Чварки

  • Креатор на темата Креатор на темата NikolaMKD91
  • Време на започнување Време на започнување
Овие од Мик ми изгледаат убаво испрежени 400 ден кг. Ги е пробал некој да ми каже дали се мрсни или дали во нив има месо. :D

400 денари за кило чварки мислиш дека се исплати? За вакво чудо повеќе од 200 денари ни на сон не би дал.
 
400 денари за кило чварки мислиш дека се исплати? За вакво чудо повеќе од 200 денари ни на сон не би дал.

Чиста сланина 1кг е 100 ден епа види дали не се исплати 400 ден за се готово направено и плус некое месо внатре.
 
400 денари за кило чварки мислиш дека се исплати? За вакво чудо повеќе од 200 денари ни на сон не би дал.

Кој ќе објасни зошто килограм чварки е поскапо од килограм св.месо.
 
Чиста сланина 1кг е 100 ден епа види дали не се исплати 400 ден за се готово направено и плус некое месо внатре.

Ја би прескокнал сепак, подобро месо некое чисто или пак риба поквалитетна за овие пари откако ова чудо. Убав ми е холестеролот и не сум во план да го сјебам ;)
Инаку ко помал знам праеја моите дома ко ќе се колеше свиња, со ајвар и пинџур беа стварно добри.
--- надополнето: 15 октомври 2013 во 21:35 ---
Кој ќе објасни зошто килограм чварки е поскапо од килограм св.месо.

Разбирам дека за килограм чварки додека се испржат ќе појде барем 2кг месо (сланина со удинче малку) али пак не би дал 400денари. Инаку има една врањанска 100кг свиња- 200кг чварки салото без пари :)
 
Чиста сланина 1кг е 100 ден епа види дали не се исплати 400 ден за се готово направено и плус некое месо внатре.

Не се исплати другар. Јас имам јадено од тие чварки на мик свети Николе . Како прво не се тазе, второ многу се ситни, нешто малку покрупни од мелено месо, покрај чварки меѓу нив може да се најде некои недефинирани кожинки.

Подобро за 400 денари, да си купиш 4 кила сланина лично ти да си ја стопиш покрај чварки ќе ти излезе и свинска маст која можеш понатаму да си ја користиш за готвење.Дупли ќар. Плус највкусните чварки се оние што се сервираат топли, исто како штотуку зготвен ајвар. Прсти да излижеш.

Кој ќе објасни зошто килограм чварки е поскапо од килограм св.месо.

Тука има добро објаснување

Их од кога немам јадено чварки викајте на гости :D
Сос ракија ги мезам.

Заеби аронија, чварките се права ствар. :pos: Кога ќе дојдеш во МК, помини обавезно во СК кај мене на домашни чварки и ракија . :love:
 
Интересно ова со чваркиве и цената.
Еве како тоа оди на нашите пазари (овде).
Чварките тука нема да ги најдете пакувани по 1 килограм (цената е 400 ден)
туку спакувани во кесе по половина килограм цена 200 денари,така народот некако се лаже,поточно му доаѓа некако поевтино вака 200 за 1/2 од кило.
Поретко ги има онака на мерење од леген,скапа изгледа цената за очи.
----------------
Аронија или чварки прашање е сега: 400 х 400. Здравје или холестерол, па бирај народе.
 
Е убаво ја кажа оваа со аронијава, батали аронија јаде чварки поздрав ќе бидеш со гаранција :D
 
Не се исплати другар. Јас имам јадено од тие чварки на мик свети Николе . Како прво не се тазе, второ многу се ситни, нешто малку покрупни од мелено месо, покрај чварки меѓу нив може да се најде некои недефинирани кожинки.

Подобро за 400 денари, да си купиш 4 кила сланина лично ти да си ја стопиш покрај чварки ќе ти излезе и свинска маст која можеш понатаму да си ја користиш за готвење.Дупли ќар. Плус највкусните чварки се оние што се сервираат топли, исто како штотуку зготвен ајвар. Прсти да излижеш.

Имам дома такви само од сланина како смоки се, ама премногу мрсно ми е гадно за јадење. Имам купувано едни мислиш како пржено месо се, ама веќе ги нема се опаметија месарите ги продаваат без месо. Останаа само оние од Мик. Ама како што викаш подобро свиња да си купам сам да си направам отколку тие како песок. :D
 
Чварки и Палента мјамииииии и плус овчо кисело млеко од Кожле земено перфект :) аххх
 
Имам дома такви само од сланина како смоки се, ама премногу мрсно ми е гадно за јадење. Имам купувано едни мислиш како пржено месо се, ама веќе ги нема се опаметија месарите ги продаваат без месо. Останаа само оние од Мик. Ама како што викаш подобро свиња да си купам сам да си направам отколку тие како песок. :D

Така е, верувај нема ништо повкусно од домашно зготвено и направено. Мада има некои купечки чварки што се квалитетни и вкусни блиску до домашните, ама ретко се наоѓаат. Повеќето се индустриски. Ова е исто како да споредуваме кој ајвар е повкусен домашниот или од продавница :)
 
пробајте јадејте погача/баница со чварки некаде накај 5 саато сабајле и после елајте споделејте как спијаате после тоа ;)
 
Да кажам нешто околу оваа тема...... подобро нешто од домашни чварки нема...... лани купив од Стокомак кило чварки за 60 денари. Почудно нешто немам пробано..... беа како мешано брашно, сол и
пластифицирано месо.
Добри купечки чварки има во Мик Св. Николе :)
 
Их од кога немам јадено чварки викајте на гости :D
Сос ракија ги мезам.

Кисела зелка со црвен пипер и букоец наросена али онака на 4 поделена помала некоја малку маслиуново масло одозгора и еден ваган земјен чварки ама малкуууу сосема малкууууу стоплени со се вангалата во релна, ракииче 4/5 годинки стара лежена во багремово буре туф туф туф.
Абе се јаде и пие до сабајле ни да те фати ни бутур, а за ручек може бакардан со чварчиња завиткан во лист кисела зелка, и ги налеваш одозгора со ледно црвено винце.
БРЕЕЕЕЕ ЛИГИ МИ ПОТЕКОА :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom