Цитати

  • Креатор на темата Креатор на темата venera001
  • Време на започнување Време на започнување
КОШМАР

Што тоа правиш, сине?
Сонувам, мајко, како пеам,
а ти во мојот сон ме прашуваш:
Што тоа правиш, синко,
за што во сонот пееш, сине?
Пеам, мајко, како куќа сум имал ,
а сега куќа немам,
за тоа пеам, мајко.
Како, мајко, глас сум имал,
и јазик свој сум имал.
А, сега ни глас, ни јазик имам.
Со глас кој го немам,
на јазикот кој го немам,
за куќата која ја немам,
јас песната моја ја пеам, мајко.

 
Македонци, ние без среќа сме биле во оваа борба со душманот пален, но венец на слава пак ние сме свиле пред светот на подлост, и гнасен и кален.
 
Сигурно има некои мисли кои ви оставиле впечаток и ве навеле на размислување. Овдека можете да постирате и да ги изнесете и своите ставови за тие цитати.
Верувам многу ја знаат оваа, не знам точно чија е, можеби е народска:

„Човекот учи додека е жив“

Проста, но длабока поговорка. Секој нов ден човекот има можност да научи и запамти било каква информација или податок
 
Верувам многу ја знаат оваа, не знам точно чија е, можеби е народска:

„Човекот учи додека е жив“

Проста, но длабока поговорка. Секој нов ден човекот има можност да научи и запамти било каква информација или податок

Дали ова важи за лица со Алцхајмер?
 
  • Хаха
Reactions: A__
Дали ова важи за лица со Алцхајмер?
Кога се зборува за болести како Алцхајмер, работите стануваат многу поинакви.

Алцхајмеровата болест е прогресивно неуродегенеративно заболување кое ја нарушува меморијата, размислувањето и другите когнитивни функции. Секако, ова влијае на способноста за учење, бидејќи болеста предизвикува постепено губење на паметењето и способноста за обработка на нови информации.


Меѓутоа, во раните фази на Алцхајмер, постојат истражувања кои покажуваат дека некои аспекти на учењето, како и адаптирањето на нови стратегии, можат да бидат присутни. Но, како што болеста напредува, овие способности значително опаѓаат. За жал, Алцхајмер често ја намалува способноста за активно учење, затоа што основните когнитивни функции се нарушуваат.

Инаку когнитивни функции се размислување, пресметување, поврзување, длабоко изразување, анализирње. Со друг збор умствени: потребно е ниво на интелигенција за нивно извршување
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom