The`bItCh
AdJuStAbLe mAdNeSs
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 4.605
- Поени од реакции
- 114
Чкембе чорба на итал. начин
- 500 гр. наполу сварено чкембе
- 500 гр. прокељ
- 50 гр. чадена сланина
- 200 гр. праз
- 5 моркови
- 1 главица кромид
- 1 пар чадени колбаси
- корен и листови од целер
- свеж босилок
- рендано сирење
- 1 кафена лажица сув рузмарин
- 1 кафена лажица ким
- 3 домати
- 1 говедска коцка за супа
- 200 мл. црвено вино
- оцет
- масло за јадење
- сол и црн пипер
Наполу свареното чкембе на даската за сечење го сечкаме на парчиња. Празот го сечкаме на половина по должина, а потоа на парчиња. И морковите ги сечкаме на половина по должина, а потоа на полукругови. Главицата кромид ја сечкаме. Сланината ја сечкаме на коцки. Коренот од целер го сечкаме на парчиња. Листовите целер заедно со рачките ситно ги сечкаме. Доматите ги сечеме на половина. Им ги отстрануваме рачките. Потоа ги сечкаме на коцки.
Во тенџере ги ставаме парчињата чкембе. Во тенџерето налеваме вода. Го ставаме тенџерето на оган. На оган ставаме и тава за пржење. Во тавата ја ставаме исечканата сланина. Додаваме масло за јадење. Мешаме за време на пржењето. Откако сланината ќе се испржи во тавата го додаваме исечканиот кромид.
На оган ставаме уште едно тенџере и во него налеваме вода. Во тенџерето ја додаваме коцката да се вари супа. Откако кромидот ќе омекне во тавата ги додаваме сечканите моркови. Мешаме за време на пржењето. Во тавата ги додаваме и коренот од целер и исечканиот праз. Тенџерето со свареното чкембе го тргаме од оган. Содржината од тенџерето ја истураме во цедалка. Плакнеме со студена вода. Тавата ја тргаме од оган.
На оган ставаме тенџере и во него маслиново масло да се загрее. На загреаното масло го ставаме исцеденото чкембе да се пржи. По кратко време во тенџерето го додаваме прокељот. Ги додаваме и доматите. Колбасите ги сечкаме на коси кругови.
На даската за сечење кимот ситно го сечкаме. И рузмаринот ситно го сечкаме. И босилокот ситно го сечкаме. Содржината од тавата ја претураме во тенџерето на оган. Промешуваме. Со црпалка во тенџерето налеваме од супата од коцка. Посолуваме. Наросуваме мелен црн пипер. Во тенџерето го налеваме црвеното вино. Ги додаваме зачините и магдоносот. Оставаме да се вари еден час на тивок оган. Го тргаме тенџерето од оган. Со црпалка чкембе чорбата ја вадиме од тенџерето и ја ставаме во чинија. На чинијата ги сервираме и парчињата варен компир. Украсуваме со листови спанаќ. Врз чкембе чорбата наросуваме рендано сирење.