Club 69

  • Креатор на темата Креатор на темата simoncence
  • Време на започнување Време на започнување
Како и за B2, фалеше тема за 69 (клубот, нели).. па мислев дека добро би дошла да се отвори една (:

Клубот се наоѓа на плоштад, карши City Gallery во трговскиот од десна страна на Nike му доаѓа. Опремен е по високи стандарди и ултра луксузен стил. Работи 4 дена во неделата ..репертоарот кој јас го знам е :
- Петок: DJ Branchez
- Сабота: Twisted 69
- Недела: Hip hop & R'n'b

18343_426300865612_834610612_10678890_1959368_n.jpg

Лично омилен ден за одење во 69, лично ми е недела секако (:
Од зимава почнаа со tributes на најголемите светски Хип хоп и RnB музички ѕвезди и морам да кажам дека немало лош провод досега (:
Малку непогоден ден за најслушаната музика, но ете.. Кој успева да отиде барем еднаш месечно - знае. Дефинитивно има поразлична атмосфера од другите клубови кај нас, и единствено место со атрактивни танчерки кои танцуваат цела ноќ (:

Оваа недела гостува DJ@War, повторно кај нас.. и бидејќи не бев првиот пат, а доби одлични критики планирам да видам како е.

DJ@War, US DMC Finalist and Urban Music Award (UMA) winner, is the most exciting DJ on the national and international scene, having toured throughout the US, Europe, Africa, and Asia, in over 20 countries and 40 cities throughout the world. His mixed sets of hip-hop, bmore club, electro, house, and rock have gathered a fanbase of all ages and cultures worldwide.

25118_379759702543_723662543_3894628_4239424_n.jpg
 
Бев 2, 3 пати и воопшто не ми се допадна. Ама воопшто, баш во недела бев. Премногу гужва, само се шетаат и се бутаат, башка еднаш од тие три пати, беше толку досадно, што ги броев буквално минутите додека не си отидеме. Не ми се допаѓа воопшто, тапа атмосфера. Клубот има одличен дизајн, убаво е среден, ама атмосферата е тапа. И башка, имаше и една-две неугодни ситуации, така да не планирам у скоро време пак да одам, посебно НЕ недела.
 
Еден збор за местово - ТОП, не го менувам за ниедно друго. Нема подобро во моментов.
 
се разбира после Club Colosseum:back::smir:

Мoжеби за тебе, но јас Колосеум не го сакам ич. Во 69 барем знаеш дека кога си на Вип сепаре не ти пуштаат секакви да те туркаат и таму кога си платил повеќе од останатите.
 
Мoжеби за тебе, но јас Колосеум не го сакам ич. Во 69 барем знаеш дека кога си на Вип сепаре не ти пуштаат секакви да те туркаат и таму кога си платил повеќе од останатите.

Тоа е разликата од добар до најдобар клуб, некој иде да не биде чепнат додека иде у КЛУБ да се "ЖУРКА" и што е најбитно да биде сликнат за да биде виден нели :)

Додека друг иде да се изнаскока во КЛУБ каде што не му пречи доколку има гужва, дојден е за музиката

Сепак да не почињам друга тема и да не идеме офтопик...секој по својот вкус .. :smir:
 
Какво сликање бе, каков КЛУБ??? Знаеш ли ти што значи зборот клуб? Ако ти е за играње имаш подиум(барем треба да имаш во објект кој се нарекува клуб И ТАМУ СЕ ИГРА АЛООО), а не сељачки играње по масите, тоа кај нас и во Зимбабве. Три пати ќе те изгазат, 4 пати ке ти ја истурат пијачката, тоа дека се прости, не по нивна вина. Шетни малце надвор од државава во запад и ќе ти стане јасно што ти зборам.Не оди секој во клуб да се журка, она вашето журкање што подразбира скокање додека стоиш на маса бе или во ненормална гужва. Вие сте од тие кои утре во школо зборат кај биле иако се изгужвале и се испотиле ко свињи, а тоа го нарекувате журкање, а јас не сум од оние позерите за слики на кадевечер. Добро си кажа, секој по свој вкус, но не навредувај. Сликање нема врска тука, не сум јас од таквите, едноставно сакам кога за нешто ќе платам тоа да го добијам.
 
Какво сликање бе, каков КЛУБ??? Знаеш ли ти што значи зборот клуб? Ако ти е за играње имаш подиум(барем треба да имаш во објект кој се нарекува клуб И ТАМУ СЕ ИГРА АЛООО), а не сељачки играње по масите, тоа кај нас и во Зимбабве. Три пати ќе те изгазат, 4 пати ке ти ја истурат пијачката, тоа дека се прости, не по нивна вина. Шетни малце надвор од државава во запад и ќе ти стане јасно што ти зборам. Добро си кажа, секој по свој вкус, но не навредувај. Сликање нема врска тука, не сум јас од таквите, едноставно сакам кога за нешто ќе платам тоа да го добијам.
Нема да реплицирам бидејќи тераме офтопик, само незнам каде виде дека навредувам ? Или можеби некој се пронајде тамо каде што не требаше ?
 
Нема да реплицирам бидејќи тераме офтопик, само незнам каде виде дека навредувам ? Или можеби некој се пронајде тамо каде што не требаше ?

Не тераме оффтопик, ја зборам за 69 во споредба со останатите клубови и се држам до тој контекст со мали исклучоци. И не се прави на удрен, првиот пост ти беше наменет за мене, коментираше на мој пост.
 
Хитмен, ако сакаш да седиш и да си пиеш пијачка на раат имаш мал милион кафичи низ Скопјево, а во клуб се игра, се џуска, се рипа. :)
 
Не тераме оффтопик, ја зборам за 69 во споредба со останатите клубови и се држам до тој контекст со мали исклучоци. И не се прави на удрен, првиот пост ти беше наменет за мене, коментираше на мој пост.

Брат незнам во кој клубови си бил надвор од државата и дали си посетил некој од топ -100 клубовите во светот, јас сум бил и да ти кажам дека во најдобрите дискотеки скоро и да нема сепареа(има многу мал број), се е со маси , мали шанкови и такви работи, и внатре влегуваат луѓе колку што собира дискотеката а не 500 повеќе како кај нас и затоа после ќе има туркање , стегање и глупости (плус во таа гужва тие 500 што ќе влезат плус ќе шетаат цело време наоколу и се содзава уште поголем дискомфорт)

еве како и за пример да видиш

amnesia_208.jpg

Amnesia

80910mar.jpg

Matter

aczjh8b3kf641fdi9r46ns8qt_g55gevf8.jpeg

И ете Yalta во Софија исто една од топ 100 клубовите во светот.

Клуб 69 си е стандард клуб повеќе за шеми бркање, нов е и навистина е супер суреден внатре за тоа немам збор, ама немој да објаснуваш дека за во клуб се оди за да седиш на вип сепаре.
 
Никако неможам да сватам како на некој му е интересно да иде во дискотека и да седи на сепаре цела вечер. Како што кажа мадерфакер имаш кафичи иди па седи , ја би да иам сепаре едино коа ке се искшрам на денсфлор да идам да си ја испраам кичмата малце. Ама 69 е многу позерски клуб и само некој фенси луѓе идат што рецимо сакаат да бидат видени... и нив им е битно кој на какво сепаре ке седи , тоа убавиот помин да седнеш на сепаре и дур седиш да не те бутне никој , а ако те бутне , е тогаш веќе значи дека не си поминуваш убаво.:kesa:
 
Брат незнам во кој клубови си бил надвор од државата и дали си посетил некој од топ -100 клубовите во светот, јас сум бил и да ти кажам дека во најдобрите дискотеки скоро и да нема сепареа(има многу мал број), се е со маси , мали шанкови и такви работи, и внатре влегуваат луѓе колку што собира дискотеката а не 500 повеќе како кај нас и затоа после ќе има туркање , стегање и глупости (плус во таа гужва тие 500 што ќе влезат плус ќе шетаат цело време наоколу и се содзава уште поголем дискомфорт)

еве како и за пример да видиш

Amnesia

Matter

И ете Yalta во Софија исто една од топ 100 клубовите во светот.

Клуб 69 си е стандард клуб повеќе за шеми бркање, нов е и навистина е супер суреден внатре за тоа немам збор, ама немој да објаснуваш дека за во клуб се оди за да седиш на вип сепаре.

Па што зборам јас цело време бе брат. Кај нас нема такви места. Се е направено со маси, високи во обичниот дел и сепареа во випот. А за тоа што кажа Slash како може на некој да му биде интересно да седи на сепаре, одговорот е многу едноставно. Не се сите напалени по мишка парти, гужви и гужвање. Има некои кои сакаат поинакви работи и одењето во клуб го користат за поинакви цели од играње и потење само.
 
Какво сликање бе, каков КЛУБ??? Знаеш ли ти што значи зборот клуб? Ако ти е за играње имаш подиум(барем треба да имаш во објект кој се нарекува клуб И ТАМУ СЕ ИГРА АЛООО), а не сељачки играње по масите, тоа кај нас и во Зимбабве. Три пати ќе те изгазат, 4 пати ке ти ја истурат пијачката, тоа дека се прости, не по нивна вина. Шетни малце надвор од државава во запад и ќе ти стане јасно што ти зборам.Не оди секој во клуб да се журка, она вашето журкање што подразбира скокање додека стоиш на маса бе или во ненормална гужва. Вие сте од тие кои утре во школо зборат кај биле иако се изгужвале и се испотиле ко свињи, а тоа го нарекувате журкање, а јас не сум од оние позерите за слики на кадевечер. Добро си кажа, секој по свој вкус, но не навредувај. Сликање нема врска тука, не сум јас од таквите, едноставно сакам кога за нешто ќе платам тоа да го добијам.

Ако јас отидам на журка ради dj ме боли стап дали ќе ме изгази некој,пошо не идам да фатам некоја цура,сум отишол ради dj.Е сеа ако некој сака да си биде дотеран и скоцкан цела вечер,а нема поим кој пушта музика таа вечер и отишол да биде воајер да збере материјал за вечер за под ќебе тоа е друга ствар.Ова не се однесуе на тебе лични,општо зборам за таквите фаци кои многу у задње време ги има.

Е сеа ако глеаме тоа сум платил за сепаре и не сакамд а се шетаат други кај сепарињата у вип дел,ондак и под 18 години не треба да пуштаат па пак има деца еден куп во дискотекиве и клубовиве кај нас,така да.......не функционира кај нас као на запад брат:smir:
 
Ок е брат, јас таков сум и не се срамам од тоа, напротив. Ние барем отсекогаш сме излегувале баш со таа намера и задоволството во излегувањето не го гледам во скокање и играње, туку во флерт и заведување, плус и исходот од вечерта може да ти се разубави многу. Муабетот ми беше дека ако е клуб нека биде клуб без маси/сепареа, или нека има подиум за играње, па кој му се игра слободно нека си игра. Ова кај нас не личи на ништо. Не сум против оние кои играат, но не личи на место каде има маси и сепареа некој да ти скока до тебе, нели?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom