- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Чешка ја призна Македонија под уставното име
Чешките власти донесоа одлука со која ја официјализираа досегашната пракса да и се обраќаат на Република Македонија под уставното име.
По тој повод, шефот на дипломатијата Никола Попоски упати писмо со благодарност до неговиот чешки колега Карел Шварценберг, во кое нагласува дека земјата високо ја цени принципиелната позиција и отворената поддршка што ја дава Чешка кон нашата земја од осамостојувањето.
Особено се поздравува поддршката во рамки на Европската унија за што поскоро започнување на преговорите за полноправно членство на Република Македонија во Унијата.
„Оваа одлука на чешките власти, претставува уште еден доказ за исклучително добрите односи меѓу Македонија и Чешка, и своевиден пријателски гест во насока на продлабочување на довербата и пријателството меѓу двете земји", велат од Министерството за надворешни работи. /крај/мф/ач
http://makfax.com.mk/303394/cheshka_ja_prizna_makedonija_pod_ustavnoto_ime
.