Реактивација а?
Јас би дал еден поинаков осврт од наведување чисти никови... Форумскиот авторитет, во никој случај не се препознава по бројот на зеленките ниту по бројот на постовите. Има околу дузина (веројатно ни толку) форумски ликови, кои можам да ги сврстам во оваа категорија, тоа се луѓе кои кога ќе влезат во тема, и (пожелно) во дискусија е задоволство да се читаат, бидејќи тие не се (ова ќе биде конфликтна реченица) сериски броеви, тие размислуваат што ќе напишат и сносат одговорност за напишаното, а и најчесто нивните идеи, сфаќања и мислења се издржани. Сепак, најчесто тие и влегуваат во дуел, бидејќи за Абортус, има две вистини, како и за еутаназија или можеби за општествениот систем.
На пример, веќе години (за мене) ултимативен авторитет е
Bacillus Gagous, врз кој можеш да пишуваш семинарска работа на она што тој го кажува. Неговите мислења се проверени, тоа се факти, и тука нема многу мрдање, па на повеќето теми спротиставувањето е залудно.
Sussaro, суровото “копиле“ кое директно знае да те збоде онаму кај што треба и она кое сака да ти го докаже ќе го направи толку пластично што ќе ја смени онаа класична човечка особина на неразмислување, и ќе те натера да речеш, океј, грешам.
Ada, иако добро ја знаеме дека умее да менува ставови како бебе пелени, таа е човек кој непогрешливо ќе го состави она што сака да го каже, и проклето секогаш е во право. Ако се најде форумџија со неа во ситуација на конфронтација, тогаш најверојатно воопшто и не ја сфатил подлабоката нејзина поента. Проблем е што нејзините форумски мислења не се редовно нејзини, туку нашминкани за публиката, како риалити шоу, но ние ја гледаме Ада, не Инес.
Разиел. Малиот кине, како фристајл хип хоп артист, незадржлив е. Она што сака да го пласира на филозосфките теми го прави перфектно. Доза на интелигенција, доза на манипулација со публиката, и средено е. Одличното познавање на таргет групата му овозможува да продира лесно, пишување на висок стил ги освојува широките народни маси, против него не смее да се постира, бидејќи секој знае дека го чека плејада на зборови за гуглање. Форумски стравопочит имаат членовите кон него. Слично како
Мистичен, само што неговиот стил е прилично едноставен. Не дека тој не знае, но нема потреба, неговиот авторитет е стекнат врз основа на моќ, и на исправност. Авторитет се стекнува со добра работа, не само со веќе готова позиција. А неговите постови ако веќе ги има, пукаат од директност и реалност. Шанса за жалба нема.
Исто така, го имаме
Серпико. Е тука сме малку во зезната ситуација, наеднаш сите го видовме на Тв, делува чиновнички, го читаме со сериозни и наместа силни постови, има титула форумски администратор, тој е форумски авторитет. Кога се “бореше“ за таа позиција можеби и не беше толку убедлив, но сега, членовите знаат кој е Серпико.
И потоа има еден вид на авторитети “Б“... членови кои се редовни, кои пишуваат на различни теми, кои со своето појавување во темата навлекуваат читачи, а такви ги има повеќе. И сега, она што ме иритира страшно, е што младите и новите членови немаат чувство да го почитуваат е, што ќе се истепаат кој да напише не оставајќи им простор на овие “авторитети“ да ја поведат темата. Па добра тема пред да почне добра дискусија, има веќе 4 страни шљам. Но, претпоставувам тоа е цената на демократијата
