Carlos Santana во Скопје на 10.07.09

  • Креатор на темата Креатор на темата reactive89
  • Време на започнување Време на започнување
Нормално дека ќе се оди, кога сестра ми плаќа за мојата VIP карта. :vozbud:
 
Ве информираме дека поради до сега незапаметениот интерес и огромниот притисок што постои на сите релевантни продажни места за “откривање” на цената на влезниците за концертот на Santana во Скопје донесовме одлука основната цена на влезниците да ја соопштиме веднаш.

Поголемиот број на влезни билети ќе биде по цена од 1.500 денари што е помалку од 25 евра и е убедливо најниска цена за влезен билет за било кој концерт од ваков тип во регионот.

Ќе има и поскапи влезници од 1.500 денари во таканаречените “фан пит” и “ложа” на јужната трибина, а ќе има и одреден дел на поефтини влезници.

Сите детали – денот на пуштање во продажба, точна цена и скалинг на влезниците, сите продажни места и слично ќе бидат објавени на 19ти мај на специјално за таа намена направена веб страна која ќе биде посветена исклучиво на овој голем настан.

од страницата на авалон продукција
 
Мајкоооооооооооооооооооооооооооооооооооо ...... Летово ке биде ЕБЕЊЕ !

Само уште во Август на Изгрев некој Мега ДЈ да донесат =)
pa isto avolon imaat najaveno deka ke nosat letovo nekoj opasen dj
 
Првите тонови од Samba pa ti и ја се растопив.:vozbud: Закон е човеков, го сакам од дете. Таму сум дефинитивно, а ќе направам се што можам да добијам и ВИП карта. Колку сака нека кошта, упм, еднаш се живее.
 
pa isto avolon imaat najaveno deka ke nosat letovo nekoj opasen dj

малку :oftopic:


Авалон најверојатно кон крајот на годинава повторно ке го донесат Mr.PAUL VAN DYK the one and only,со настап на Music Discovery Project..еве линк за видеото симнете си го нема да зажалите.

Идеме сеа онтопик.:smir:

на карлито ке биде многу многу опасно осекам.:vozbud::vozbud::vozbud:

Edit by Tonchie: Пиратерија не е дозволена на форумов.
 
Скапо е 1500 :nesum: .
Ама за Карлос вреди . :)
 
Скапо е 1500 :nesum: .
Ама за Карлос вреди . :)


Шо скапо бе!?:toe:
У мочаниот колосеум знаат да наплаќаат карта од 500 денари за некои диџеи пробисвети со фенси имиња...:)
Не можам ни да замислам какво е чувството на стадионски концерт...башка Сантана (ако ја откорне I love you much too much ќе рикам).
I'm there dude!:vozbud:
 
Скапо е 1500 :nesum: .
Ама за Карлос вреди . :)

Точно скапо е. Стадион е тоа, собира 20.000 луѓе што значи дека ќе има голем прилив на средства од карти, а за спонзори да не зборувам. Според мене 1000 би била идеална цена. :)
 
Ма ај не ме зезај за едни никакви ставаат карти од по 1000 денара за сантана најдовте да зборите дека било скапо 1500 денара... на кој му е скапо нека кисне во парк, ама на стадион ќе си биде феноменално... многу ќе си пропуштите тие шо нема да дојдете... еднаш во живот се дешава вакво нешто... мислам оти вреди да дадам дури и 5000 денара за него... зашто знам оти нема после овој настан пак да го донесат и да го гледам... еднаш во живот ќе го гледам и ќе ми остави трага во сеќавањето... плус ако бидам со личностите кои највеќе ми значат... најубаво од преубавото ќе си поминам... а дефинитивно ќе ми биде еден ден од прекрасните кои ќе ги паметам целиот мој живот...:pipi:
 
Скапо било... афафаф мафафаф. И на крај сите ќе се нацртате на стадион. Реков јас и миљон да е картата од сабајле сум таму.:)
 
Скапо било... афафаф мафафаф. И на крај сите ќе се нацртате на стадион. Реков јас и миљон да е картата од сабајле сум таму.:)

Баш напротив. Сеа сите се фураат ке идат сигурно ова она и на крај повеќето ке седат у парк по тревите.
 
Баш напротив. Сеа сите се фураат ке идат сигурно ова она и на крај повеќето ке седат у парк по тревите.

да беше до 1000 ќе идевме ја, мрно и компанија ама сега вака изгледа ќе го биде ова шо го пиша ти
 
Ја цела година на себе не можам од Kravitz да си дојдам :) А од Сантана ќе треба да ме сместат во музичка лудница :) :)
Одам бе никој не шишам,а и не верувам дека картите ќе бидат нешто ептен ептен скапо затоа што не оди во прилог. А и Сантана е запознаен со рецесијата :pos2:

Како и да е....таму. И прв ред. ! :) се заебав за Кравиц,сеа не се заебувам. Трибина јок,само што поблизу,ушите да ми пукнат,срцето да ми излезе,адреналин 100ка,прслук пука !!! :)

Јас се зафркнав не ни отидов на Кравиц, мислам дека ќе ми биде жал засекогаш. Тоа значи дека Сантана ама во никој случај не го пропуштам ма колку сака нека биде и карта, и пат и се`.....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom