Човековата алчност

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Темава е инспирирана од опкружувањата околу нас, од човековите особини. Алчноста е во мене, во тебе во сите нас. Кај некој повеќе, кај некој помалку...
Но прашањето ми беше: Што е она што не тера да бидеме алчни, зависни, зошто го правиме нештото иако знаеме дека е погрешно?

Алчниот човек не можеш да го препознаеш, тој може да биде до тебе, во твојот круг на пријатели или во твојот дом... но ти ќе бидеш измамен. Превезот на твоите очи е ставен, ќе го тргнеш но предоцна. Значи сакам да слушнам и искуства со вакви луѓе и еднаш да решиме дали е точна изреката Хомо хомини лупус ест - ''Човек на човека е волк''.
 
оооохххоооохххооооо друже не да е точна него сега да видиме не дека човекот е многу алчен него се претворува во ѕвер когасе во прашање парите и моќта но народната вели дека човечкото око е ненаситно и секогаш му е малку убаво кажале дај му на човек моќ и пари и ќе му го видиш наравот
 
There is enough in the world for everyone's need, but not enough for everyone's greed.

Не за џабе е еден од седумте смртни гревови.
 
Искрено не можам да го сфатам овој тип на луѓе, на кои само материјалното т.е. богатството и значи во животот. А во последно време има еден куп такви луѓе кои цели семејства си уништуваат се со цел во животот да дограбат денар повеќе.
 
Мислам дека темата не е само за алчноста во материјалните работи, туку и за алчноста воопшто..Алчноста по пари, алчноста за се поголемо внимание, алчноста за љубов(од каде произлегува љубомората)..и тако даље..Мислам дека секој човек има проблем со ова многу грда особина.
Човекот не може да ја искорени од него, ама затоа да се обидеме да ја контролираме за да не ја премине црвената линија
 
Алчноста најмногу е поврзана со парите...
За пари политичарите забораваат на своите ветувања....
За пари се забораваат брат со брат....
За пари жената го издава мажот.....
За пари прекрасни девојки одат со типични сељачишта....
За пари менуваат нација.....
 
Алчноста ти е една од основните човечки особини и бидејки е со нас толку долго време,постои во самата потсвест на секој човек и одвреме навреме испливува на површина.
Значи,скоро е невозможно,човек да еволуира морално до тој степен,за да ја исфрли алчноста од својот карактер.
Кога би се случила таква револуција,човештвото би отишли напред со светлосни години...
 
Тоа би значело дека ќе еволуираме во некој друг понапреден вид, на кој ние ќе му бидеме како нас мајмуните:helou:
 
Но прашањето ми беше: Што е она што не тера да бидеме алчни, зависни, зошто го правиме нештото иако знаеме дека е погрешно?
Најчесто ова се појавува од некое незадоволство со самите нас.
 
... Но прашањето ми беше: Што е она што не тера да бидеме алчни, зависни, зошто го правиме нештото иако знаеме дека е погрешно?

... дали е точна изреката Хомо хомини лупус ест - ''Човек на човека е волк''.

Имаш нешто, поминува време, се заситуваш од тоа и сакаш повеќе од истото за да разбиеш монотонија, да си го храниш егото, срцето, новчаникот ...
Едноставно е тоа и скоро секој човек ја има алчноста, но не би знаела како може тоа зло да се искорени или намали. Не дека во секој случај е зло, некогаш може да биде и позитивна алчноста, но и тогаш ако се нема граница, пак на злобна карактеристика се враќа.
А зошто го правиме сето тоа? Го правиме затоа што не размислуваме многу ... ќе си кажеме дека е погрешно, но не навлегуваме подлабоко во тоа ... погрешно е, ама посилна е од нас желбата да си задоволиме некоја потреба.

Во врска со изреката ... да, мислам дека е точна. Алчен човек нема никогаш да помисли на тебе и ако може и од тебе да земе, ќе земе без да те стави на памет.
 
Алчност. Луѓето се толку навикнати да ги гледаат работите од една страна добра или лоша. Алчноста секогаш е гледана од негативен аспект затоа што обично тоа подразбира интриги, заебување на други, малициозност итн што може но и не мора да биде така. Не сум тука апологетски настроен меѓутоа ќе се осврнам на еден цитат што јасно го доловува тоа.

The point is, ladies and gentleman, that greed -- for lack of a better word -- is good.
Greed is right.
Greed works.
Greed clarifies, cuts through, and captures the essence of the evolutionary spirit.
Greed, in all of its forms -- greed for life, for money, for love, knowledge -- has marked the upward surge of mankind.

Или за визуелниот ефект.
[media]http://www.youtube.com/watch?v=_icgdMQ4MdQ[/media]

Не е се така црно-бело.... некого што вие го мислите алчен друг го мисли како перспективен, работлив, домаќин и тнт.... треба да се прави разлика.... но во суштина мислам дека баш алчноста е една од тие неколку двигатели што го туркаат човек секогаш да оди напред... да се посоврши... да инвестира.... да гради... да унапредува...
 
Темава се измеша со човековата амбиција и предизвикот за успех....
Алчноста мене ме асоцира на погана особина која го блокира човековиот ум да перцепира и рефлектира се што е убаво
 
Но прашањето ми беше: Што е она што не тера да бидеме алчни, зависни, зошто го правиме нештото иако знаеме дека е погрешно?

Потребата да се има што е можно повеќе (најчесто материјално), љубомората кон луѓето од околината и она што тие го поседуваат се најчестата причина за алчноста на една индивидуа.
Човекот заслепен е и занесен од таквата желба, која не му дозволува да согледа дека прави грешка со таквото однесување, се води единствено со потребата за постигнување некаков успех.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom