Цени на горивото!

  • Креатор на темата Креатор на темата sanatorium
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
3 мај 2008
Мислења
601
Поени од реакции
7
еве отворив ваква тема за да пишуваме за измените во цените на горивото и истите да ги коментираме

Од вчера цените на горивото паднаа
НОВИ ЦЕНИ
1. Бензин 95-1л 57.5 ден
2.Бензин 98-1л 58.5 ден
3. Нафта -1л 54.5 ден

Редно време бесе да ги намалат ценит го соголеа народот
 
Море цените треба да дојдат на пола од тоа пред да се намалат на берзата се паднати кај нас не...
 
05.01.2009 15:14
Цените на бензините од ноќеска на полноќ ќе се намалат за 2,5 денари за литар, а на дизелот за 4 денари, објави Регулаторната комисија за енергетика.
Согласно најновите измени, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР-95 ќе биде 46 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР-98 ќе изнесува 47 денари за литар а МБ-96 ќе биде 49 денари за литар.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е ИВ) и на Екстра лесно масло за домаќинство-1 (ЕЛ-1) се намалуваат за 4, односно 3.5 денари за литар. Така цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е ИВ) ќе изнесува 39.5 денар за литар, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 29 денари за литар.
a1.com.mk

малце каснам со веста, ама убаво е да се информираме од сега на време =)))
 
05.01.2009 15:14
Цените на бензините од ноќеска на полноќ ќе се намалат за 2,5 денари за литар, а на дизелот за 4 денари, објави Регулаторната комисија за енергетика.
Согласно најновите измени, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР-95 ќе биде 46 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР-98 ќе изнесува 47 денари за литар а МБ-96 ќе биде 49 денари за литар.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е ИВ) и на Екстра лесно масло за домаќинство-1 (ЕЛ-1) се намалуваат за 4, односно 3.5 денари за литар. Така цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е ИВ) ќе изнесува 39.5 денар за литар, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 29 денари за литар.
А плинот воопшто не го намалија овој пат :raz:Запнале да му ја изедначат цената со онаа на бензините изгледа !
Баш ме интересира , дали регулаторната комисија ја одредува цената на плинот(ЛПГ) или не :nesum:
 
Вака е подобро се дише до некаде...
 
НАФТАТА ПОД 37 ДОЛАРИ ЗА БАРЕЛ

Цената на нафтата на берзата во Њујорк е под 37 долари за барел - најниско ниво во последните три недели, иако се појавија нови показатели за успорување на светскиот економски раст, кои резултираат со се полоши очекувања за побарувачка на тој енергенс.

Цената на американската „лесна“ нафта за терминска испорака во февруари денеска на Њујоршката трговска берза се намали за 1,15 долари, на 36,44 долари за барел, додека европската „брент“ нафта на Меѓународната берза во Лондон во исто време поевтини за 72 центи на 42,19 долари за барел.

Нафтата на берзата во Њујорк само минатата недела изгуби на вредност речиси 15 долари за барел и претпладнето достигна минимум од 36,10 долари за барел.

Тој енергенс моментно е 110 долари поевтин во однос на рекордната цена од 147,27 доалри за барел од јули.
 
Цената на плинот ја уредува Регулаторната комисија... Да. Ама цената на плинот не зависи од цената на нафтата. Што значи, се формира според онаа цена која ја има на берзата.

Додека се зголемуваше нафтата, и достигнуваше рекордни цени, плинот се зголеми минимално. Истото е сега, нафтата паѓа, а плинот се намали минимално.
 
Цената на плинот ја уредува Регулаторната комисија... Да.

Сепак не:

Вечер напиша:
Плинот на македонскиот пазар не се продава по регулирана цена што ја утврдува Регулаторната комисија за енергетика. Цената на плинот, покрај што е директно зависна од цената на суровата нафта, зависи и од нејзината понуда и побарувачка на пазарот.

цела статија (прва ја најдов за гуглање за цената на плинот кај нас :) ): http://www.vecer.com.mk/?ItemID=6A76402636219344AA56957F6C66A88E
 
Јас колку што гледам, статијава е стара 6-7 месеци (коментарите се од 7-ми месец 2008), па до нивната прогноза не дојде.....

И да не ја одредува регулаторната комисија цената, дефинитивно плинот не е поврзан со нафтата. Плинот е земен гас, кој како таков излегува од земјата.


Инаку највисоката цена која плинот ја достигна е 36 денари, а сега се продава за под 30 денари. (29 или 28 незнам точно)

Во исто време, највисоката цена на дизел горивото беше 70 денари, а сега се продава за 39.

Има зависност од цената на нафтата или не? Ако беа поврзани, кога се покачи нафтата, требаше и плинот да се зголеми за 100%.
 
Јас колку што гледам, статијава е стара 6-7 месеци (коментарите се од 7-ми месец 2008), па до нивната прогноза не дојде.....

И да не ја одредува регулаторната комисија цената, дефинитивно плинот не е поврзан со нафтата. Плинот е земен гас, кој како таков излегува од земјата.

Како што пишав... статијата ја искористив само затоа што беше прв линк на Гугл кој што го поткрепуваше моето тврдење дека цената не се одредува од регулаторна комисија. Другиот дел е тотално ирелевантен за дискусијава.
А... баш затоа што не е поврзана со нафтата, цената не ја одредува регулаторната комисија, чија задача е да ја регулира цената на нафтата и нафтените деривати. Логично, нели? :)
 
Да, во право си. Само незнам зошто е исклучок плинот, регултаторната ја одобрува цената на парното, цената на електричната енерија, цената на нафтата....

Ако поразмислиш подобро, останува само цената на плинот. А ако не ја регулира регулаторната тогаш останува на Га-Ма (увозникот на гас за Македонија) да одлучи колку ке тури маржа.
 
Цената на плинот ја уредува Регулаторната комисија... Да. Ама цената на плинот не зависи од цената на нафтата. Што значи, се формира според онаа цена која ја има на берзата.
Додека се зголемуваше нафтата, и достигнуваше рекордни цени, плинот се зголеми минимално. Истото е сега, нафтата паѓа, а плинот се намали минимално.
Значи , мене ме интересира оној плин што се става во автомобилите т.н. ТНГ (течно нафтен гас) , кој всушност е дериват на нафтата .Логично е кога паѓа цената на нафтата , да се намали и цената на ТНГ !
Барем така знам јас(така ми кажаа на бензиска) :toe:Само што овој муабет беше кога растеа цените на бензините , а сега кога паѓаат не важи а ? Пр. Бензинот се намали скоро за 50% , а плинот околу 30% !
 
Па и не е баш така... Горе долу цената на плинот не порасна кога раснеа цените на бензините. Колку што ме држи сеќавањето, плинот пред 1 година беше на истата цена колку што е сега, додека бензините беа повисоки. Потоа настапи покачување на горивата за 100%, а плинот остана на минимално покачување. Затоа и сега нема намалување.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom