Човеколики мајмун или Адам и Ева?

Како настанале луѓето?

  • Човеколики мајмун

    Гласови: 162 66,9%
  • Адам и Ева

    Гласови: 80 33,1%

  • Вкупно гласачи
    242
Мене едно не ми е јасно, зошто ни раснат влакна на целото тело?
Исто и кај мајмуните, сите мајмуни имат влакна по целото тело, исто и ние, луѓето.
Но сепак на мајмуните им раснат повеќе влакна за разлика од луѓето, значи пак има некој сличности.
Па сега од кај тоа Адам и Ева? Ја мислам дека нашето потекло е од Човеколиките Мајмуни.

Потекло од мајмуните...Абе има на Рипли даваа Маж ( не знам како се викаше ) целиот бесе влакна по телото :nesvest::kesa:
 
Значи некому не му е јасно како се случила еволуцијата и како денес постојат луѓе и мајмуни и не сака да размисли, да се обиде да сфати. Ама баш му е верно како Бог од кал направил тела и со магично стапче им дал живот... Бре, бре, бре,.. како бебиња ли им е читана таа приказна.

Кога некој ќе ми приложи доказ дека лугето се настанати од кал, тогаш ќе верувам, а не така од приказни. За Дарвиновата теорија за еволуцијата има многу докази, а доволно е и да е 80-90% точна. Со време ќе се дообјаснат и многу денес нејасни прашања. Сепак тоа што го нуди теоријата за еволуција е реално, далеку пореално од Адам, Ева, кал, змија што зборува...
Порано се верувало дека сонцето се врти околу земјата, а оние кои не верувале и спореле биле палени на плоштад. Науката ни покажала и докажала дека не е така.

Инаку Библијата е литературно дело со вистински висок квалитет, но не треба да се сфати буквално. Се што е напишано има некоја друга поента, а едностраното толкување е всушност нејзино злоупотребување.
 
Devil6 какви докази за еволуцијата има? Кај виде? Еве за 2000 години (откако знам за себе :smir:) дали некој вид е изменет во друг? Или за ова се потребни милијарди години? Макар мала мутација на цел вид (не збориме за подвидови субспециеси), не за единки.
Ништо не е докажано, нит ќе се докаже. Ниту Адам, ниту еволуција.

Тоа е исто како (во една друга тема спомнав) да барате доказ дали Господ го створил светот или биг бенг-големиот прасок. За да го докажете тоа физички
1. треба Господ во двор пред врата да го донесете
2. големиот прасок-големата експлозија да ја изведете во својата дневна соба.

Кој ќе ги изведе овие експерименти тој ќе победи.

Мислам дајте Дарвин, Адам...докажано... ништо не е докажано нит може да се докаже. Ве лажа комуњарите
 
Еволуцијата е докажана само теоретски, а знаеме дека многу работи кои се докажани теоретски не се изводливи практично.
И има дупка во теоријата, која сега се објаснува со НЛО - сваштарии итн.

Ама Адам и Ева не се ништо поверодостојни од мит за Сизив на пр.
 
Ние луѓето сме толку многу импресионирани од новите работи,па и теории.​
Колку паѓаме под влијание и на шмекот на модерните костуми. Доста е некој да облечи скапо одело, убава вратоврска,светнати чевли.... и тој е оној вистинскиот, Тој ја зборува вистината. Така не влечат за нос политичарите,така не воспитуваат сега некои уфирцани непогрешиви професорчиња. Наши предци мајмуните:uvo:? Изгледа јас сум старомоден и заостанат и велам: јас сум создаден по Божји лик,со тело смртно(прашина) и бесмртна душа. А дали ќе еволуирам во нешто друго,тоа зависи од дарвинистите ,ако измислат некоја вакцина и измутираме во нешто страшно, е тоа е прашање?
 
Devil6 какви докази за еволуцијата има? Кај виде? Еве за 2000 години (откако знам за себе :smir:) дали некој вид е изменет во друг? Или за ова се потребни милијарди години? Макар мала мутација на цел вид (не збориме за подвидови субспециеси), не за единки.
Ништо не е докажано, нит ќе се докаже. Ниту Адам, ниту еволуција.

Тоа е исто како (во една друга тема спомнав) да барате доказ дали Господ го створил светот или биг бенг-големиот прасок. За да го докажете тоа физички
1. треба Господ во двор пред врата да го донесете
2. големиот прасок-големата експлозија да ја изведете во својата дневна соба.

Кој ќе ги изведе овие експерименти тој ќе победи.

Мислам дајте Дарвин, Адам...докажано... ништо не е докажано нит може да се докаже. Ве лажа комуњарите

Еволуцијата е докажана само теоретски, а знаеме дека многу работи кои се докажани теоретски не се изводливи практично.
И има дупка во теоријата, која сега се објаснува со НЛО - сваштарии итн.

Ама Адам и Ева не се ништо поверодостојни од мит за Сизив на пр.

Помина времето кога теоријата на еволуцијата беше недокажана. Денес особено со пробивањето на генетскиот код и со ДНА анализите веќе нема сомнеж во теоријата. Таа е сега факт. За тоа има безброј докази за кои може да се видат и ден денес со некои научни експерименти.
За вонземјанците не постои такво објаснување и таква дупка. Само фантазии на некои индивидуи.

Можеби има напредок во одредени сегменти и се прават напори секојдневно преку генетските истражувања. Но сепак е сетоа сеуште далеку од докажано, иако со вакво темпо на развој и откритија можеби и нема да помине многу време целосно да се докаже. Науката постојано се развива, сега за сега сеуште е рано за да се каже дека има конкретни докази. Добро би било да отркијат пошто ова прашање како и прашањето за воопшто постанокот на светот се одамна прашувани и неразрешени. Верувам дека еден ден ако не на нас тогаш на некое идно поколение одговорите, фактите и доказите ќе му се познати. Исто како што молњата пред 1000 години била казна, чудо од непознати сили, а нашите генерации го имаат и одговорот-произведена е и во лабораториски услови.
 
nie evoluorame sekoj mig....adaptacija koja se slucuva pri promena na uslovite a inaku za 2000 godini normalno deka nema da ima vooclivi razliki i deka imame eden predok i deka poteknuvame od hordatite primer e coveckiot embrion koj vsusnost lici slicno kako larva kaj insekt T.E ima slicni karakteristiki za potoa da se razvie i normalno da bide covek...interesno Rbetniot mozok vsusnost e horda:toe:
 
nie evoluorame sekoj mig
точно, преку постојани, за нас незабележливи модификации и забележливи мутации.
Зборот за овие теми ми беше дека ако слепо бараме доказ за потеклото на видовите, за Адам, за постанокот на универзумот и слично, во денешницата тешко нешто конкретно ќе добиеме како одговор. Сето тоа се тези, теории, претпоставки. Секако Дарвиновата теорија е најзадржана и најдолго се применува, но сепак доказ во смисол на она со молњата сега за сега нема. Не мислам со ова да се произведе диносаурус во лабораториски услови, но.. како човек си дозволувам да верувам во тоа за што се определувам, а тоа важи за сите. Со овие дискусии не може да се разреши ништо, ниту да се разубеди некој дека не е така. Како и во политиката, секој си има свој став, а ништо не е до крај докажано.

Чудно е за ова верување/неверување. Најсилната држава на денешницата на својата пара има ставено дека веруваат во Бог, зошто тогаш не му смета некому што не верува да ги земе тие пари во рака? Зошто воопшто стои таква реченица на банкнота на земја која предничи со технологија и современи измислици? Што знам, можда треба малку повеќе да веруваме па да ни тргне :toe:
 
Devil6 какви докази за еволуцијата има? Кај виде? Еве за 2000 години (откако знам за себе :smir:) дали некој вид е изменет во друг? Или за ова се потребни милијарди години? Макар мала мутација на цел вид (не збориме за подвидови субспециеси), не за единки.
Ништо не е докажано, нит ќе се докаже. Ниту Адам, ниту еволуција.

Тоа е исто како (во една друга тема спомнав) да барате доказ дали Господ го створил светот или биг бенг-големиот прасок. За да го докажете тоа физички
1. треба Господ во двор пред врата да го донесете
2. големиот прасок-големата експлозија да ја изведете во својата дневна соба.

Кој ќе ги изведе овие експерименти тој ќе победи.

Мислам дајте Дарвин, Адам...докажано... ништо не е докажано нит може да се докаже. Ве лажа комуњарите

А што е спрема тебе еволуција?
Се ми изгледа дека имаш погрешна престава за тоа, не си ја прочитал и разбрал теоријата.
 
Што му е важно на мудар човек што е вистина, тоа или тоа? Важна му е поуката, а не да се колне дали ова или она е вистина. :) Поуката е дека и во двата случаи се работи за еволуција на свеста, свесно спознание, самосвест. Патот кон рајот не може веќе наназад со губење на свеста туку само напред, кога на злото и доброто ќе гледаме со очи на сонце што подеднакво свети и на тие и на тие а и понатаму ќе знаеме што е добро и зло, но нема да судиме. Така пак ќе си станеме она што сме - продуховени невини деца. Оу јеа, јес бејби! :smir: :icon_mrgr
 
А што е спрема тебе еволуција?
Се ми изгледа дека имаш погрешна престава за тоа, не си ја прочитал и разбрал теоријата.
Не знам што е еволуција. Или можи не сум ја разбрал, можи до тоа ќе е. На што се должат тие еволутивни процеси, како еволуира еден вид во друг, дали преку подвид или директно... кои се тие фактори што влијаат на еволутивните процеси... колкав период е потребен за еволуирање на еден вид во друг. Дали варијациите се еволутивно нови единки, дали подвидовите се еволутивно нови единки и различни од подвидовите во рамките на видот, дали еден вид има варијации на подвид од друг вид и род, дали е варијација или само подвид...

Да јас најверојатно не сум ја разбрал, инаку толку е едноставна :toe:
 
Еволуција е одржување на постојното. Нема еволуција се додека не се сменат (битно) условите за живот. Ајкулите се исти како и пред милиони години а бактериите евалуирале и станале имуни на некои антибиотици во последните години. Значи нема некоја временска дистанца колку траи некоја еволуција, дали некој вид ќе еволуира или не. И човекот прави еволуции. Сите овие сорти на јаболка, круши, овци крави кучиња.. кои порано не постоеле, човекот ги создал заради свои потреби (подобар вкус повеќе плод, поинакво крзно, повеќе млеко поиздржливост на климатски промени). Еволуција не секогаш значи и напредок, земи ги човечката риба или кртот, тие имаа очи некогаш но кога се настаниле постојано во темни места без светло тие органи закржлавиле и станале бескорисни и мртви (како и слепото црево кај човекот). Значи се додека не се сменат условите на живот кој ќе го загрозат опстанокот на видот, нема ни да има еволуција. Нкои ќе останат исти милиони години (и стотици милиони) а некои ќе еволуираат за 100-200 години а многумина видови (најголемиот број) ќе изумрат поради промените пошто нема доволно брзо или ефикасно да еволуираат
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom