.755
Поени од реакции
9.558
Една недела по втората доза се тестирав по барање на матичната, нешто крвната слика и била сомнителна и испаднав позитивен. Вториот пат од нигде и никаде, почна со течење на носот, по ден продолжи со кашлање и веќе четвртиот ден со насилно кашлање и искачување на крв. Купив брз тест од аптека и испадна позитивен. Преку матичната закажав пцр тест но завршив во болница пред да го направам (ми направија во болница).
Со која вакцина?
Се надевам дека брзо ќе се опоравиш:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom