И кои се тие правилни или нечудни приоритети? И кој е тој што има право на некому да му кажи што да прави со своето време и пари?
Па тоа де дискутираме. Кажи си кои се твои приоритети и кои приоритети за тебе се чудни или неправилни.
Нормално е секој човек да си има свои приоритети и цели. Реков јас секоја чест на исклучоците, но во глобала ситуацијата е како што споменав во претходниот мој пост на темава.
Крај краева не судам на никој, кој што сака нека си работи, но не може а да не се посочи на слонот во собата.
Еве јас за мене може да зборам на пример:
И јас бев како тие луѓето што ги имам споменато претходно - кладилница, кафиња (2-3 дневно), кафани, пијанки... Се е тоа нормално и поучно некое време. Но што со фактот што повеќето луѓе наоѓаат комфорт во овој начин на живот и се убедени дека тоа е правилниот начин на живот? Јас за мене можам да кажам дека дека не станав еден од тие луѓе иако заглавив бајаги. На 26 години ми текна дека не сакам повеќе да живеам така. Едноставно многу проблеми се ствараа во фамилијата (финансиски).
За некое време, по некој чуден склоп на околности се најдов надвор од државата, 26 години, без никакво работно искуство, без никакви приходи... Зезнат период од животот, но доста поучен. Тогаш кога не си зависен од никој - најлесно ќе се осознаеш. Тогаш ќе си го пронајдеш својот потенцијал. Ќе пробаш се и сешто додека си го пронајдеш местото во општеството.
Без многу тупење, си најдов работа што нема врска со тоа што учев на факултет, но со упорност и желба за докажување успеав да бидам унапреден 3 пати во рок од една година. 3 години подоцна, сега, можам да кажам дека финансиски стојам многу подобро. Не планирам да се враќам во Мк и во никој случај не би сакал моите деца да раснат таму. Самата помисла дека и тие можат да се навлечат на таа комфортност ме вади од такт. Тука менталитетот е друг и нема шанси да станат џаболебароши.
У кратки црти, кој што сака нека си работи, ако некој сака да стане џаболебарош и да сонува дека секој момент ќе му се јават да го вработат како некој менаџер - тогаш нека си сонува. Јас тоа не би сакал да им се случи на моите деца.