Colony

  • Креатор на темата Креатор на темата Brutus
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Слабо Sci-Fi фанови? Пред некоја недела почна втората сезона од Colony. Мене лично ми се допадна во старт кога ги видов еден од главните глумци во Лост (Соер) и докторката од Prison Break и The Walking Dead мислам дека му беше жена на Рик. И втората сезона добро си почна. Предупредување - серијава веројатно ќе им се допадне само на луѓе што сакаат Sci-Fi.
 
Ја гледам од почетокот, го има тој Lost vibe посебно со Соер и начинот на кој ја тераат приказната, обично се наивни поновиве серии од ваков тип ама ова е солидно. Дефинитвно е мн подценета на ИМДБ ако некој се води по тие рејтинзи имајќи во предвид какви се не срања се со 8мици а ова е 7ка.
Силна 8ца од мене, ако нема некој што да гледа давај и шанса.
 
Има многу безвезaлни моменти, ама серијата си тера сoлиднo. Би сакал малку вонземјани, или да видам некоја бавна прoгресијa на oтпoрoт, aмa продуцентите имаат изјавено дека многу малку или вooпштo немa да имa вoнземјaни. Ќе се базира на животoт штo ќе гo вoдaт луѓетo и кaкo ќе се снaoѓaaт пoд инвазијата. Oд мене 5/7
 
Каква е таа оценка 5/7?:)
Инаку да, многу слабо се застапени вонземјаните барем за сега, и се сведува на некоја дистописка приказна. Тензијата и сцените во првата епизода од втората сезона беа многу јаки за серија со ограничен буџет.
 
Јас уште ко почна се мислев да ја гледам, али слаби рејтинзи имаше и ја баталив. Нека изврви втора сезона, па ќе и дадам шанса. Чисто Соер да го видам, како е. :D
 
Каква е таа оценка 5/7?:)
Инаку да, многу слабо се застапени вонземјаните барем за сега, и се сведува на некоја дистописка приказна. Тензијата и сцените во првата епизода од втората сезона беа многу јаки за серија со ограничен буџет.
A perfect score. http://imgur.com/gallery/Gjcb5. То е. Он топик: Солидна осмица. Може да се надеваме на вонземјани, ама како што кажаа, слабо. Барем да му ја скратат косата на Соер, некако многу стрчи...
 
Ја следам и јас, и така sc/fi серии има се помалце или има ама ретко кои ги продлжуваат се надевам дека ќе си ја истераат приказната до крај како што си ја замислиле.
Првата сезона беше претежно како човештвото се снаоѓа во еден од блоковите, и како функционира човечката власт која е поставена од страна на вонземјаните.
Сега почетокот на 2ра сезона е интересен, полека почна да се отвара онаа приказна како доаѓаат вонземјаните, и како одредена група на луѓе се подготвувале за нивното простигнување.
Има уште многу неразјаснети работи и добар потенцијал за развивање на приказната.
 
Ми се појавуваше долго време на Нетфликс и решив да ѕирнам епизода или две... завршив со бинџ на 2 сезони за 3 дена. Тој што ја прекинал серијава треба да одговара на суд. Во кој свет се прекинува ваква серија?

Не се цени добар sci-fi, а посебно ме прави тажен тоа што луѓето не разбираат дистописки сценарија.

@џимеј, you might wanna look at it.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom