Copa América 2021

  • Креатор на темата Креатор на темата dace@mkd
  • Време на започнување Време на започнување
Вечерва посериозен тест за Арџентајна. Не се толку јаки ни Уругвај, но би требало да има нешто подобар фудбал.
 
Тврд тактички меч ама Аргентина заслужено победи. Многу се паднати Уругвај а имаат уште добар состав. Не направија ни една шанса цеч меч.
 
Имаат подобар состав Уругвај од Аргентина посебно во средина, Де ла круз, Тореира, Бентакур, Валверде, наспрема Гуидо Родригез, Де Паул, Ло Целсо. Но немаат никаква идеја ниту можност да се проиграат Кавани и Суарез напред и да се искористи нивната страшна форма.
 
И Колумбија делува ептен лошо оваа Копа... Ако не се средат јужноамериканците догодина пак ќе гледаме СП на кое доминираат европските репрезентации. Освен Бразил се друго изгледа боранија према најголемите европски репрезентации.

Инаку грозниве од Чиле прекршиле секакви протоколи. Донеле изгледа и проститутки во хотелот. Претседателот на федерацијата одма оставка. Има шанси и да ги суспендираат од првенството.
 
Не верувам да во блиска иднина да некоја јужноамерикански репрезентација да освои СП, барем не во наредни 20год. Инвестирањето во школи и инфраструктура низ цела Европа си даде резултати, може 90% од младиве таленти доаѓаат од Европа и Африка.

Ако го тргнеме Бразил на страна тогаш глејте кој се главни јужноамерикански имиња низ клубовите во Европа, играчи со една нога во пензија, Меси, Кавани, Суарез и Агуеро. Под 30год и имаат некој удел во клубот се само Лаутаро, Хименез, Валверде и Ромеро, друг асален играч не ми текнува. Срамно е оваа ако споредиме со минатото каде што скоро во секој тим имаше некој јужноамериканец.
Бразил се држи само заради португалските клубови Порто, Спортинг и Бенфика кој ги влечат од млади години бразилските играчи и ги пласира низ Европа, секако тука е и чичо Перез.
Моментално Америка дава поголеми таленти одколку Аргентина, Чиле, Уругвај, Колумбија заедно.

Тука е плус организацијата, јужноамериканците може имаат пасија ама тоа е залудно кога немаат никаков систем, како да се игра, што да се игра. Во Европа секоја јака репрезентација си имаат систем, план на игра и од тоа не одстапуваат со години. Без разлика какви играчи имаат моментално они не одстапуваат од системот. Во Европа наместо да ја приспособат играта спрема играчите они ги приспособуваат играчите спрема играта. Додека во Аргентина на пример со секој нов тим они имаат нова игра.
 
Парагвај си заврши голема работа со оваа победа - го избегна Бразил. Така да во 1/4 финале сигурно ќе има едно дерби, Бразил - Уругвај или Бразил - Чиле.
 
Овие Парагвај немаат некои јаки играчи од Европа, освен Алмирон, ама имаат добра кохезија во тимот.
 
1/4 финале:

Аргентина - Еквадор
Уругвај - Колумбија
Бразил - Чиле
Перу - Парагвај

За полуфинале вкрстуваат прв со втор дуел, трет со четврт, како што ги пишав. Така да се' е отворено за финале Бразил - Аргентина. До сега и најмногу покажаа двете ама видовме синоќа на Еуро дека не оди секогаш по планот па осеќам дека и тука ќе има некое изненадување.
 
1/4 финале:

Аргентина - Еквадор
Уругвај - Колумбија
Бразил - Чиле
Перу - Парагвај

За полуфинале вкрстуваат прв со втор дуел, трет со четврт, како што ги пишав. Така да се' е отворено за финале Бразил - Аргентина. До сега и најмногу покажаа двете ама видовме синоќа на Еуро дека не оди секогаш по планот па осеќам дека и тука ќе има некое изненадување.
Време му е на Меси ајде, ниедна екипа не е подобра од Аргентина моментално. Уругвај, Колумбија и поготово Чиле не се тоа што беа до пред некоја година.

Аргентина ги глеав со Чиле и беа боље ама немаа среќа да поминат. Чиле ги глеав и со Уругвај и играа исто, селски, а Уругвај беа доста слаби и некреативни.

Бразил ги неам глеано од СП ми се чини, вака по резултати делуваат стварно јако, и јак ростер имаат мада имаат и играчи на кои не им е местото у тим како Бразил.

Може Меси да ги излуди. Смирено делува некако, како да нема веќе притисок. Ова коментирам по таа една утакмица што ги глеав као што кажав и по тоа што читам низ интернет.

Ајде 100 години немаат ништо освоено, 5 финалиња изгубија у последниве 7-8 години ебате.
 
Аргентина и Бразил моментално доста се издвојуваат од другите репрезентации. Бразил по состав е најдобар и секако прв фаворит, но далеку дека сигурно освојуваат. Не ги гледав се уште на овој турнир ама од тоа што гледав прегледи имаа доста проблеми во играта на последните два меча со Колумбија и Еквадор.

Што стварно ми дава надеж дека е дојдено време за Аргентина. Се стабилизираа по првиот кикс со Чиле и за разлика од прошлата Копа изгледаат поорганизирано. Од 1993 чекаат на трофеј, куп финалиња изгубија, редно е конечно да им се посреќи.

Меси го игра можеби најдобриот турнир во кариерата. Стварно изгледа смирено, игра без притисок, против Уругвај и Парагвај како од забава се поигруваше со противниците. Буквално се гледа дека е лидер на репрезентацијата, нешто што често му фалеше на моменти низ кариерата, посебно на последното СП кога играше под голем притисок и нервоза.
 
Кој сељачки старт на Габриел Жесус синоќа. Дебилен црвен картон. Можеше да ги кошта Бразил полуфинале, Чиле добро ги налегна во второ полувреме, можеа да стигнат до пенали.
 
Не ми е јасно колку треба да си празан у главата за тај потег да га направеш, директно у затвор треба.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom