Друже од кај имаш извор за ова, ај пушти линк да разгледаме ако може!
Изворите ми се од многу. Собрано ми е се во содржина од најмалку 400 и нешто страници. Ќе треба да пуштам постиви по постови за линкови од целиот материјал. Кажи ми која работа посебно те интересира, ќе ти дадам линк. Па после друга, па после трета, во ред? Постепено, зошто нема шанси да ти ги најдам сите линкови одеднаш.
Хмммм.. има бизарни моменти, посебно со двете исцицанни сонца и со тоа каков бил три-сончвиот систем огоден за живот и погореспоменатите хемикалии... ама ја имам ваква забелешка:
Зашто викаш дека е твојат теорија. Не е фер така, ако преведуваш од книга, нели?
Книги, енциклопедии, информации од документарци, информации од нет, и мој фил на сето тоа. Дечкото пред неколку поста го спомна Алекс Колиер. Ако ти дадам линк од него сега ќе видиш дека материјалот од него ми е преработен во моја лична форма и перспектива. Не како што тој тврди. Значи сепак до некој степен Е моја теоријата. А гледам информациите што ги собирам да се слични, за да може да се извлече заклучок. Значи не ми е се од една книга. Ме сфаќаш?
Инаку Алфа Драконите и тие од соѕвездието на Орион имаат посебна технологија која го убрзува стареењето на сонцата. Позитивната работа на оваа технологија е дека сонцата не стануваат супернови, туку енергијата се искористува како оружје. Но искористувањето на оружјата сепак има последици врз околните планети, бидејќи има радиоактивно зрачење (секако не е смртоносно, зоште се уште сме живи зар не?). После т.н. процес на "ишмукување" не останува ништо од ѕвездите. Инаку Алекс Колиер неодамна кажа дека од трите сонца останале две. Едно е мало и се наоѓа позади нашето сонце во tidal lock положба, и затоа не го гледаме. Ама ете, тоа не го вклучив во мојата теорија нели? Не препишувам, туку формулирам мои теории, и според мене, имаме едно сонце сега. А тоа за Соларниот Систем како тринарен систем .... не знам, НАСА вика дека живот тешко се создава на бинарни системи , а камо ли на тринарни (Но НАСА вели многу работи од кои многу и не се вистинити)... И самиот го имам учено тоа по online курсеви на астробиологија, ама сепак имам отворен ум и прифаќам и други теории ...
Тој материјал од 400 страници ми е само за потеклото а настанувањето на универзумот, разните цивилизации и нашата раса. Имам посебен материјал кој го собирав по нетот (бидејќи не знам од кое друго место би можел) исклучиво само за вонземска технологија. Имам голем чаптер за Орионската технологија посебно. Ако има интерес, ќе го објавам и тоа, само не знам колку ќе се совпадне со темава тука, ако има тема што обработува егзотични технологии, можам таму да го ставам, не знам, останува на интересот на читачите ....