Мистичен
Човек
На овогодинешниот саем за висока технологија CeBIT во Германија, претставено е нешто од кое што на сите носталгичари по 80-тите години ќе им потечат лиги. Целосно нова верзија на култниот компјутер Commodore 64 (или популарно С64), кој своевремено го освои светот продавајќи се во 20 милиони примероци.
Новиот С64 доаѓа во четири различни варијанти: Commodore "Extreme Level" XX, Commodore GX, Commodore GS и Commodore G. Секоја од овие четири верзии во своето фино нашминкано куќиште крие бројни чуда на модерната компјутерска технологија, која според квалитетите на изведба рамномерно ја рангираат заедно со најсовремените персонални компјутери и најмоќните играчки конзоли, како што е на пример PlayStation 3. Сите нови "Комодорци" ќе работат на Windows Vista оперативен систем кој ќе го замени славниот син екран што ги поздравуваше корисниците некогаш одамна по вклучувањето на култниот С64.
Се подразбира дека на него ќе можете да ги играте најновите РС игри, а интересно е и тоа што за закоравените носталгичари ќе биде вградена и поддршка за игрите од стариот С64, кои предизвикаа и најголем интерес на промоцијата на новиот С64 на CeBIT.
Но (како што милуваат да кажат гласовите од глупавите ТВ емисии за продажба, на пример "Топ Шоп"), тоа не е се! Вашиот Commodore може да изгледа како што ќе посакате. Commodore им дозволува на своите купувачи по своја желба да го обликуваат изгледот на својот компјутер, да го украсат со неонски светла и/или да го насликаат по нивна желба.
Иако можеби е прерано за прогнози дали новата верзија на С64 ќе има успех на пазарот или неговите обожаватели се престари за оваков начин на забава, едно е сигурно - Commodore се враќа, и тоа со стил.