Чија е одговорноста?

  • Креатор на темата Креатор на темата Out Of Reality
  • Време на започнување Време на започнување

Што мислите кој е крив за ситуацијата во која што се напѓаме самиот Народ или Државата?

  • Државата

    Гласови: 13 20,6%
  • Народот

    Гласови: 50 79,4%

  • Вкупно гласачи
    63
За ова има одговор Џоле (а кој друг), во оригинал:

Путуј Европо, немој више чекати на нас.
Не питај много, доспећеш и ти на рђав глас.
Путуј плането, супер смо се дружили.
Нама је лепо, таман како смо заслужили.


:D
 
Ова како да прашуваш за кокошката или јајцето, нема еден и конечен одговор затоа што едното произлегува од другото и тешко да најдеш почеток или крај.

Власта произлегува од народот а тој ја бира значи народот има одговорност за тоа каква е власта.

Од друга страна пак најспособните имаат бубачки во глава дека со политика не треба да се замараат и им го препуштаат местото на оние кои ги интересира најчесто сопствено богатење па после се друго. Тие пак што се бават со политика се свесни дека тоа бара и одредени жртви па гледаат и да ќарат нешто повеќе.

Власта би требало да се грижи да го подобри и интелектуалниот капацитет на народот ама тоа не го прави за да не си ги загрози сопствените позиции што би значело и самата да се прилагоди на променетата свест на народот а тоа бара труд и време за што никој нема некој интерес.

Така да освен масовен влез на сите способни во политика макар и на кратко не гледам никаков излез во брзо време.

Самиот народ не е способен да се промени а авангарда која тоа би го направила нема, така да тоа што го рекол Платон ние го живеме во пракса (на цела земја).
 
Спорет мене народот е крив за ваквата положба на Македонија,многу луѓе кој што се способни ги мрзи да бараат работа, и има многу необразовани луѓе во нашата земја, па затоа државата презема соодветни мерки за оброзованието да стане задолжително како на пример рекламни спотови за упис на факултет и многу други работи.
 
Немајте гајле, наскоро сите ќе се иселат со Бугарски пасоши, па одговорноста ќе биде на пензионерите, циганите и камењата.
 
Сите сме криви. Убо рече Бубо у скечо долгометражен за Илинден. Не требаше Турците да ги избркаме
 
Народот е виновен. Можноста му се нуди веќе 20 години да ги смени нештата, а он одбива. Системот кој денес постои во државата е наша креација, никој не ни го наметна... Сами го избравме! И БЦ и НГ ги избравме ние, никој не ни ги прати. Ние сме народ кој сеуште трпи трауми од Турското ропство. 5 века да е биде под нечија окупација не е нормално. Ние сме свесни за тешката состојба во која се наоѓаме но стравуваме дека ако се побуниме може да биде полошо... Така било и во турско, така е и денес. За жал така ќе биде уште долго време во иднина.
 
мојата класна во средно на цел клас ни го рече ова:
За сопствениот неуспех прво обвинете се самите, а потоа некој друг.....
 
држава: апаш
народ: муви да лапаш ..

со секое доаѓање на нова власт, се поголеми стануваат ајдуците!
 
Најмногу народот е крив ама и државата исто така
 
Народот не може да биде крив затоа што е наивен и верува... Државата е крива затоа што не ги исполнува ветувањата итн.
 
Народот не може да биде крив затоа што е наивен и верува... Државата е крива затоа што не ги исполнува ветувањата итн.
Како да ги исполни ветувањата кога нема пари,само еден дел од ветувањата се исполнети.
 
Народот,треба да го дигне државата нагоре.Ама ние сме два миљона офци,а две три овчари имаме,што не владат.
Две три овчари што седат во парламент.,две три офчари играт со нас како сакат.
А ние после ќе зимаме пушки,ќе зимаме митралези да се бориме меѓусебе.
 
Никој не е крив за ништо.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom