Честит Илинден!

  • Креатор на темата Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Војводо, имаш ли дрес од Шкендија (Тетовска) за менување? Нудам полу-запотен дрес од Беласица во замена.
За жалос иам само дрес од Вардар, од фудбалска и ракометна репрезентација (сите три ориѓинали!). Од Шкендија иам шал (у компле со капа, рукавици и гумени чизми). Ти фаќа око? Него, имаш ли ајвар домашен? Ако е малце и љут, одма праиме бизнис.
 
+1

И една интересна слика да не е се така темно :)
313293_4501594061599_155032932_n.jpg
Еј супер марио до гардисотот се слика:)
 
Вечна да си Македонијо!!
За инат на сите малодушници, за вечен спомен на хероите и среќа на идните поколенија.

Стиховите да бидат сетрајна вистина:
НАШИНСКА

Да ни е да сме доста
колку да се разбистри небото
над Бистрине, Корабине –

Да ни е да сме доволно
колку за да се довардиме
покрај Вардарине и Струмине –

Да ни е да сме мерата
колку да се прелееме
од колено во колено до кај истрајвекот –

Малцичка сме ли ете па што
малцичка божем а веќе со векови
по стопати по севезден нè пребројуваат

Но ние сме како што сте како што се
И покрај сè и покрај сè
колку сме толку сме токму сме!

Гане Тодоровски
 
Честит нека е Македонци, за многу години да е денов.
 
Честит празник Македонијо и за многу години да ни е !!!!
 
За жалос иам само дрес од Вардар, од фудбалска и ракометна репрезентација (сите три ориѓинали!). Од Шкендија иам шал (у компле со капа, рукавици и гумени чизми). Ти фаќа око? Него, имаш ли ајвар домашен? Ако е малце и љут, одма праиме бизнис.
Немам ајвар ама имам нешто многу подобро. Знам човек, кој знае човек, кој познава извесен Цветко од Патерсон, производител на љут македонски колбас, директно од неговиот подрум. ефдиеј, халал, кошер сертифицирано, и носител на јеменска плакета за квалитет.
А и еве есен иде, ќе извадам ќумбето надвор па ќе сварам и ајвар и лутенка.
--- надополнето: 3 август 2012 во 02:37 ---
Но ние сме како што сте како што се
И покрај сè и покрај сè
колку сме толку сме токму сме!

Леле, ова е длабока поезија. И извичник турил на крајот, страв во коски да им влезе на душманите! Еве и ја неколку ќе ставам тука!!!!!!!!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom