Чварки

  • Креатор на темата Креатор на темата NikolaMKD91
  • Време на започнување Време на започнување
Е ајде де чварки, шо ние срби ли сме

Не сме ни бугари па џимиринки да ги пишува, иначе ЧВАРЦИ Е српски Чварки е македонски ЏИМИРИНКИ е паланечко/струмичко/беровско бугарски.
 
Море насловов само што го видов ми се пријадоа.:vozbud:
Кај бре вакви теми навечер отварате, значи ич не сте фер.

Ги јадам со се. И малку помрсни да се, нема проблем, вкусни ми се. Иначе тие што се крцкавите, со повеќе месо што се, обично си ги грицкам прво нив. Леле мераци. Ќе си купам утре...

ЏИМИРИНКИ БРЕ!
 
^ ^ ^ ^
Техничко дополнување - Пршки е по охридско струшки дијалект.


А ок се, со осет ако ги конзумираш.И со вино.
 
^ ^ ^ ^
Техничко дополнување - Пршки е по охридско струшки дијалект.


А ок се, со осет ако ги конзумираш.И со вино.
е тука е маката, да имаш осет. али после неколку флаши вино веруј го губиш осетот :place:
 
Су топло домшно лепче и сиренце и џимиринки само од тие мама шо ги праве ммм...

А секој јануари се собираме цел сој(мојо клан:)
,и си праваме бакардан(тие шо умеат),со чварки и со домашни кабаси и со прикаски од старите:):)
 
Их од кога немам јадено чварки викајте на гости :D
Сос ракија ги мезам.
аман ма жено и ова со ракија :) со црвено вино и буковец се јаде ова :D
 
Не сме ни бугари па џимиринки да ги пишува, иначе ЧВАРЦИ Е српски Чварки е македонски ЏИМИРИНКИ е паланечко/струмичко/беровско бугарски.

Беровско/Струмичко можеби, но Паланечко не.
И таму викаат чварки :)
 
аман ма жено и ова со ракија :) со црвено вино и буковец се јаде ова :D
Све со ракија, ова чваркиве со калапче сиренце и ајварче на чинијата добро наместени, некое масличне, вратче некое парче и у средина чварки. Мх мх уште од сабајле лиги ми потекоа.
 
Кисела зелка со црвен пипер и букоец наросена али онака на 4 поделена помала некоја малку маслиуново масло одозгора и еден ваган земјен чварки ама малкуууу сосема малкууууу стоплени со се вангалата во релна, ракииче 4/5 годинки стара лежена во багремово буре туф туф туф.
Абе се јаде и пие до сабајле ни да те фати ни бутур, а за ручек може бакардан со чварчиња завиткан во лист кисела зелка, и ги налеваш одозгора со ледно црвено винце.
БРЕЕЕЕЕ ЛИГИ МИ ПОТЕКОА :icon_lol:

Ѓеј. :icon_lol::icon_lol::icon_lol::icon_lol:

Пресни џиберинки ќе правам около Божик. Здравје да има само.
 
На ваша страна сум и јас сакам чварки,посебно се разбира
кога ќе падне снегот,само што мора тоа да бидат купени,
немаме ние услови за домашни,или пак на гости онаму кај
што и си чуваат свињи,а тоа е најчесто во малешевијата.
Со качамак и расолница се најдобри-незам зошто само
вино спомнувате,пробајте со расолница-розева да реже.
 
Многу бе ги направиле, цената во МИК е над 400 ден од кг. Има некаде каде што се продаваат поефтино?
 
Јас ги сакам малку покасно во есента - комбинација со салата од кисела зелка и ракија - целодневна „настава“, крај нема...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom