Интересна серија, одлично претставена хаваријата и објаснета/соџвакана за да можеме да разбереме како еден нуклеарен реактор работи и на кој начин се добива енергијата.
Второ, одлично се прикажани комунистичките системи, и целиот тој режим под кои живееле луѓето. Целите и интересите на партијата се ставани пред интересите на луѓето. Нешто што и ден денес кај нас го имаме.
Советите биле ептен забегани во тоа вечно да се докажуваат дека можат да се носат со западот, и дека дури се супериорни. Нешто што и денес Русите истото го прават, ама им проаѓа само кај Јанко Бачев фаци.
И последно Претседателот на Комунистичката партија на Белорусија, ти е role model за наш транзициски профитер, за комунистички директор на јавно претпријатие кој подоцна станува најголем националист, за све она што е труло во опшеството, за лик со "па не можам сегде да сигнам бе брат" муабети, со еден збор шурата на чичко Кумплуг од филмот Самоуништување.