- Член од
- 19 март 2011
- Мислења
- 18.984
- Поени од реакции
- 40.197
По цена да бидам исплукан како предавник, сакам баш на денешен ден, и баш во оваа тема, да ви кажам што мислам за Македонија и Македонците.
Овие Македонци не ја заслужуваат Македонија. Еден куп разнебитени малограѓани, без никаква доблест и вредност. Малодушни, уплашени кукавици чија главна амбиција е да бидат вработени во државната администрација. Македонија во овој момент е само идеја, никако реализирана држава. Повеќе од една третина од државата е де факто надвор од контрола, а тие малку Македонци кои живеат таму сакаат да се иселат во Скопје. Се чудам каде заминаа тврдоглавоста и машкоста на еден Јане Сандански, или на Гоце Делчев, или дури и на еден Тодор Александров. Овие луѓе кои сега живеат на ова подрачје кое го нарекуваме Македонија никако не можат да бидат нивните наследници. Не можат ни толку да направат колку едно посрано не одење на одмор во Грција. Ситниот комфор и бедната полуграѓанска егзистенција е приоритет пред се друго...
Главниот град наликува на еден голем циркус, во кој не се знае ни кој пие ни кој плаќа. Економијата е на колена, а УЈП е единственото нешто што функционира во државата. На МТВ се проповедаат квази вредности, а менталитетот на народот е на нивото на турските серии. Идиотите од МПЦ продолжуваат да го дерат народот, и да го подлажуваат со идиотски чуда за малоумни.
Ова не е Македонија во која што сакам да живеам, ниту ова се луѓе какви што сакам да гледам.
Значи, среќен празник на идејата за Македонија, никако на овој куп подлизурковци кои за несреќа сега живеат овде.