Цигара за пред друштво или потреба?

  • Креатор на темата Креатор на темата emmy007
  • Време на започнување Време на започнување
Има народ што троши пола плата на цигари. И баш ради ова доаѓа до проблеми во заедницата башка што по дома им пушат на мали деца односно еден од родителите тоа го прави значи како што кажав цигарата е перење мозок, ти пушиш и им штетиш на тие около тебе. Толку едноставно што мало дете може да разбере.

За се има решение, така да не мора одма да викаш дека фамилиите се растураат. Тато пуши цигари 30 години па никако ја нема загрозено фамилијата (семејството), да се изразам како тебе. Значи цигари дома не пуши никако. Летно време надвор, зимно време едно собиче имаме зад куќа, таму оди. Не може да ја троши пола плата за цигари, оти тоа е премногу, дај малце рачунај ако сакаш. Чим е родител и има деца, свесен е дека може да им штети и нормално нема да пуши пред нив. Ете ти пример дека не му го испрале мозокот. Сестра ми не пуши, што значи можеш да живееш со пушач и да не почнеш.
 
Ја не зборам за тебе зборам за луѓе што ги познавам. Секој си е различен, а штетата од цигарите на крајот не се поправа, не е таа само материјална ама секој си одлучува за себе. Јас конкретно на оваа појава гледам тоа што кажав претходно.
 
Пушењето и промена на времето се едни од најголемите предизвикувачи на најразлични болести. Ако те болит нешо сигурно ти е дека пушиш а ако не си пушач тогаш е заради промена на времево.
--- надополнето: 25 октомври 2012 во 05:52 ---
Цигарата не е само отров него уништува цели животи и фамилии. И магија е една голема пушењето цигари, никој не се родил со дневна потреба да пали цигара за да конзумира никотин, туку влијанието е многу во потсветса и перцепцијата.Што побрзо човек избега од ова големо зло на денешницатга толку подобро. Нема да зборам кој колку пари троши дневно, месечно а после одеднаш е шорц и се немало кеш за основни работи. Пак ќе кажам се е до перцепцијата. Цигарава за мене е едно големо перење на мозок. Тие што заработуваат перат мозок, тие што купуваат им го перат мозокот. Џабе се сите кампањи кога и политиката е замешана во оваа завера.

А само ќе дополнам уште една работа ракот на бели дробови пред 50-60 години скоро и да го немало, денес е прв рак-убиец на листа токму ради цигарите. Па сега нема понатак што да се зборат детски муабети, кога сето тоа е едно големо перење мозок и контролирана популација која после одреден период мора да се лечи.
Зошто ондак за време на најголемото перење на мозок (нацистичка Германија) имало строга кампања против пушењето ? ( http://en.wikipedia.org/wiki/Anti-tobacco_movement_in_Nazi_Germany )

А останатото шо го напиша дека пушењето уништувало цели фамилии ти е комплетна бесмислица. Ти ако си кретен(хипотетички ) неспособен да одгледуваш фамилија ,тоа дали палиш по неколку или ич нема никаква врска,ти ќе си останиш кретен. Истото ти е и со алкохол, некој ја тепал жената затоа што пиел,шо немат врска, тој ја тепат зш е тежок кретен (погледни околу тебе ,сигурно има некој што пие редовно а не прави никакви проблеми) . Сите пороци штетат само на инвидуата која ги ужива и на никој друг(како исклучок би го издвојал коцкањето кое што навистина можит да уништит фамилија заради знаеш кои причини). И да надополнам за пасивното пушење, ако си совесен пушач ќе гледаш да не создаваш пасивни пушачи во твојата близина, што е спротивно од пушач кретен кој во одредени случаи пуши и пред дете(во најлош случај и пред бебе). Сумирано , се е до карактерот на човекот ,идиоти има и кај пушачите и кај непушачите.
 
Цигарите потреба? Дај не треси. Која црна потреба!
 
Жалосно што се дешава во оваа младина , па дури и најубави и најзгодни девојки почнуваат да пушат цигари , а претходно не сум ги видел да запалат , сега палат :tapp:
имав среќа да прашам едно другарче на брат ми , кога првин ја видов темата ... го прашуам : Абе цигаре ли пушиш да бидеш кул пред сви ли ?
секако одговара ми позитивно ... крајно младинава е навлечена на пушење цигари .... никој ништо не превзема
 
Жалосно што се дешава во оваа младина , па дури и најубави и најзгодни девојки почнуваат да пушат цигари

Да, затоа што претходно само грдите пушеа :pos:

крајно младинава е навлечена на пушење цигари .... никој ништо не превзема ...

Ќути.. и ја викам поарно нека се дрогираат, кај се научија со воа цигариве
 
Мразам пропушачи еднакво колку што мразам антипушачи.
 
Да не ме реметираш за нешто ? :)
инаку секој си има право на одлука , јас не се мешам ...

Па ми дојде смешно оти викаш никој ништо не превзема, нема тука шо да се превземе, како шо кажав погоре тоа е право на избор.
Иначе пушат и грди и убави не се секирај :icon_lol: Нека не ти биде многу мака за убавите
 
Да не се лажеме, сите почнале да пушат за да се направат чалам или затоа што гледаат дека сите пушат, па зошто да не можат и они.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ~A~
Жалосно што се дешава во оваа младина , па дури и најубави и најзгодни девојки почнуваат да пушат цигари , а претходно не сум ги видел да запалат , сега палат :tapp:
имав среќа да прашам едно другарче на брат ми , кога првин ја видов темата ... го прашуам : Абе цигаре ли пушиш да бидеш кул пред сви ли ?
секако одговара ми позитивно ... крајно младинава е навлечена на пушење цигари .... никој ништо не превзема
Абе ти не знаеш на школо кај мене, сите пушат. 1/3 можеби пушат. Катастрофа!!!
 
Ќе пушам у друштво ако видам дека има и други шо пушат или па немам палено цигаре подолго време. Ако ми е за чалам, тогаш вреди ли да се тровам за чалам? Не.
--- надополнето: 25 октомври 2012 во 20:12 ---
Да не се лажеме, сите почнале да пушат за да се направат чалам или затоа што гледаат дека сите пушат, па зошто да не можат и они.
Ич не се сложувам. Ама ич, не дека нема и такви ама не можеш да глобализираш!
 
Ја си пушам после јадење,онака лезетски..Ќе си легнам на земја,и пуфффф..Чист одбран тутун пијам само...Од тој не се фаќа болест,само инстант вуртоглавица,и по некој пордеж.:icon_lol:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom