Каков само проблем во зачеток постои со ова глупостите, допрва ќе го видиме аиро. Наместо сам да размислуваш и да склопуваш посложени концепти, чат џпт ти ја врши работата, политичари веќе ретко да пишат нешто без да го користат, адвокати ти пуштаат документи, поднесоци напишани од чат џпт, тужби, жалби, не разбирам толку зависност од технологија ќе му се исушат мозоците на луѓето, како малце да беа социјалните мрежи и глупости на истаграм, тик ток, кратки видеа и слични изуми кои ги пасивизираат луѓето и ги прават зависни, сега оваа глупост ќе ги дотолчи, ќе гледаме зомбиња по улици, а и веќе гледаме со глајте нурнати во телефоните одат, слушалки в уши надвор се од реалниот свет.
Со ваквите апликации како ќе напредуваат и ќе се усовршуваат, ќе стигниме до точка на трпење на физичка болка ако има обид за сопствено размислување со сосптвена глава, до толку ќе сме зависни и покорни на технологијата. И не е ова случајно, постепено се вари жабата, од холивуд, филмови, гламури, оскари, па интернет, па социјални мрежи и сега со овие алатки не покоруваат и отуѓуваат едни од други и не прават роботи кои не размислуваат, ниту пак имаат емоција, туку делуваат по инстинкт и имаат автоматизирани реакции.
Избегнувајте ги глупостите колку можите, користа е многу помала од штетата.