Челзи - Манчестер Јунајтед (Недела 17:00h)

  • Креатор на темата Креатор на темата Hellz Guardian
  • Време на започнување Време на започнување

Дербито ќе заврши со:


  • Вкупно гласачи
    170
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Браво за екипата која претендира да го кутне актуелниот шампион во Англија во утакмицата во која го згази директниот конкурент со прекрасна игра, повеќе шутеви на гол, повеќе посед и дури 0 корнери.
Џабе сакав да победи подобриот, а не посреќниот.

Ова се вика очај. Ах бе Дено :))

Криво ти е? Кој „кипа“ три бода денес? После 3 години ќе паметиш корнери, аути, фаули и дриблинзи? Ќе паметиш дека Џони Еванс го искрши на Дрогба и не доби црвен? Не бе, не! Ќе паметиме дека Челси победи со 1:0. Заслужено, море повеќе од заслужено.

Убаво е да се губи кога ќе се доминира, нели? Немој да ти вадам статистика како Ливерпул губел утакмици токму од „црвените ѓаволи“ после доминација, корнери и слични статистички податоци наклонети кон Ливерпул. Ама Манчестер секогаш победуваше на крајот (период 2003 - 2008).
Затоа, барем вие немојте да ми зборувате за бројки, за надмоќност и корнери. Нема смисла.
Сполајму на горнион, Челси тепаше. Манчестер си го поприми.

изгледа Митровден ви е малерозен. Лани на Митровден го попушивте од Арсенал со 2:1
 
Нервозата е лоша работа, па затоа јас сепак ќе ти помогнам.

Стриктно за денешниов натпревар, а? Бар јас, нигде не го видов Абрамович. :toe:
И така попатно, на заминување, можеби Манчестер изиграл најслабо, но Челзи изигра и најмизерно, и имаше најмизерни резултати во „големата четворка“.
Поздрав. :smir:

Изгледа си ги читате коментарите кои ви одговараат, па нека е така. Ако видиш поназад мои коментари, ќе видиш во каков контекст е поставено прашањето. Односно, ако сакаш да видиш.
Поздрав:smir:
 
Најверојатно за сити ако немаат доволно навивачка гордост
Знам еден таков „фан“ на Челзи.

Еден дедо од комшилаков вика: „Кој тепа, за него навивам! За што да се нервирам ако губи мојот тим, кога можам да се радувам!“:pos2:
 
Само the Carpenter ви е лекот вас плачковцие од гајчестер отакако ќе се јави тој сите замолчувате.
 
Ах шо немам видео, веселово друштво го честев тогаш, кога рекоа дека на забавена снимка гледаат како Браун ми се чини, или Еванс, го удрил Тери по јајца.
Кога се случи тоа, Челзи беше во напад, и кога Манчестер одзеде топка, тој уште лежеше. Ако некој има сериозен проблем, тоа е Фергусон, се надевам не здравствен, со момент на запазување на ситуации.
Единствен пат кога Ферги се пожали кај 4 судија беше кога Ешли Кол и Тери скокнаа во воздушен дуел и Валенсија паметно си се тргна, ако мислиш за тогаш дека некој му ги удрил јајцињата на Тери страшно се лажеш. Судијата ја прекина играта ОТКАКО ви ја одземавме топката и откако соиграчите на Тери нејкеа да ја исфрлат за да му се пружи помош. Ама ние ви ја земавме и вој свири и спречуе потенцијална контра. Факт е дека не тепавте ради повеќето среќа и помош од судиите. Али остануе на кармата да ве среди у некое полуфинале во иднина на кое ја искрено ке се радувам.
 
Кога не можеш да се радуваш на победа за твојот тим,тогаш ќе се радуваш на пораз на Челси..
Комплекси...
Како и да е,оди напиј се некое апче за смирување и утре дојди пак ќе прајме муабет.
 
Единствен пат кога Ферги се пожали кај 4 судија беше кога Ешли Кол и Тери скокнаа во воздушен дуел и Валенсија паметно си се тргна, ако мислиш за тогаш дека некој му ги удрил јајцињата на Тери страшно се лажеш. Судијата ја прекина играта ОТКАКО ви ја одземавме топката и откако соиграчите на Тери нејкеа да ја исфрлат за да му се пружи помош. Ама ние ви ја земавме и вој свири и спречуе потенцијална контра. Факт е дека не тепавте ради повеќето среќа и помош од судиите. Али остануе на кармата да ве среди у некое полуфинале во иднина на кое ја искрено ке се радувам.
Нема тука апостроф кај е-то од не, така да можамда кажам дека си во апсолутно право. НЕ Ве тепавме ради помошта од судиите....
 
Единствен пат кога Ферги се пожали кај 4 судија беше кога Ешли Кол и Тери скокнаа во воздушен дуел и Валенсија паметно си се тргна, ако мислиш за тогаш дека некој му ги удрил јајцињата на Тери страшно се лажеш. Судијата ја прекина играта ОТКАКО ви ја одземавме топката и откако соиграчите на Тери нејкеа да ја исфрлат за да му се пружи помош. Ама ние ви ја земавме и вој свири и спречуе потенцијална контра. Факт е дека не тепавте ради повеќето среќа и помош од судиите. Али остануе на кармата да ве среди у некое полуфинале во иднина на кое ја искрено ке се радувам.
Ќе барам видео за ова.
Ти само чекај и колни, можеби ќе те слушни Господ (ако пред тоа му прости на Еванс), твое право. :toe:
 
Типичен дерби натпревар помеѓу овие два тима,со многу дуели на средината,без многу шанси,и секако со уште помалку голови.
Тоа што го читав овдека на темава,од некои белосветски познавачи на фудбалот,тешко дека се оствари во пракса,т.е. на натпреваров.
Доминација на Челзи апсолутно немаше,чисти прилики за гол ич,ама и гол од прекин се брои нели,така да Челзи незаслужено си победи.Средниот ред на Челзи,кој патем речено е најсилната страна во тимот беше инфериорен,тука Сер Алекс добро тактички поставил,со стриктни чувари врз Лампард и Есиен.Јунајтед се обидуваше преку контри,имаше и убави прилики,пред се на Руни,ама јасно е дека му беше тешко и нему,со оглед на тоа дека немаше подршка во нападот,а и Гигс и Валенсија мораа да се враќаат многу назад за да покријат.Одбраната на Јунајтед не сум ја видел волку солидна одамна,не му даде да мрднат на напаѓачите на Челзи.Евра имаше многу фин настап,постојано напред-назад,и другите добро изиграа,тука нема дилема.
Факт е и дека,како и на некои од претходните дерби натпревари,и на овоа дерби имаше релативно слаба арбитража.За некои одлуки што беа донесени,а кои во најмала рака беа сомнителни,како исфрлањето во празно на Руни,а беше досудена офсајд позиција,иако тој беше најмалку во линија со Ешли Кол,а и играњето со рака на Лампард во последниот период од играта,Аткинсон требаше и мораше да реагира.
Но,ок. делегирањето на судии е работа на ФА,и таа треба да одлучува,а неретко и да санкционира.Јасно е и оти,на вакви дерби дуели,каде што играат два сосема изедначени тимови по квалитет,било каква лоша одлука одлучува за текот и резултатот на натпреварот.Аткинсон нема некој особен квалитет,лесно наседнува на притисок,и тоа секој познавач на англискиот фудбал може да го потврди.
Како и да е,Челзи извлече победа во уште еден дерби натпревар.Заслужено или не,тоа сега воопшто не е битно.Поважно е што сега,овој тим може да направи поопиплива предност,која секако не е ненадоместлива,со оглед на тоа што во вториот дел на првенството гостува,кај Манчестер и Ливерпул,па тоа е шансата на овие два тима за пејбек.
 
Ова се вика очај. Ах бе Дено :))

Криво ти е? Кој „кипа“ три бода денес? После 3 години ќе паметиш корнери, аути, фаули и дриблинзи? Ќе паметиш дека Џони Еванс го искрши на Дрогба и не доби црвен? Не бе, не! Ќе паметиме дека Челси победи со 1:0. Заслужено, море повеќе од заслужено.

Убаво е да се губи кога ќе се доминира, нели? Немој да ти вадам статистика како Ливерпул губел утакмици токму од „црвените ѓаволи“ после доминација, корнери и слични статистички податоци наклонети кон Ливерпул. Ама Манчестер секогаш победуваше на крајот (период 2003 - 2008).
Затоа, барем вие немојте да ми зборувате за бројки, за надмоќност и корнери. Нема смисла.
Сполајму на горнион, Челси тепаше. Манчестер си го поприми.

изгледа Митровден ви е малерозен. Лани на Митровден го попушивте од Арсенал со 2:1
Ке памтам нормално дека ке памтам како незаслужено не тепале. Али тоа е тоа не моеш против среќа, барем да беше заслужен поразот као со Ливерпул тиња шо изиграа, али воа е out of space.
 
Само the Carpenter ви е лекот вас плачковцие од гајчестер отакако ќе се јави тој сите замолчувате.

Да те поправам Манчестер Јунајтед е...зашто Гејчестер не постои екипа во Англија...е сега тоа што го мразете е друга работа...

Тhe Carpenter може ги замолчува другите ама мене не може....ама Deno^
е подобар од него.
 
среќен сум поради победата и 3 бода, играта крајно досадна и цврста.
не за друго вечерва со себап на челзи фамилијата ја носам на пица )))))))))))))))))
 
Типичен дерби натпревар помеѓу овие два тима,со многу дуели на средината,без многу шанси,и секако со уште помалку голови.
Тоа што го читав овдека на темава,од некои белосветски познавачи на фудбалот,тешко дека се оствари во пракса,т.е. на натпреваров.
Доминација на Челзи апсолутно немаше,чисти прилики за гол ич,ама и гол од прекин се брои нели,така да Челзи незаслужено си победи.Средниот ред на Челзи,кој патем речено е најсилната страна во тимот беше инфериорен,тука Сер Алекс добро тактички поставил,со стриктни чувари врз Лампард и Есиен.Јунајтед се обидуваше преку контри,имаше и убави прилики,пред се на Руни,ама јасно е дека му беше тешко и нему,со оглед на тоа дека немаше подршка во нападот,а и Гигс и Валенсија мораа да се враќаат многу назад за да покријат.Одбраната на Јунајтед не сум ја видел волку солидна одамна,не му даде да мрднат на напаѓачите на Челзи.Евра имаше многу фин настап,постојано напред-назад,и другите добро изиграа,тука нема дилема.
Факт е и дека,како и на некои од претходните дерби натпревари,и на овоа дерби имаше релативно слаба арбитража.За некои одлуки што беа донесени,а кои во најмала рака беа сомнителни,како исфрлањето во празно на Руни,а беше досудена офсајд позиција,иако тој беше најмалку во линија со Ешли Кол,а и играњето со рака на Лампард во последниот период од играта,Аткинсон требаше и мораше да реагира.
Но,ок. делегирањето на судии е работа на ФА,и таа треба да одлучува,а неретко и да санкционира.Јасно е и оти,на вакви дерби дуели,каде што играат два сосема изедначени тимови по квалитет,било каква лоша одлука одлучува за текот и резултатот на натпреварот.Аткинсон нема некој особен квалитет,лесно наседнува на притисок,и тоа секој познавач на англискиот фудбал може да го потврди.
Како и да е,Челзи извлече победа во уште еден дерби натпревар.Заслужено или не,тоа сега воопшто не е битно.Поважно е што сега,овој тим може да направи поопиплива предност,која секако не е ненадоместлива,со оглед на тоа што во вториот дел на првенството гостува,кај Манчестер и Ливерпул,па тоа е шансата на овие два тима за пејбек.

Само големо браво за коментаров. Реално и на место. :smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom