Club BE TWO

  • Креатор на темата Креатор на темата Stre3T Danc@
  • Време на започнување Време на започнување

Stre3T Danc@

The definition of #BFABB
Член од
10 април 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
146
Океј, знам дека за секој настан во B2 се отвараше посебна тема, ама еве јас овојпат земав иницијатива за отварање тема.
Можеби затоа што бев инспирирана од настанов овој петок. (:

За тие што можеби не знаат, B2 се наоѓа во зградата кај City Gallery, помеѓу Terranova и Caffe Exclusive.
Петок стандард има хип хоп засега, сабота Жаре чинам.. а за среда, четврток и слично, стварно врска си немам, ќе проверите сами (:

Овој петок (16.04) има журка по мој вкус и искрено ме изненади ваквата идеја, никогаш не помислував дека вакво нешто ќе се оддржи кај нас.
Дефинитивно ни требаат многу повеќе петоци како овој (:
Значи, подржувано од DJ Boogieman, или Огнен Андоновски - Street Dance friday !

26266_10150186142850002_568270001_11881909_888900_n.jpg

На репертоар ќе бидат највртените хип хоп филмски траки на кои слободно ќе можат да откачат сите љубители на уличниот танц (:
Нешто вака (знаете сами - Step up, You got served, Stomp the yard..)
Се надевам дека ќе се испочитува ова (:
+ Првите 300 посетители ќе добијат cd од последниот mix на Boogieman.

Темава и понатаму нека се надополнува со претстојните настани во клубот (:
 
26226_10150189819570002_568270001_11972733_3352722_n.jpg

Хип Хоп масакр во B2

Скопје во петок ќе доживее ултимативен хип хоп масакр и сите оние кои немаат познавање на ваков тип на доживување ќе имаат прилика овој петок во дискотеката B2 премиерно да си ја дозволат Хип Хоп масакр манијата на душата и телото.
Првиот дел од ултимативниот настап е конципиран со цел да ги спои 3те највлијателни хип хоп колективи и големи ривали во една вечер, екскулизвно на подиумот на Be Two.
На музичката арена своите сили ќе ги испробаат во исто време колективите Легијата, Токсикологија и Тим Арена.

- Арената прави промоција на новиот колектив наречен Ќелави глави
- Легијата го имаат првиот настап по промоцијата на последната трака "Иди у курац"
- Токсикологија го најавуваат новиот токсичен концепт на перформанс пред публиката
Столбот на овој хип хоп празник се Dj Boogieman и Dj Славе кои ќе ја диригираат атмосферата низ вечерта... поддржана од МНА!
 
email]

Само мала дополна, подочно да извадам дел од информациите. Нема да настапува цела Лагија, само дел.
Ронин само што ми пиша на профил.
 
Журкиве се одлични за фаци со таков вкус за музика...
Кој и да иде, ќе си помине мед, само, неможев да издржам а да не ги изругам флаериве -.-
Алоо! PAINT!
 
нешто инфорамции кога стартува?? после 00:00 или?
 
Овој петок има нешто како "семафор" забава, но со лижавчиња.

25642_1410882361764_1523652317_1014605_56134_n.jpg

Продолжуваат највкусните Хип хоп и R'n'b забави во градот @ Club Be Two.
Овој петок (30.04.2010) ви претставува Hip hop Lollipop со Dj Boogieman.
Уште на самиот влез следува гратис лижавче за сите срамежливи девојки за ослободување на своите вкусови и рпепуштање на подиумот.

Ѕtart 23:59. Be There !

*За првите 300 посетители со купена влезница следува гратис mix tape.
 
нема врска ова лижавчињава со семафор , розево плаво и окер боја за семафор ? :D
ја им предложив на фб да праат семафор ...
 
нема врска ова лижавчињава со семафор , розево плаво и окер боја за семафор ? :D
ја им предложив на фб да праат семафор ...

Па така пишува на флаерот нешо со боите. :/
 
Семафор воопшто нема врска со лижафчиња, барем колку што го разбрав. Лижавчињата означуваат колку изгледа некоја девојчица секси, додека семафор означува во каква љубовна состојба си. Црвено - зафатен/а. Зелено - сингл и Жолто - нешто помеѓу (зафатен-а што бара швалерај или сингл што не сака да брка мажи/жени таа вечер).
 
100% R`n`B вечер .. овој петок (07.05) .. LADIES NIGHT
Сите женски RnB вокали во една вечер, внимателно селектирани од грамофоните на DJ Boogieman.
===== СЛОБОДЕН ВЛЕЗ за сите девојки ======​

29459_1420362198754_1523652317_1036011_3281487_n.jpg

За првите 300 гратис mixtapе.
 
CVIJA & Ana Masulovich - вечерва

cvija.jpg

Во живо ќе настапи најпопуларниот белградски R`n`B тандем во моментот, Cvija и Ana Masulovich.

Карти во претпродажба во 17h денес на касата на Club Be Two. Останатите кои нема да успеат да купат карти во претпродажба ќе имаат можност вечерта на врата.

Warm Up : Dj Boogieman and Snow Black (live)

- Цена во претпродажба 200 ден.
- Цена на врата вечерва: 250 ден.

+18

Ексклузивен подарок за првите 300 посетители !!!

Контакти :
- Алек --- 075 682 949
- Richy -- 070 942 156
- Сузе -- 072 773 253
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom