Цигара за пред друштво или потреба?

  • Креатор на темата Креатор на темата emmy007
  • Време на започнување Време на започнување
Да не претера малце? Пушењето е индивидуално и по желба. Не значи дека ако пушиш си паметен, а ако не пушиш си глуп и обратно. Не знам зошто воопшто правиш таква поделба, ако ти се пуши пуши ако не, не пуши. Не мора да навредуваш...

partsofcigarette.gif Па искрено слабо паметни да пробаат нешто вакво. КОЈ ОТРОВ!!!
 
Прегледај го приврзокот 51220 Па искрено слабо паметни да пробаат нешто вакво. КОЈ ОТРОВ!!!

Значи ти мене не ме разбираш изгледа? ЖЕЛБА! Кој сака! Никој не те тера тебе да пушиш, без разлика дали е за пред друштво или кога си сам, сфаќаш? Некој сака тој отров да го конзумира и тоа е негов проблем, не ти дава тебе тоа право да го нарекуваш глупав

Во животот немора се да се проба од љубопитност. Самата помисла на тоа што цигарата нема никаков вкус, а потоа што е премногу штетна ме одвлекува од помислата да почнам да пушам или воопшто да ставам цигара во уста. Немам пробано цигара, се немам испијането, за дрога да не правиме муабет и што ми фали што не сум зависна од никакви пороци? Одлично ми е вака и верувајте забавата е многу подобра. (y)

Aко сe имаш опиено неколку пати, на било каква забава тоа не е порок.... само кажуам :D
 
Имам само еднаш пробано неколку дима пред 6-7 години одприлика и грдо ми беше а и не гледам поента зошто да се труеш со нешто притоа и парите да си ги трошиш безвеза. Од тогаш ми се случило повеќе пати во друштво да ме тераат да запалам и јас цигар, да земам дим и слично но никогаш не сум го направил тоа ниту пак планирам во иднина.. најголема глупост се цигарите дефинитивно.
 
Зошто за пред друштво,за да се направиш "кул"?
Сигурно учиш во оние училишта висококласифицирани како што е во Прилеп,гимназијата каде што се се знае што правел,кој е кул,кој е сељак.
Па мора да ја следиш модата и да се распушиш цигари.
Јас би рекол дека пушењето на цигари е само потреба/желба на луѓето што сакаат да пушат.Некои си мислат дека му смируваат нерви,некои бидејќи уживаат во неа итн..

Јас да ти кажам пред другарите дирек на шприц се мавам за да бидам "јакиот шизик" во друштвото..
Послушај ме,пробај.
 
Де бе,ги кудите цигариве ко во вена да се маваме у пизду матер.не,не пушам пред друштво за да бидам некој манга,незнам шо,него ете онака,навика,желба.....
 
Значи ти мене не ме разбираш изгледа? ЖЕЛБА! Кој сака! Никој не те тера тебе да пушиш, без разлика дали е за пред друштво или кога си сам, сфаќаш? Некој сака тој отров да го конзумира и тоа е негов проблем, не ти дава тебе тоа право да го нарекуваш глупав :D
Значи сите знаеме дека цигарите убиваат, што е еднакво на самоубиство. И кај ти е логиката ако некој сака да се самоубие па ти со чиста мира да го оставиш.:confused:
Сигмунд Фројд пушел,глуп е?
Ти очигледно не ме сфаќаш. Сигмунд Фројд живеел од 1856 до 1939 година, не верувам дека тогашните цигари имале вакви срања.;)
 
Тутун си е тутун...Лошо објаснување ми даде и во тој тогаш имало никотин и катран и во овој сега или не?
 
Имам само еднаш пробано неколку дима пред 6-7 години одприлика и грдо ми беше а и не гледам поента зошто да се труеш со нешто притоа и парите да си ги трошиш безвеза. Од тогаш ми се случило повеќе пати во друштво да ме тераат да запалам и јас цигар, да земам дим и слично но никогаш не сум го направил тоа ниту пак планирам во иднина.. најголема глупост се цигарите дефинитивно.

Цигарата не е само отров него уништува цели животи и фамилии. И магија е една голема пушењето цигари, никој не се родил со дневна потреба да пали цигара за да конзумира никотин, туку влијанието е многу во потсветса и перцепцијата.Што побрзо човек избега од ова големо зло на денешницатга толку подобро. Нема да зборам кој колку пари троши дневно, месечно а после одеднаш е шорц и се немало кеш за основни работи. Пак ќе кажам се е до перцепцијата. Цигарава за мене е едно големо перење на мозок. Тие што заработуваат перат мозок, тие што купуваат им го перат мозокот. Џабе се сите кампањи кога и политиката е замешана во оваа завера.

А само ќе дополнам уште една работа ракот на бели дробови пред 50-60 години скоро и да го немало, денес е прв рак-убиец на листа токму ради цигарите. Па сега нема понатак што да се зборат детски муабети, кога сето тоа е едно големо перење мозок и контролирана популација која после одреден период мора да се лечи.
 
Значи сите знаеме дека цигарите убиваат, што е еднакво на самоубиство. И кај ти е логиката ако некој сака да се самоубие па ти со чиста мира да го оставиш.:confused:
Ти очигледно не ме сфаќаш. Сигмунд Фројд живеел од 1856 до 1939 година, не верувам дека тогашните цигари имале вакви срања.;)

Ај бе не треси многу. И да сакам да се самоубијам тоа си е моја работа, не твоја.
И да, не пушеле вакви срања, бетер! Ама толку си ја разбираш и ти ...
 
Ај бе не треси многу. И да сакам да се самоубијам тоа си е моја работа, не твоја.
И да, не пушеле вакви срања, бетер! Ама толку си ја разбираш и ти ...
Навистина, ако ова е твоето мислење се виде колку си човечен.
Какви бетер срања, сите знаеме дека со годините се' повеќе се ставаат штетни материи во цигарите и вистинскиот тутун го снемува.
 
Навистина, ако ова е твоето мислење се виде колку си човечен.
Какви бетер срања, сите знаеме дека со годините се' повеќе се ставаат штетни материи во цигарите и вистинскиот тутун го снемува.

Супер, мене тоа ми е убаво. И го правам затоа што сакам, а ти ако не можеш да разбереш зошто и не ти е јасно, речи "Не сфаќам и готово". Не го прави тоа и таман е. Шо има да кажуваш дека непушачите биле нешто повеќе од пушачите?

Цигарата не е само отров него уништува цели животи и фамилии.

Ај објасни како тоа цигарите уништуваат фамилии. Стварно ме интересира
 
Супер, мене тоа ми е убаво. И го правам затоа што сакам, а ти ако не можеш да разбереш зошто и не ти е јасно, речи "Не сфаќам и готово". Не го прави тоа и таман е. Шо има да кажуваш дека непушачите биле нешто повеќе од пушачите?

Ај објасни како тоа цигарите уништуваат фамилии. Стварно ме интересира

Има народ што троши пола плата на цигари. И баш ради ова доаѓа до проблеми во заедницата башка што по дома им пушат на мали деца односно еден од родителите тоа го прави значи како што кажав цигарата е перење мозок, ти пушиш и им штетиш на тие около тебе. Толку едноставно што мало дете може да разбере.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom