Чудни македонски зборови

  • Креатор на темата Креатор на темата anaveno
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам дали е негне пишан, да не проверувам 80 страни....али мене ми интересен...
Ј'рмлази
Се употребува во Велес, за растение што во Скопје го знаат како чичока
 
Намнисување = потсетување,
Да ти намнисам = да те потсетам на нешто (да не заборавиш да направиш).
( Не е потсетување како потсетување на некој настан, или случка, туку повеќе како потсетување дека треба нешто да се направи, да се појде некаде и сл.)
 
цицка те изела (да те процеди пролив) - клетва од Горни Дримкол
 
Џгарлеб,така го викет галебот пештанцине!
 
урлик - силно викање
замалуат - плач без престан[DOUBLEPOST=1464803106][/DOUBLEPOST]цвикан,прецвикан - исечено на пола
лупнато - удрено
го бапна - го закачи
го излапа - го изеде
 
Последно уредено:
од мојот лерински дијалект
Мисур - чинија
с'ти - сите
воа - ова
Планучки - јагоди
К'ртол - компир
Луканец - колбас
Думан - прашина
Пепoн - диња
Лафе, Лаф - зборува, збор
Стори - случи
Пули - гледај
Дека или Деа - каде
сиктер унајќи - get lost или fuck off
сполај ти - фала
бендисва или аресва - допаѓа
Богројца - Богородица
страм, стред, стреда - срам, сред, среда
п'делник - понеделник
пампур - воз
соба - шпорет
сепење - операција
чупа - девојка
[

стис - ѕид
"да се ќердосат" - честитки за невестата и младоженецот
"суздрае" - (со здравје ?) честиткa кога некој купи нешто
"ќе те почудат" / "да не те почудија?" - урокливо око
киниса / "турни ме да кинисам"
"за греој..." - кога ќе видиш нешто безнадежна, тажен, жално
починвам - одморувам
"ќе се врнам" - "ќе се вратам"

секојпат - секогаш
војден - денес
величка - вилушка
сој - род, семејство потекло
фртома - јаже

аџеба - "зошто не му рече?" - "аџеба ме слушат?" (очигледно не)
кешки - "немаше оште, кешки земи појќе вчера..."
ниет - намера? ("имам ниет да одам во пазарот утре" / "Дали се ожени тој?" - "не бре, абре нема ниет!"
 
Фртома изгледа ти е правописна грешка зашто ортома е дијалектот од југозападна МК кој ете го има и во леринско. Аџеба исто, треба да биде аџаба. Ниет значи намера и на денешен турски, кешки ке му дојде како камо (камо денес да отидов ,камо да се случеше ова, камо да го/ја видев )
 
не е грешка, ние леринчани го нарекуваме фртома или ф'ртома.

и исто ги нарекумаве како што е напишано: аџеба, тамам, џаба, борџaм (должaм), арџaм (трошaм), асално (нормално)

и овие:
зографисфам - цртам
кадро - фотографија
боп - грав
потфас - јогурт
"јок да се сториш" - get lost
 
Последно уредено:
Тевна = мир, тишина, отсуство на гужва од луѓе
 
ПРЕВЗЕЛУВАЊЕ
Со меко Л ( како втората л од лале)
Аздисување, беснеење, барање преку леб погача. Рекански говор,
Дете не превзелувај!
Не збеснувај, не барај преку леб погача:D
 
Ако може некој да го објасни зборов подетално :
з`гна - мислам дека има потекло од источниот регион на МКД и ке му дојде нешто како настрви
 
Ако може некој да го објасни зборов подетално :
з`гна - мислам дека има потекло од источниот регион на МКД и ке му дојде нешто како настрви

Го имаш и во стандарден македонски како загне.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom