ChatGPT (OpenAI)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Една забелешка имам за ChatGPT што од такт ме вади и не знам како да направам да го елиминирам ова: кога прашувам нешто кое е глобално познато или за кое лесно може да се најдат онлајн податоци, прилично прецизно одговара. Но еве земи прашај нешто за Македонија, наместо да каже нешто во стил „не можам да најдам податоци за ова“, он измислува податоци кои не постојат и на таков начин прави да не можеш да му веруваш ни ако нешто точно ти одговори. Еве конкретен пример: на листата на романи кои учествувале во изборот за наградата „Роман на годината“ кај нас, за некои години ми фалат податоци кои романи го поминале првиот круг. Еве конкретно за 2004, ги имам сите романи кои учествувале, ама немам податок кои го минале првиот круг. И поставувам прашање надевајќи се дека ќе најде некоја онлајн архива од каде ќе откопа одговор. Он прилично сигурно ми одговара: Во втор круг поминаа романите... и измислува наслови. Не само наслови на романи, туку и имиња на непостоечки писатели. И му пишувам: „Кога нешто не можеш да пронајдеш онлајн, те молам одговори ми дека не може да се најде таков податок, не измислувај“ и пак му го поставувам истото прашање, и пак трокира, романи од друга година ги става во оваа... Со друг збор - хаос прави. Милион пати му посочувам дека не смее да измислува податоци, тој упорно пак го прави истото. Што да направам за кога одговара, а не знае нешто да ми каже дека не знае? Има некој трик, некој начин, не знам... Сега ова беше само пример, не ми треба мене конкретно за романите, генерално за се зборувам.

Имаш у сетинзи кастом сетингс, стави да не измислува работи доколку не може да најде.
 
у сетинзи у аппликацијата :kafence:
Џабе е, пак е исто, еве истото прашање, измислува податоци. Вториот роман е објавен во 2017, он ми вели дека учествувал во 2004.

1773590351940.png
 
Џабе е, пак е исто, еве истото прашање, измислува податоци. Вториот роман е објавен во 2017, он ми вели дека учествувал во 2004.

Прегледај го приврзокот 472258

Па не знам, такви се овие ботовиве халуцинатори претежно. Користи го гоогле за прецизно да најдеш.
 
Користи го гоогле за прецизно да најдеш.
Фала што ме просветли. Јас по архивите на Утрински, и дигитални и пишани не можам да најдам, Google да сум го користел. :D
 
Вака нешто?

Screenshot_20250110_155214_Chrome(1).jpg

Ова пробувам да го објаснам. АИ дава одговор на секое прашање, но АИ греши.
Ако си во познат контекст ќе препознаеш, ако не, го прифаќаш одговорот од АИ здраво за готово...
 
Фала што ме просветли. Јас по архивите на Утрински, и дигитални и пишани не можам да најдам, Google да сум го користел. :D
Па затоа и нема да најде, едноставно таа информација не постои никаде онлајн, па така неможе да ја скрејпне и да ти ја понуди, па затоа измислува
 
:pos: Братот мисли дека чат џипити има некои неоткриени информации
 
Па затоа и нема да најде, едноставно таа информација не постои никаде онлајн, па така неможе да ја скрејпне и да ти ја понуди, па затоа измислува
Ама јас не барам да ја најде информацијата ако ја нема. Прочитај погоре што пишав - ако ја нема информацијата, да ми каже дека ја нема информацијата, а не да ја измисли.
:pos: Братот мисли дека чат џипити има некои неоткриени информации
Ооо ти, експерту за секоја тема, ај врати се од почеток и прочитај што барам. Ваљда до толку можеш да резонираш.
 
пиши му дај ми линк каде да прочитам, тука веќе или ќе ти даде грешен или ќе ти рече немам
 
Вака нешто?

Прегледај го приврзокот 472259

Ова пробувам да го објаснам. АИ дава одговор на секое прашање, но АИ греши.
Ако си во познат контекст ќе препознаеш, ако не, го прифаќаш одговорот од АИ здраво за готово...
Вака ×1000. Мене дури и ми измислува непостоечки имиња и наслови. Еве баш да пробам и со музика и ќе споделам.
Автоматски споено мислење:

пиши му дај ми линк каде да прочитам, тука веќе или ќе ти даде грешен или ќе ти рече немам
Јас дури му ги кажувам точните информации (факти кои сум ги нашол, а он не може). Подолу се навраќам на нив и пак греши.
Автоматски споено мислење:

Еве исто, за музика:
Screenshot_20260315_174400_Chrome.jpg
Пејачка Мери Попова не постои. Владо Јаневски не ни пеел на Скопје фест 1999. Песна Да те видам пак - нема. Исто и Каролина - нити пеела, нити пак песна Сакам да летам - таква нема. Плус и Македонија не учествуваше на Евросонг 1999.

Screenshot_20260315_174704_Chrome.jpg
:pos: :pos: :pos:
 
Вака ×1000. Мене дури и ми измислува непостоечки имиња и наслови. Еве баш да пробам и со музика и ќе споделам.
Автоматски споено мислење:


Јас дури му ги кажувам точните информации (факти кои сум ги нашол, а он не може). Подолу се навраќам на нив и пак греши.
Автоматски споено мислење:

Еве исто, за музика:
Прегледај го приврзокот 472264
Пејачка Мери Попова не постои. Владо Јаневски не ни пеел на Скопје фест 1999. Песна Да те видам пак - нема. Исто и Каролина - нити пеела, нити пак песна Сакам да летам - таква нема. Плус и Македонија не учествуваше на Евросонг 1999.

Прегледај го приврзокот 472265
:pos: :pos: :pos:

Ај пробај со овој промпт и ќе видиш дека ќе ти даде тоа што треба

Кажи ми за скопје фест 1999, користи информации само од интернет, не измислувај факти

Благе везе немате да ги користите овие алатки :kafence:
 
Ама јас не барам да ја најде информацијата ако ја нема. Прочитај погоре што пишав - ако ја нема информацијата, да ми каже дека ја нема информацијата, а не да ја измисли.
Јас обично стручни прашања го прашувам. И додека има свежи податоци Ок е, а треба да се пребарува нешто, тапа. Да не е Редит, готов е :D
 
Баш заради ова ме курчи некој кога ќе каже ај баш да видиме на чет-џпт и тоа му е како доказ.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom