Челзи - Ливерпул 04.10.09

  • Креатор на темата Креатор на темата Kostic
  • Време на започнување Време на започнување

Ваше мислење за конечниот епилог ?

  • Победа на Челзи

    Гласови: 64 53,8%
  • Победа на Ливерпул

    Гласови: 31 26,1%
  • Нерешено

    Гласови: 24 20,2%

  • Вкупно гласачи
    119
Статус
Затворена за нови мислења.
Мислам дека сме во блага предност затоа што не бране Чех мој тип 0-1.:smir:
 
Да се играше минатата недела ќе речев дека Ливерпул ќе победи,ама сега не знам.Ама сепак мислам(сакам) нерешено ќе биде,двата тима се без нерешено досега па очекувам 0-0 или 1-1 да заврши.
 
Очекувам тврд меч 1 со сила 2 гола али ќе видиме во Недела...
и да нормално дека Челзи е мој фаворит за натпреварот и покрај послабите игри во последно време
 
Челзи ке се врати на победничките патеки...така да гласав за ПОБЕДА НА ЧЕЛЗИ...мој тип 2 - 1 .....:chelseafan::chelseafan2:
 
Ja mislam 3-te boda ke ostanat vo London...

Chelsea e vo podobra forma i poseduva podobar igracki kadar.

No sepak ova e futball i nisto ne se znae!!
 
Се надевам дека ќе гледаме добар фудбал, но би сакал да заврши нерешено (4-4:vozbuda:). Челзи се во добра форма, но Торес во уште подобра, па така ќе биде ептен неизвесно.
 
Ќе биде интересен натпревар ... моја прогноза е тесна победа на Челзи 2-1 :)
 
Како фан на Челзи нормално, очекувам победа на мојот тим, но ќе биде тешко. Баш ме интересира како Анчелоти ќе ја постави играта во можеби овој најголем натпревар за него до сега на клупата на Челзи. Ќе биде интересно, штета што Чех нема да брани, ама не е битно, ќе играме на гол повеќе од противникот:). Прогнозирам победа од 2-0 за Челзи.
 
Анчелоти не може да помине со еден кикс, без два до три последователни никогаш не бил, минатата изгубија, мислам дека ќе го изедат и сега.
После ќе им нема сопирање, ама дур сме овде ставајте станови зајмувајте пари-ова е двојката на колото!! : )
 
Еден од најважните натпревари и за двата клуба. Од овој натпревар можеби ке се решава и за пласманот на табелата. Затоа шо и двата клуба и немат баш некој импресивен старт.
Секако дека Ливерпул е во позавидна ситуација, со оглед на неочекуваните порази од Тотенхем и Астон Вила. Но сепак навивачки очекувам тоа брзо да се санира и заборави!
Челзи исто така не е во сјајна ситуација, веке го доживеа првиот пораз од Виган, со што и се докажа дека Анчелоти и не обрка премногу внимание на средината на теренот на Челзи, каде неговите претходници ја базираа играта токму на тој дел, каде се форсираа Лампард и Балак како главни двигатели на нивната игра!

Токму тука јас мислам дека ние ке имаме шанса!
Сите очекуваме Маскерано да заигра на овој натпревар, кој ни е и повеке од потребен, затоа што Лукас иако на последните натпревари се покажува како да на секој натпревар учи по некој нов чекор:kesa:, сепак мислам дека треба да го преседи овој натпревар на клупата.
Бенитез веке го слушнавме и прочитавме во некои интервјуа дека ке сме виделе еден нов Ливерпул. Дали тоа значи дека ке има некои битни промени во тимот????

Јас мислам дека НЕ. Сепак мислам дека Бенитез се обидуваше да каже дека ке биде само променет пристапот на игра на некој играчи (посебно одбраната), кој да бидам реален не се покажуваат во најдобро светло!

На овој наптревар мислам дека Џерард ке биде во линија со Маскерано, а Бенајун ке биде оној кој ке биде ветерот во грб за Торес.
Бенајун докажува дека може да игра на секоја од тие 3 позиции кои се наогаат позади Торес....... Па зошто тоа и да не го искористиме!!!!!

Мислам дека е редно време Ливерпул да покаже игра која ке ветува борба за титула.


Во секој случај кажав и ке повторам, од овој натпревар за овие две екипи ке се одлучува, понатамошниот тек на сезоната, барем ја така мислам:toe:.

Резултат..........!
Нормално ке кажам победа за Ливерпул!:vozbud:
Но за голови некако сите ме изненадува, шо мислат дека ке ги има малку.
Ја мислм обратно, дека ке ги има НАЈМАЛКУ 4.
Мислам дека ке се повтори последниот наптревар шо се одигра во лига на шампиони, но секако се еден гол помалку на Челзи, а може и два зошто да не!!!!:vozbud:

Нека ни е со среќа!!!:smir:
 
Као фан на Челзи очекувам победа на мојот клуб,али не се знае ќе биде утакмицата тврда и неизвесна а може и мал хендикепт за Челзи е и неиграњето на Чех,али се надевам Хиларио или Рос добро ќе ја завршат работат.
Моја прогноза 3-2!! :)
 
[zEUs];2970843 напиша:
Малце голови.
Малце добар фудбал.

Еден гол ќе падне само и тоа од прекин.
Се надеам дека ќе биде во мрежата на Челзи...
...но пак сеедно кај и да падне голот.

Ти видовит да не си?

Со оглед на тоа дека Ливерпул му е најнезгодниот противник на Челси во последните години,и дека дуелите измеѓу овие два тима биле секогаш интересни,неизвесни и со многу голови,мислам дека Челси ќе тепа,или пак нерешено..
После поразот од Виган,малце станав скептик во врска со овој натпревар,но довербата ми се врати со победата во Никозија..
Не верувам дека Анчелоти ќе дозволи Челси да загуби два натпревари по ред,и тоа вторава на домашен терен.
Како и да е очекувам интересен меч,со голови..и ај да речам со победа на Челси,иако ќе биде тешко.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom