Цезар Салата

  • Креатор на темата Креатор на темата PBaller
  • Време на започнување Време на започнување
Не јадам никакви салати:toe: Кога гледам некој како јаде салата исто ми е како да гледам коњи како пасат на ливада.
 
Линкот не работи, а баш сакав да видам како изгледа таа салата побарав на интернет и ми изгледа како доста сложена со многу намерници. Дај некој нека стави линк со вистинскиот рецепт, бидејќи најдов различни рецепти.
 
E, a сретнав некаде и рукола наместо марула, како и дека наместо кубетки купечки (на такви ми отиде умот) појако би било сам чоек да ги напрајт од леб, пропржен со финта :))
И не се става кашкавал, ами пармиџано.

Многу е убава во Енрико, незнам дали си ја пробала. Сосот е многу перверзен. И јбг, вреди за цената :) (за љуѓе со мерка, јас не спаѓам во нив) :)))

Оди во пабот на кеј Даблин мислам дека се вика и порачај Цезар,ќе се удавиш во неа :)
Ја спремаат со марула,пилешко,парчиња двопек,доматчиња,краставички,магодонос,рукола,сос и она во што се разликува ставаат парчиња печеница.Превкусна е и кошта 330 денари :)
По дома ја правам без печеница,а сосот ми е мајонез,павлака,капка оцет и капка коњак.
 
Вчера каква Цезар салата сум направила...Штом сама си се фалам, значи најубава што сум ја јадела. Место обичен леб или кубети, земав двопек, и го испржив во зејтинот од месото...А преливот беше феноменален со многу магдонос! Пак ми се пријадува кога ке ми текне!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom