За судиите веќе треба да сватиме дека е излишно да збориме. Катастрофа.
Утакмицава беше тапа. Ливерпул очигледно не помислуваше на победа, нормално кога ќе се укажеше некоја можност пробуваа нешто. Ама Челзи се испосра со иницијативата. Лампард беше тиква на натпреварот. Не знам дали една добра топка даде. И Џерард до душа не беше сјаен.
Мислам дека Далглиш си ја исполни целта. Најверојатно и таква беше замислата да се остави Челзи да си се матка со топката, а ние цврсто да си стоиме и да не дозволиме ништо посериозно. Челзи имаше преголема среќа што Макси е имбециликус неандрталикус, па на полувреме беше 0-0.
Иванович за мене е играч на натпреварот за Ливерпул. Комплетно изгубен беше назад, со главна цел да му смета на Чех. Одбраната на Ливерпул си беше доста стабилна, со исклучок на она невнимание на Шкртел само некаде во прво полувреме.
Како и да е, воопшто не очекував победа, некако пред натпреварот ме фати страв дека гадно ќе го јадеме, ама Далглиш можеби е чуден за сите други ама сам си знае што прави и што сака. Секоја чест на Меирелеш, донесе пребитни 3 бода за Ливерпул.