Carlos Santana во Скопје на 10.07.09

  • Креатор на темата Креатор на темата reactive89
  • Време на започнување Време на започнување
Поради некои финанскиски проблеми и немање друштво за одење на Градски, ќе го слушам најверојатно од парк.
 
знае ли некој дали има уште карти и кај може да се купат ?
 
Вечер ќе биде закон...Bring it on..Имам ја карта за трева - запад . :)
Fenceh...
 
Го чекам другар ми да ме збере и да летаме накај СК.:)
 
Едноставно закон беше ... Се изнаигравме и изнаслушавме добра музика.
Иако картите ми беа за терен-запад сепак не пуштија од обезбедувањето во Fan Pit што сметам дека беше многу не фер за оние кој си имаа купено карти за него (750 денари разлика) , ама тоа е ... Македонска работа.
Не велам дека не ми одговараше.:back:
 
:drk::drk::drk:

Пауза, да се забришам.

:drk::drk::drk::drk::drk::drk::drk:

Совршенство и елеганција во движење, со слаб брк и ѓаволски вешта рака. Не очекував ни приближно вакво добро шоу, а најногу ме нарана моментот ко почна Smooth, цела Black Magic Woman, и Imagine од Џон Ленон исвирена на бас гитара, ко пеевме цела публика. Вредеше и дремењето пред стадион, и борбата за прв ред одма на ограда, и пијаната будала шо ја трпев зад мене, и двата бона шо ги оптегачив... Вредеше сфе! Можам комотно сеа да си починам без да се мисљам дал ќе се превршчам в гроб.
Нирваната е достигната, конечно. Одам да досредам импресии јас, ајчао.
 
Јас утре ќе се остам подетално на темава. Ќе ејакулирав за малце ама се задржав.
 
Едноставно закон беше ... Се изнаигравме и изнаслушавме добра музика.
Иако картите ми беа за терен-запад сепак не пуштија од обезбедувањето во Fan Pit што сметам дека беше многу не фер за оние кој си имаа купено карти за него (750 денари разлика) , ама тоа е ... Македонска работа.
Не велам дека не ми одговараше.:back:

Jaс за малку ќе ги шармирав со мојата ретардираност :pipi:
Но и така имав фан пит карта,единствено да побарав да се качам на сцена :pos2:Ех,среќлијо.
Едно ќе кажам- од сега па натаму живеам за концертни моменти,ништо друго.:vozbud: Звукот на гитарата која ти го прободува увото,еуфоријата која владее околу...непроценлива.
...па нека си чуваат другите парите за да си купат пар нови штиклички и блузички. :P Јас ќе трошам по концерти :pos:
На Оye como va мислев дека ќе полетам од среќа.
Мило ми е што беше испеана и Corazon espinado.:back:
Сантана беше вчудоневидувачки точен,во 9 и 3 мин јас веќе скокав на Into the night,се изненадив,мислев дека како секоја ѕвезда ќе доцни бла бла.
Задоволна сум и од околината која ме опкружуваше,сите си бевме погодени,различни генерации а сите сплотени од музиката на Сантана,еден крева раце,сите креваат,еден почнува да пее Imagine,и за моја среќа и задоволство,цела средина пее :) Колеги на место.
Прекрасно,главава ми пука после подетално ќе опишам како беше,ако успеам да доловам нешто така магично.:smir:

Danny Chambers цар.
 
Селскиве медиуми немаат никаква репортажа за настанов. Кои дегени еј.
Иначе прекрасно беше вчера. Толку убаво и весело, луге разиграни. Сантана факинг маестро, тој на конгите посебно ме воодушеви. Ах сакам пак.
Имаше луѓе од сите генерации, доказ дека неговата музика продира секаде. Па и кажа дека бил хипик и се залага за светски мир, мај кајнд оф гај.
Моментот беше кога ја засвири и Starway to Heaven, fucking awesome. Прекрасен концерт, криво треба да ви биде што не присуствувавте. Таков звук, таква перфекција многу ретко се слуша во живо.
 
Ево се прибрав и сеа ќе потраскажам тро. Каков спектакл чоече еј!!! Вредеше дремењето пред градски 3 сати пред почеток и денес да имат пак концерт во Скопје, пак би одел. После заземањето на првиот борбен ред, очекувавме каснење вообичаено за суперѕвездите но ме зачуди точноста на Carlos. Првиот хит шо го исвира беше Into The Night. На Foo Foo се создаде ептен јака атмосфера особено на Jump jump! делот, а за Maria Maria да не зборвам, не вервам да остана чоек на нозе горе на трибини, за нас долу да не зборвам:) После неколку инструменталки и ремек делото исвирено на бас, Imagine ја рече и Samba Pa Ti. Ауууу!!!!
Ги остаде Smooth и Corazon Espinado за на крај, кај шо не можев да се приберам ама ич! Уште сум блажено насмеан ко ќе ми текнит на вчерашното лудило. Ѕверој!

После концертот пијав вода и се вратив Охрид. Незаборавно искуство!
 

Еве некој што останал троа поприсебен за време на снимањето од вчера,и не скокал толку многу :) Гледајте што пропуштивте.
(многу јебозовен беше тој со брадичето да дополнам :))
 
Фантастичен коцерт! Нема да дрвам со детаљи, некои раскажале пред мене, многу ќе раскажуваат и после мојов пост, организација на место, дури и некоја минута предвреме почнаа, секоја чест! Поздрав до Аволонци.
 
Не бев на концертот дека пред се' не сум од Скопје, а и не сум некој голем фан на Сантана иако го почитувам како музичар (едвај знам 5-6 песни:kesa:), но од она што го видов по сајтовите денес и youtube клиповите, можам да заклучам дека ова било концерт на деценијата, беспрекорно организиран и реализиран, Браво за Сантана и неговиот бенд, за организаторите и за сите што бевте таму што допринесовте за убавата атмосфера:smir:
Се надевам дека Авалон ќе продолжи во иднина да носи познати светски ѕвезди од калибарот на Сантана, па можеби на некоја од нив ќе појдам и јас :wink:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom