Честит Илинден!

  • Креатор на темата Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
По цена да бидам исплукан како предавник, сакам баш на денешен ден, и баш во оваа тема, да ви кажам што мислам за Македонија и Македонците.

Овие Македонци не ја заслужуваат Македонија. Еден куп разнебитени малограѓани, без никаква доблест и вредност. Малодушни, уплашени кукавици чија главна амбиција е да бидат вработени во државната администрација. Македонија во овој момент е само идеја, никако реализирана држава. Повеќе од една третина од државата е де факто надвор од контрола, а тие малку Македонци кои живеат таму сакаат да се иселат во Скопје. Се чудам каде заминаа тврдоглавоста и машкоста на еден Јане Сандански, или на Гоце Делчев, или дури и на еден Тодор Александров. Овие луѓе кои сега живеат на ова подрачје кое го нарекуваме Македонија никако не можат да бидат нивните наследници. Не можат ни толку да направат колку едно посрано не одење на одмор во Грција. Ситниот комфор и бедната полуграѓанска егзистенција е приоритет пред се друго...

Главниот град наликува на еден голем циркус, во кој не се знае ни кој пие ни кој плаќа. Економијата е на колена, а УЈП е единственото нешто што функционира во државата. На МТВ се проповедаат квази вредности, а менталитетот на народот е на нивото на турските серии. Идиотите од МПЦ продолжуваат да го дерат народот, и да го подлажуваат со идиотски чуда за малоумни.

Ова не е Македонија во која што сакам да живеам, ниту ова се луѓе какви што сакам да гледам.

Значи, среќен празник на идејата за Македонија, никако на овој куп подлизурковци кои за несреќа сега живеат овде.
 
Ова не е Македонија во која што сакам да живеам, ниту ова се луѓе какви што сакам да гледам

Оти вака негатива бе? Дај малце оптимизам. Бар денес. Ај и ти дој со Сусаро на вечера. Ќе викнеме и поп да ни ја благослови трпезата, као шо е ред. :)
 
Баш денес треба да се каже ова. Да сфатиме дека со честитање празник и лажна солидарност никаде нема да стигнеме..
 
Шознам, може и поинаку да се гледа на работите. Пооптимистички. Честитање празник и релаксација воопшто не е лоша идеја. Бар за мене.
 
Фала, Сусаро, такуѓере. Бујрум на јагне & вино лежано. Ако не си за вино има две гајби ѕидарско што треба да се апсолвираат. На тераса више иам растегнато македонско знаме од оние стадионскине. Само ова е спешл едишн: отпорно на пљуканици и пикавци. Праено по нарачка, контра душмани.;)

Чисто за појаснување, Тапетарот се повикува на принципот на веледостојникот Џон Клиз-Хуморот не смее да трпи никакви цензури и бариери, при што исклучок не смее да претставува ни оној автоќефалниот односно на сопствена глава(од грчките авто-самостојна/сопствена и ќефала-глава) нарочито потенцирајќи го делот на оние мавачи во гради од една страна а бескичмењаци од друга. Мојот пост се однесуваше на оние зајадливи обиди на куртоните на секој педерски начин да се ситат на сите кои го слават празникот, дискредитирајќи ги народот и државата.

Многу ретко пијам пиво Петре, не ми прија на стомак, лежано вино (се надевам неоксидирано) може на следно видување.

Во отсуство на Крушево и Пелинце, ќе компензирам со Крушова и Пелинковец.
 
Не бе дечко, мојот пост немаше намера да биде зајадлив, особено не денес и не на твојот пост. Еве и извинување ако така прозвучи.
 
По цена да бидам исплукан како предавник, сакам баш на денешен ден, и баш во оваа тема, да ви кажам што мислам за Македонија и Македонците.

Овие Македонци не ја заслужуваат Македонија. Еден куп разнебитени малограѓани, без никаква доблест и вредност. Малодушни, уплашени кукавици чија главна амбиција е да бидат вработени во државната администрација. Македонија во овој момент е само идеја, никако реализирана држава. Повеќе од една третина од државата е де факто надвор од контрола, а тие малку Македонци кои живеат таму сакаат да се иселат во Скопје. Се чудам каде заминаа тврдоглавоста и машкоста на еден Јане Сандански, или на Гоце Делчев, или дури и на еден Тодор Александров. Овие луѓе кои сега живеат на ова подрачје кое го нарекуваме Македонија никако не можат да бидат нивните наследници. Не можат ни толку да направат колку едно посрано не одење на одмор во Грција. Ситниот комфор и бедната полуграѓанска егзистенција е приоритет пред се друго...

Главниот град наликува на еден голем циркус, во кој не се знае ни кој пие ни кој плаќа. Економијата е на колена, а УЈП е единственото нешто што функционира во државата. На МТВ се проповедаат квази вредности, а менталитетот на народот е на нивото на турските серии. Идиотите од МПЦ продолжуваат да го дерат народот, и да го подлажуваат со идиотски чуда за малоумни.

Ова не е Македонија во која што сакам да живеам, ниту ова се луѓе какви што сакам да гледам

Значи, среќен празник на идејата за Македонија, никако на овој куп подлизурковци кои за несреќа сега живеат овде.
Од овие причини несакав да пишам на темава, затоа што ќе навлечев гнев и негативна енергија.

Ама кога веќе сум тука, го делам истото мислење среќен празник на идејата за Македонија.
Толку.
 
Хм... значи вака, ние денес празнуваме два Илиндена, од кои преку вториот сме станале државотворен народ, за прв пат во историјата.

Тоа што денес сме стадо изгубени, исплашени и до кожа острижени овци, не значи дека не треба да им оддадеме почит на нашите предци лавови.
 
Не го омаловажувам она што го направил Ченто за Македонија,но да не биле Илинденците и да не покажеле дека се што треба за ослободување на нашата земја се потребни луѓе со јајца со колена,малихерка,нож,неколку бомби и срце лавовско во градите.
Денеска нема ништо од тоа,има само луѓе од корист што би ја продале државата за грст проклети пари.
 
Баниран од тема, заради wannabe хумор и иронија на тема која не е за тоа.

Инаку, нека е за многу години, вечно да го славиме. Еден од најбитните денови во македонската историја!
 
Од овие причини несакав да пишам на темава, затоа што ќе навлечев гнев и негативна енергија.

Ама кога веќе сум тука, го делам истото мислење среќен празник на идејата за Македонија.
Толку.

+1

И една интересна слика да не е се така темно :)
313293_4501594061599_155032932_n.jpg
 
Во Македонија патриотизмот и етничкиот идентитет се киднапирани од политички партии кои се обидуваат да прогласат копирајт на македонштината и македонскиот идентитет. Сето ова, заедно со мизерниот политички капацитет и катастрофални резултати на економски план, плус политички набилданиот турбопатриотизам ги одвраќа демократски настроените луѓе од државните симболи и воопшто ги прави цинични кон сопствената држава. Ова не е само македонски случај, вакви сценарија има насекаде.

Евтин популизам е бајата работа. Ама, од друга страна, многу луѓе кои не се етнички мумии (као на пример ја) имаат потреба да го изразат својот идентитет со знамиња, празници, адети, кулинарски специјалитети, фудбалски дресови, музика, етнографски артефакти, итн. Ја праам све ова по малце (али точено Скопско и ајвар можам да таманам во огромни количества). Илинден е добар повод за ова. Одличен.
 
Многу негативност се насобрало на темава...

Олабајте бе комити, кој слуша зона, пуштете си зона, кој пие скопско, земете си скопско, скаричка и опуштете се.

Нема потреба од тешки муабети на ваков ден.

Голем ден, среќен празник, и да не се заборави:

Евтин популизам е бајата работа. Ама, од друга страна, многу луѓе кои не се етнички мумии (као на пример ја) имаат потреба да го изразат својот идентитет со знамиња, празници, адети, кулинарски специјалитети, фудбалски дресови, музика, етнографски артефакти, итн. Ја праам све ова по малце (али точено Скопско и ајвар можам да таманам во огромни количества). Илинден е добар повод за ова. Одличен.
Војводо, имаш ли дрес од Шкендија (Тетовска) за менување? Нудам полу-запотен дрес од Беласица во замена.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom