Bojan Van Buuren
Колектор
- Член од
- 11 април 2008
- Мислења
- 8.394
- Поени од реакции
- 12.058
Една од подобрите, ако не и најдобра серија што сум ја гледал.
Не сум нуклеарен физичар и не се оптеретував многу со научните сцени во серијава, зошто колку и да гуглам за нуклеарната физика и Чернобил, никогаш нема да го сфатам тоа. Да ќе прочитам 3-4 факти околу тоа како функционира еден реактор и цело време тоа можам да го верглам, ама џабе е, зошто тој факт што ќе го верглам нема да го разберам, нема да разберам како тој факт влијае на една или на друга работа, зошто е тоа баш таков факт итн, итн. Затоа ми се многу интересни физичариве тука на форумов @Ryan Giggs се надевам нема пак да се караме
Ама начинот на кој е портретиран општествено политичкиот систем во Советскиот Сојуз
Систем базиран на „безгрешност“, страв, бирократија, лажни авторитети, сила... тоа е маестралното во серијава според мене. Белорусинот што е in charge now е супер пример за ова.
Верувам дека некои работи што се прикажани во серијава не биле ни малку така лесни. Легасов доби „одобрување“ од Горбачов да продолжи да збори дека не е експлозија на некој резервоар туку на јадрото, што нормално беше спротивно на се тоа што сите други до тогаш збореа. Ова некој да се осуди да го направи, мислам дека не било ни најмалку лесно како што е прикажано во серијава дека Легасов се изнервира и вика „шо ги ебам ќе им кажам ја“, баш поради тоа што целиот систем функционирал на некаква си војничка дисциплина.
Па и крајов на серијата одлично го портретира функционирањето на целиот систем.
Едноставно, одлична серија.